СветОгромен пожар во познато летувалиште- загина италијанска туристка, 1.700 туристи се евакуирани (ВИДЕО)Во голем пожар што зафати хотел во популарното доминиканско одморалиште Бахахиба загина една туристка од Италија и принуди евакуација на речиси 1.700 туристи, соопштија локалните власти.Во официјалното соопштение од службата за итни случаи DAEH се вели дека Франческа Валентино, 46-годишна италијанска државјанка, загинала во пожарот во хотелот „Вива Виндам Доминикус Бич“. Според службата, три лица се однесени во медицински установи, додека шест други се згрижени на лице место, а меѓу повредените има гости, посетители и спасувачи, објави Си-Ен-Ен. Видеата емитувани од локалните медиуми прикажуваат драматични сцени од карипскиот брег, каде што густи облаци од црн чад се издигаат над плажата додека пламените јазици целосно го зафаќаат сламениот покрив на одморалиштето. Центарот за итни ситуации (COE) соопшти дека пожарот се шири со огромна брзина. - Прелиминарните набљудувања покажуваат дека пожарот се проширил брзо поради запаливоста на конструкциите на покривот од палми, како и ветерот - се вели во соопштението на COE. View this post on Instagram A post shared by CBS Evening News (@cbseveningnews) „Виндам Хотели енд Ресортс“, кој поседува франшиза за околу 8.400 хотели низ целиот свет, не одговори веднаш на барањето за коментар. Локалните власти потврдија дека пожарот оттогаш е ставен под контрола, но дека точната причина за пожарот сè уште е под истрага. Сите евакуирани гости веднаш беа преместени во блиските хотели, а беше нагласено дека соседниот хотел „Вида Виндам Доминикус Палас“, кој припаѓа на истиот синџир, не претрпел никаква штета. И покрај сериозноста на инцидентот, властите ја уверуваат јавноста дека нема потреба од паника и дека одморот за другите посетители продолжува без прекин. „Туристичките активности во Баџаџибе и околината остануваат ненарушени и продолжуваат да работат безбедно и нормално“, додаде Центарот за вонредни ситуации. Доминиканската Република е позната по своите кристално чисти води и бели песочни плажи, што ја прави водечка туристичка дестинација на Карибите. Популарноста на овој рај се докажува со фактот дека само во првите пет месеци од оваа година се регистрирани околу 5,6 милиони посетители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаССМ: Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 68 654,00 денариВредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2026 година изнесува 68 654,00 денари.Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2026 година изнесува 68 654,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 год. која изнесува 68 742,00 денари е намалена за 88,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јуни изнесува 84 024,00 денари, објави ССМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито!Баналните оправдувања и очајните обиди да се релативизира одлуката со која се враќаат имиња од југословенскиот период на улиците, плоштадите и мостовите во Тетово, зборуваат повеќе од која било јавна изјава на ВЛЕН.Некој може да има носталгија кон Јосип Броз Тито. Некој можеби му посветувал пофални песни и бил наградуван за тоа. Тоа е прашање на лични убедувања. Но носталгијата за Тито треба да остане во личните албуми, а не на таблите со имињата на улиците во Тетово. Тетово не е сопственост на носталгичарите по Југославија. Тетово е град со свој идентитет, своја историја, свои личности и свои вредности. Имиња како Илирида, Дервиш Цара, Kongresi i Manastirit и други личности и настани од албанската историја не можат да бидат заменети со симболи на едно минато време кое Албанците одамна го надминале. Позагрижувачка од самата одлука е тишината на ВЛЕН. Тие што денес управуваат со Тетово и имаат свои претставници во Владата не можат да се кријат зад процедурални оправдувања. Граѓаните заслужуваат јасни одговори. Затоа, јавно му ги поставуваме следните прашања на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами: * Дали Општина Тетово била контактирана од Уставниот суд во врска со овој предмет? * Кој бил официјалниот став на општината во текот на постапката? * Дали имало официјална или неофицијална комуникација со Уставниот суд? * Каква била улогата на претставниците на ВЛЕН во Владата? * Каков став зазела Владата пред Уставниот суд во однос на имињата усвоени во 2007 година? Албанците во Тетово имаат право да знаат кој молчел, кој се согласил и кој дозволил идентитетот на градот да биде ставен на удар. Не ги потценувајте граѓаните. Не ја сметајте нивната трпеливост за слабост. Тетово нема да се врати во времето на Маршал Тито, а Албанците нема тивко да прифатат укинување на своите достигнувања. И трпението има граници, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народФилипче со месеци испраќа сигнали и пораки во јавноста дека е подготвен на нова национална отстапка, што е уште една потврда дека СДС и Филипче, би направилe се за да дојде на власт.Филипче размислува исто како Заев, да потпише се што ќе му биде ставено на маса. Токму тие бланко-листови што ги потпишуваа додека беа на власт ја доведоа Македонија во позицијата во која се наоѓа денес. За Филипче не постои ниту една црвена линија, ниту за јазикот, ниту за идентитетот, ниту за кое било друго национално прашање. Со месеци му се додворуваше на Румен Радев, а без двоумење би потпишал и уставни измени со кои Бугарите би биле внесени во Уставот. Иако тој тврди, дека македонскиот идентитет не е загрозен од бугарските ултиматуми, официјалните бугарски ставови се дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја и дека македонските револуционери кои се бореле за независна Македонија биле Бугари. Оттука е јасно дека на Филипче не му претставува проблем македонските револуционери да бидат прогласени за Бугари, затоа што очигледно нема ништо заедничко со нивните идеали и се залага за обезличена Македонија. СДС дојде на власт со ветувања за европско здравство и економски просперитет, но ниту едно од тие ветувања не беше исполнето. Наместо тоа, додека беа на власт се луксузираа на грбот на народот. Тесниот круг околу СДС ги полнеше сопствените џебови, додека државата беше оставена да пропаѓа. И актуелното раководство на СДС и Филипче, ги следат скандали позади нив поврзани со јавни набавки, со купување медиуми, со надворешна политика базирана на тргување со националниот идентитет. Поради ваквите ставови и политики, СДС неколкупати доживеа катастрофален пораз на неколку последователни избори во земјава. Филипче се бори за туѓи агенди и му се додворува на Радев затоа што нема поддршка од македонскиот народ. Македонските граѓани не се со кратка меморија и добро се сеќаваат како СДС, додека беше на власт, се пазареше со националните интереси. Затоа Филипче се обидува да дојде на власт преку прифаќање нова национална отстапка и потпишување нов бланко-лист, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter