3Инцидентот на Ќафасан ја бранува јавноста: ВЛЕН ја обвинува ДУИ, македонското МНР на средба со албанската амбасада
МакедонијаДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито!Баналните оправдувања и очајните обиди да се релативизира одлуката со која се враќаат имиња од југословенскиот период на улиците, плоштадите и мостовите во Тетово, зборуваат повеќе од која било јавна изјава на ВЛЕН.Некој може да има носталгија кон Јосип Броз Тито. Некој можеби му посветувал пофални песни и бил наградуван за тоа. Тоа е прашање на лични убедувања. Но носталгијата за Тито треба да остане во личните албуми, а не на таблите со имињата на улиците во Тетово. Тетово не е сопственост на носталгичарите по Југославија. Тетово е град со свој идентитет, своја историја, свои личности и свои вредности. Имиња како Илирида, Дервиш Цара, Kongresi i Manastirit и други личности и настани од албанската историја не можат да бидат заменети со симболи на едно минато време кое Албанците одамна го надминале. Позагрижувачка од самата одлука е тишината на ВЛЕН. Тие што денес управуваат со Тетово и имаат свои претставници во Владата не можат да се кријат зад процедурални оправдувања. Граѓаните заслужуваат јасни одговори. Затоа, јавно му ги поставуваме следните прашања на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами: * Дали Општина Тетово била контактирана од Уставниот суд во врска со овој предмет? * Кој бил официјалниот став на општината во текот на постапката? * Дали имало официјална или неофицијална комуникација со Уставниот суд? * Каква била улогата на претставниците на ВЛЕН во Владата? * Каков став зазела Владата пред Уставниот суд во однос на имињата усвоени во 2007 година? Албанците во Тетово имаат право да знаат кој молчел, кој се согласил и кој дозволил идентитетот на градот да биде ставен на удар. Не ги потценувајте граѓаните. Не ја сметајте нивната трпеливост за слабост. Тетово нема да се врати во времето на Маршал Тито, а Албанците нема тивко да прифатат укинување на своите достигнувања. И трпението има граници, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПостроги правила во студентските домови: Се воведуваат казни и старосна граница до 30 годиниДодека илјадници матуранти стравувале дали ќе дојдат до соба во студентските домови, т.н. студенти на хартија успевале да го изиграат законот и да живеат во студентски дом по поволна цена. Имало и случаи кога 40 годишници цела деценија престојувале во собите, откако претходно запишувале година, без дипломата да им биде приоритет, туку да добијат струја, греење и три оброци дневно - сето за 3400 денари. МОН најави, во домовите веќе нема да смее да престојува некој над 30 години. -Сега домовите се празни, но кога студентите ќе се вратат од 1ви октомври ќе ги пречекаат поригорозни правила, уредени со закон. Освен построгата контрола кој ќе добие соба, поригорозно ќе се спроведуаат и веќе постоечките правила. Меѓудругото, за внесување на алкохол и наркотици во објектите, уништување на инвентарот, како и агресивно и насилно однесување. Оние кои што ќе ги сторат овие прекршоци ќе се соочат со последици, а ќе треба да си бараат и приватно сместување. Ресорната министерката – Јаневска порача, одговорност ќе има и кај менаџментот домовите доколку законот не се почитува. -Забрана за време од една до пет години за сместување во студентските домови за студенти кои ќе сторат кои ќе сторат потешки повреди на куќниот ред, на што мислиме: Ќе направат штета на инвентарот, ќе бидат фатени со алкохол и други супстанци или доколку се констатира навредливо, заканувачко, агресивно или насилно однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација. - Весна Јаневска – Министерка за образование Од студентското собрание велат дека редот е неопходен во студентските домови, особено во делот на безбедноста и мирот, па треба да има и пропорционални санкции. Од студентските платформи пак побараа да нема селективност во процесите, а одговорност да има и кај институциите кога условите се под достоинството. -Целта не треба да биде само казнување, туку превенција и создавање кај студентите, затоа сметаме дека е важно секој случај да се разгледува индивидуално и да постојат јасни критериуми за изрекување на санкциите.- Ангела Василевска – Претседателка на УСС-УКИМ -Сега имаме законски измени кои уредуваат како ќе се казнуваат студентите кога не ги почитуваат правилата во студентскиот дом, тоа е во ред и тоа си стои, но што правиме кога институциите, односно другата страна не го почитува достоинството на студентите. Само во изминативе шест месеци добивме стотици пријави за најразлични предизвици во студентските домови, појава на лебарки, глобари, немање топла вода.