Огромен камион згмечи џип, патниците имале огромна среќа (ВИДЕО)

Огромен камион без никакви проблеми помина преку теренецот.

Миг на невнимание е доволен за сообраќајна несреќа, особено ако возите огромно возило преку површински рудник и не се надевате на други учесници во „сообраќајот“.

Во овој случај, оштетен е теренецот Suzuki со тројца членови на службата за одржување. Надзорната камера на Сузуки го снимила ужасниот момент кога огромните тркала на џинот, поминува за неколку сантиметри. Поточно, тој не го промаши возилото, туку прегазувајќи го предниот дел избегна поголема несреќа.

Возачот на камионот не го видел Сузуки и запрел кога било доцна.

Среќа во несреќа е дека никој не загина во овој опасен инцидент што се случил во Казахстан.

Преизборната кампања продолжува во знакот на меѓусебните обвинувања

Продолжуваат меѓупартиските обвинувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преку претседателската кампања.

По митизите на Силјановска и Пендаровски кадешто беа упатени навреди и пораки со потсмев на опонентите, се огласија и лидерите на партиите. За Мицкоски случајот со симпатизерот на митингот во Куманово ја покажал ароганцијата на Пендаровски, а Ковачевски ги осуди навредите, а за коментарите од Силјановска за неговиот прекар рече дека и простува.

-Со образ ѓон Стево аплаудираше на навредите, а Богданка се смееше. Какво дно од луѓе, каков е овој човек? Пендаровски покрај тоа што е арогантен, стана прототип на балкански женомрзец. фали уште Фрчковски да му се приклучи и да формираат клуб на женомрзци. Голем дел од тој притисок на Пендаровски му доаѓа од тоа што човекот е во небрано,-Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ (Прилеп - 15.04.2024).

-Сакам многу јасно да го осудам секој говор на омраза кој е искажан кон било кој политичар или било кое лице во државата, особено кон жена. Сакам да упатам и порака тоа веќе да не се случува. За навредите кои ги има упатено кон мене претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ нема да коментирам ништо, освен што ќе кажам дека и е извинето од моја страна,-Димитар Ковачевски – претедател на СДСМ (15.04.2024).

За настанот во Куманово од митнигот во Прилеп говореше и Силјановска, а Пендаровски од Гази баба одговори за нејзиниот комнетар дека не го познава од студентските денови..

-Молкот кога се случуваше тој настап многу зборува. Таквиот говор, говорот на омраза не доликува на ниту една сериозна политичка партија. Тоа е говор на некоја крајна десница која се служи со партијахалност и парохијалност,-Гордана Силјановска Давкова – кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ (Прилеп - 15.04.2024).

-Морам да ви признаам дека и ја не ја познавам од правниот факултет. Само еден семестар, мислам дека беше еден семестар во прва година кога бев на правниот факултет. Ми беше помлад асистент нејзиниот сопруг, потоа кратко време беше библиотекар на правниот факултет, и влезе потоа во приватни бизнис води, и знаете, понатаму стана еден од најголемите тензициски олигарси во Македонија,-Стево Пендаровски – кандидат за претседател од СДСМ (Гази Баба - 15.04.2024).

Реториката на политичките ривали почна да се заострува на една недела пред првиот круг од претседателските избори. Во понеделник партиските карвани ќе го заокружат првиот дел од кампањата пред гласањето во среда на првиот круг, а ќе продолжат ден потоа до 6 мај кога ќе завршат паралелно кампањите и за претседателските и за парламентарните избори.

Продолжи штрајкот на приватните специјализанти, чекаат одговори од владата

Немаме партиска – имаме крводарителска книшка, вака приватните специјализанти му одговорија на ресорниот министер, Илир Демири кој обвини дека нивниот штрајк има политичка позадина. 

Тие втор ден денеска не се појавија на своите работни места, бараат регулирање на работниот статус, бесплатно здравствено осигурување и повисоки плати.

„Мотивите за овој штрајк се сите овие колеги позади мене што ги бараат основните услови за живот. Срамно е еден доктор да нема здравствено осигурување. Мислам дека нема ниедна политичка партија кој тоа треба да не мотивира за да ние си ги бараме основните човеки права кои што ни се загарантирани со устав. Јас лично немам ниедна книшка од ниедна партија. Единствена книшка што јас ја имам дома е крводарителска книшка,“ изјави: Христина Илиоска Чешлароска – приватен специјализант.

И додека здравствените работници си ги бараат своите права преку протести и штрајкови, болниците постојано се полнат од пациенти, а се празнат од доктори. Поддршка приватните специјалзанти денеска добија и од граѓани кои се затекнаа во дворот на клинички центар. Граѓаните револтирани велат доктори немаме, резултати чекаме со часови, терапија со денови.

„Луѓево чекаат со саати за да дојдат до хемотерапија, а башка што влегуваат преку ред, дајте нека ги примат тие луѓе, зошто да стојат тука, зошто да бидат невработени, да не им тече стаж како на сите нормални луѓе, дајте малку да се направи нешто за овие млади луѓе. “-изјави Роднина на пацинет.

Приватните специјализанти со години алармираат за нивните проблеми, но освен ветувања од надлежните досега не им е исполенто ниту едно нивно барање. Сметаат дека трајно решение на проблемот е во трансформацијата на договорите, односно сите приватни специјализанти да станат државни и реформирање на моделот на приватни специјализации. Министерот за здравство, меѓу другото вчера рече дека ги разбира барањата на специјализнатите, но побара трпение од нив и најави решавање на нивните проблеми по изборите.

Сообраќајот во Панамскиот канал почна постепено да се нормализира

Администрацијата на Панамскиот канал соопшти дека од средината на мај значително ќе го зголеми бројот на резервации за транзит на бродови поради прогнозите за попуштање на сушата, која значително го намали транзитот во изминатите две години.

Од 7 до 15 мај низ каналот дневно ќе минуваат по 24 бродови, а од 16 мај 31 брод, соопшти управата. Во јуни ќе отворат можност за дополнителни резервации и за Неопанамакс и ќе додадат уште еден брод за транзит низ главниот канал.

Управата одлуката ја образложува со смирувањето на сушата, што беше видливо и во проценките за нивото на водата во вештачкото езеро, акумулацијата за полнење на каналот.

Во 2023 година тие во неколку наврати го намалија транзитот, а во јануари годинава беше за 42 отсто помалку отколку во најфреквентниот месец минатата година, покажуваат податоците на УНКТАД.

Транзитот на бродови се намалува веќе две години поради сушата, истакнаа од УНКТАД, потсетувајќи дека долгорочните нарушувања во транзитот, особено во контејнерскиот транспорт, може директно да ги загрозат синџирите на снабдување. Ова, пак, може да доведе до доцнење на пратката и повисоки трошоци и инфлација, нагласуваат тие.

Знаците за опоравување на сообраќајот низ Панамскиот канал се појавија во март кога властите првпат почнаа да примаат повеќе резервации. /МИА

притисни ентер