СветОгромен пожар во познато летувалиште- загина италијанска туристка, 1.700 туристи се евакуирани (ВИДЕО)Во голем пожар што зафати хотел во популарното доминиканско одморалиште Бахахиба загина една туристка од Италија и принуди евакуација на речиси 1.700 туристи, соопштија локалните власти.Во официјалното соопштение од службата за итни случаи DAEH се вели дека Франческа Валентино, 46-годишна италијанска државјанка, загинала во пожарот во хотелот „Вива Виндам Доминикус Бич“. Според службата, три лица се однесени во медицински установи, додека шест други се згрижени на лице место, а меѓу повредените има гости, посетители и спасувачи, објави Си-Ен-Ен. Видеата емитувани од локалните медиуми прикажуваат драматични сцени од карипскиот брег, каде што густи облаци од црн чад се издигаат над плажата додека пламените јазици целосно го зафаќаат сламениот покрив на одморалиштето. Центарот за итни ситуации (COE) соопшти дека пожарот се шири со огромна брзина. - Прелиминарните набљудувања покажуваат дека пожарот се проширил брзо поради запаливоста на конструкциите на покривот од палми, како и ветерот - се вели во соопштението на COE. View this post on Instagram A post shared by CBS Evening News (@cbseveningnews) „Виндам Хотели енд Ресортс“, кој поседува франшиза за околу 8.400 хотели низ целиот свет, не одговори веднаш на барањето за коментар. Локалните власти потврдија дека пожарот оттогаш е ставен под контрола, но дека точната причина за пожарот сè уште е под истрага. Сите евакуирани гости веднаш беа преместени во блиските хотели, а беше нагласено дека соседниот хотел „Вида Виндам Доминикус Палас“, кој припаѓа на истиот синџир, не претрпел никаква штета. И покрај сериозноста на инцидентот, властите ја уверуваат јавноста дека нема потреба од паника и дека одморот за другите посетители продолжува без прекин. „Туристичките активности во Баџаџибе и околината остануваат ненарушени и продолжуваат да работат безбедно и нормално“, додаде Центарот за вонредни ситуации. Доминиканската Република е позната по своите кристално чисти води и бели песочни плажи, што ја прави водечка туристичка дестинација на Карибите. Популарноста на овој рај се докажува со фактот дека само во првите пет месеци од оваа година се регистрирани околу 5,6 милиони посетители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева.Пионерите на транс музиката, диџеите Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на празникот 2 август-Илинден во Битола, а завршува на денот на независноста, 8 септември во Скопје. Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центриНема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри – уверува минситерот за дигитализација Стефан Андоновски.Според него, се размислува дата-центрите да бидат лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони, на места каде што веќе има постоечки фабрики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСистемот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во текот на летниот пикСистемот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во привременото суспендирање на собирањето биометриски податоци на оптоварените гранични премини во пикот на летниот период, велат од Европската комисија. Сепак, засега нема дефинитивен одговор дали оваа флексибилност ќе продолжи и после септември. -Сегашните правила веќе вклучуваат некои вградени флексибилности и резервни процедури, за решавање на исклучителни ситуации. Значи, ова вклучува можност во некои случаи привремено да се суспендира регистрацијата на биометриски податоци во случај на, повторно, исклучителни околности во текот на летото. Значи, сега сме во близок и конструктивен контакт со тие земји-членки, оние кои можеби исто така се осврнале на некои загрижености, за да видиме каде се предизвиците на одредени гранични премини,- -Гијом Мерсие, портпарол на Европската комисија . Во меѓувреме, во екот на летните одмори, официјалната статистичка канцеларија на Европската Унија – Евростат објави извештај за 2025та година со процентот на граѓани во ЕУ земјите кои не можат да си дозволат да отпатуваат на еднонеделен годишен одмор надвор од дома. На врвот на листата се Романија со дури 61,4% на жители а по неа следат жителите на популарната туристичка дестинација - Грција со 46,6 %, додека третото место го делат граѓаните на соседна Бугарија но и Унгарија со 39,1% од нивните жители. Најмал процент на граѓани кои не можат да си дозволат годишен одмор се бележи во Луксембург со 10,6 проценти. Последните статистики на Евростат на оваа тема за Македонија се од 2024та кога 48% од македонски граѓани биле во неможност да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Сепак, во последните 10 години овој процент бележи континуиран пад, односно во 2016та тој изнесувал 65,3% од жителите на државава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00