- Гоше Николов – Студентска платформа „Студентарија“ Директорот на Државниот студентски дом – Скопје, Александар Каровски, за Канал 5 вели дека внесувањето на недозволени работи биле и досега строго контролирани, а очекува со новиот закон да се надмине проблемот кога студентите кои добиле соба, истата ја издавале на трети лица за повеќе пари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо Тетово и во Чаир: Се покренува иницијатива за улици со имиња на борци од УЧКЌе има ли повторно преименување на улици со имиња на борци од УЧК, овој пат во Чаир, откако советот на општината прифатил таква иницијатива на последната седница на општината, подесена од советниците на ДУИ. Ќе има ли повторно преименување на улици со имиња на борци од УЧК, овој пат во Чаир, откако советот на општината прифатил таква иницијатива на последната седница на општината, подесена од советниците на ДУИ. Станува збор за улиците „Јаја Паша“ и „Фљака е Влазримит“ кои се бара да бидат преименувани во „Командант Тели“ и „Зеќирија Хасани“. Од општина Чаир за Канал 5 велат дека станува збор за предлог одлука, а не за конечно решение.. Дали притоа имало и Бадинтерово мнзоинство, како што предвидува законот, одговор нема.. -Тоа не претставува одлука за преименување на улиците. Одлука за промена на имињата ќе биде предмет на понатамошна постапка и ќе се донесе согласно законските процедури и сите предвидени фази. - велат од општината. Прашањето за преименувањето на улиците, стана актуелно откако Устваниот суд одлучи за ја поништи одлуката на општина Тетово од 2007 година, бидејќи била донесена без согласност од Владата. Во моментот по барање на ДУИ во општината Тетово тече постапка за враќање на старите имиња на улиците и плоштадот. За ваквиот предлог општинскиот совет треба да расправа в понеделник, а според законските одредби доколку предлог-одлуката на ДУИ биде прифатена и изгласана, Советот на Општина Тетово треба да се распушти и да има нов избор. „Процесот за именување улици треба да биде демократски и во согласност со Уставот и законот. Предлог-одлуката, која е предложена од ДУИ, е во финална фаза. Откога ќе се поминат сите дебати, предлози од граѓаните според законот и да се помине и во Владата да се даде согласност и после се доаѓа до одлуката, која сега е предложена од ДУИ. Ако се оди со таа одлука и Советот и советниците одлучија да ја прифатат автоматски, според некои наши согледување и од експертите од правната фела, кажуваат дека Советот автоматски оди на реизбор“, рече Касами. Одлуката на уставен, ДУИ ја искористи и да органзира протести во Тетово, а нов марш најавуваат за утре. Касами вели дека станува збор за полтиички протет, бидејќи во општината веќе тече постапка за именување на повеќе од 200 улици, за што е формирана и комисија која треба да стави крај на овој долгогодишен проблем со неименувани улици во Тетово. Од вкупно 297 улици во оваа општина, само 81 имаат официјални имиња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаИнцидентот на Ќафасан ја бранува јавноста: ВЛЕН ја обвинува ДУИ, македонското МНР на средба со албанската амбасадаТројцата функционери на Влен Ќоку, Азизи и Муртезани не биле спречени да влезат во Албанија, туку самите одлучиле да се вратат од границата, во знак на солидарност со четвртото лице кое биле со нив, а чиј идентитет не го откриваат.Од Албанското Министерство за внатрешни работи во одговор за Канал 5, појаснува дека се работи за вообичаена процедура за гранична контрола и дека во првата половина на годинава имале на 400 вакви случаи. -Тројца од нив, кои поседувале дипломатски пасоши, биле информирани дека немаат никакви пречки за да го продолжат патувањето. Во меѓувреме, четвртото лице, кое било во нивна придружба, било евидентирано дека има законски пречки за преминување на границата и поради тоа не му било дозволено да го продолжи патувањето кон Р. Албанија. – велат од албанското МВР, без да наведат дали забраната се однесува поради учеството на протестите во Тирана. Од Влен, по жестоките реакции вчера на пратеникот Ќоку, синоќа одржале состанок по кој се огласија со многу помирен тон, и вината за ситуацијата ја најдоа во ДУИ. Ја обвинија дека со политички конструкции се обидува да ги наруши односите меѓу Албанците и институционалната комуникација со Албанија, порачувајќи дека меѓудржавните односи не смеат да бидат заложник на партиски интереси. Во меѓувреме случајот предизвика политички реакции и во Албанија. Лидерот на албанската Демократска партија Сали Бериша го осуди задржувањето на политичарите за кое директно го обвини премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни. Тој во име на Алабанците им се извини на сите Албанци во Македонија. -Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, по наредба на Еди Рама, на тројца функционери од албанската партија Влен од С. Македонија, не им беше дозволено да влезат на територијата на Албанија, што е флагрантно кршење на меѓудржавните договори со Македонија и меѓународните конвенции. – Сали Бериша – Демократска партија на Албанија Од македонското МНР соопштија дека вчера била остварена средба со претставник од амбасадата на Албанија во Скопје на која побарале официјална информација од албанските власти за настанот на граничниот премин Ќафасан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook