ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 68 654,00 денари - Канал 5

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 68 654,00 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2026 година изнесува 68 654,00 денари.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 68 654,00 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2026 година изнесува 68 654,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 год. која изнесува 68 742,00 денари е намалена за 88,00 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јуни изнесува 84 024,00 денари, објави ССМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно нова градинка,,Пролет 2” во Козле

Општина Карпош денес ја започува изградбата на нов, современ објект на градинката „Пролет“ -Објект Пролет 2 во Козле кој ќе биде лоциран на улицата Милан Марковиќ, на местото на стариот досегашен објект.

Целосно нова градинка,,Пролет 2” во Козле

Новиот објект е проектиран согласно современите стандарди за престој и развој на децата, со предвидена изградена површина од 1.156 м2 и вкупна површина за игра и зелени површини од 1.949 м2.

Капацитетот на новата градинка изнесува 130 деца.

Овој нов современ објект на градинката „Пролет„ содржински е уреден со зони за згрижување на децата, административен дел, кабинети, чајна кујна, креативен простор, помошни простории, подземен паркинг, лифт и кровна зелена тераса. Објектот ќе содржи седум занимални со посебни санитарии и посебни тераси како и една сензорна соба и тоалет за деца со инвалидитет.

Заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, истакна дека со реализација на овој проект, по долгогодишен период, општината конечно добива нов, современ објект во урбаниот дел од Карпош, наменет за најмалите жители.

-Посебно сме горди што денес започнуваме со изградба на објект кој ќе биде дом на најмладите карпошани. Не станува збор само за инвестиција во објект туку за инвестиција во иднината на нашите најмали жители, во место во кое ќе растат, ќе се развиваат и ќе создаваат спомени“ – истакна Крстевски.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 137.245.089 денари, средства обезбедени од Владата преку јавен повик, на кој Општина Карпош аплицираше со сопствен проект. Рокот за завршување на проектот е 120 дена.

Изведувач на градежните работи е Друштвото за производство, трговија и услуги ,,НЕКСОС ИНЖЕНЕРИНГ” ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, а надзор над градежните работи ќе врши МГ ПРОЕКТ.

Со изградната на новиот објект „Пролет 2“, Општина Карпош продолжува со унапредување на предучилишната инфраструктура и создавање современи услови за воспитување, образование и правилен развој на најмладите жители.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анчелоти ги израдува навивачите: Нејмар се враќа

Бразилската репрезентација лесно го победи Хаити во второто коло од Групата Ц со резултат од 3:0, а Карло Анчелоти откри неколку добри вести по натпреварот.

Анчелоти ги израдува навивачите: Нејмар се враќа

Бразилците не блескаа во дуелот со Хаити, но тоа беше доволно што по првото полувреме не мораа да се грижат за конечниот исход. Сепак, Нејмар повторно отсуствуваше од составот, кој не отпатува со тимот на вториот натпревар, но Анчелоти откри одлични вести.

Бразилскиот селектор беше прашан дали Нејмар ќе се врати пред дуелот со Шкотска и даде потврден одговор:

- Нејмар ќе тренира индивидуално утре, потоа ќе се врати на тренинг со тимот во недела, а потоа ќе биде во составот за натпреварот против Шкотска - рече Анчелоти.

Имаше сериозна контроверзност околу тоа дали Нејмар треба да оди на Светското првенство токму поради неговите чести проблеми со повреди. Анчелоти сепак го зеде со себе и сега Бразилецот би можел да дебитира на Светското првенство оваа година против Шкотите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар беснее во Грција- го гаснат десетици пожарникари и пет авиони (ВИДЕО)

Драматични вести доаѓаат од североисточна Грција, каде што избувна сериозен пожар во земјоделско-шумска област во општина Маронеја. Пожарникарите се во состојба на зголемена готовност.

Голем пожар беснее во Грција- го гаснат десетици пожарникари и пет авиони (ВИДЕО)

Пожарот избувна попладнево, 20 јуни, во земјоделско-шумска област во областа Палеа Кровили во Родопските Планини, што предизвика итна мобилизација на противпожарните сили, објави Прототема.

42 пожарникари се на местото на настанот, потпомогнати од две пешадиски екипи и десет противпожарни возила, додека пет авиони испуштаат вода од воздух.

Во клисурата каде што избувна пожарот дуваат силни ветрови. Куќите засега не се во опасност, а пожарникарите вложуваат максимални напори за локализирање и ставање под контрола на пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер