Ограбена и куќата на фолк пејачот Синан Сакиќ , камерите ги снимиле крадците (ВИДЕО) - Канал 5

Ограбена и куќата на фолк пејачот Синан Сакиќ , камерите ги снимиле крадците (ВИДЕО)

Непознати мажи ноќеска ја ограбија куќата на фолк пејачот Синан Сакиќ.

Ограбена и куќата на фолк пејачот Синан Сакиќ , камерите ги снимиле крадците (ВИДЕО)
Неговата сопруга на фејсбук објави снимка од безбедносните камери на која се гледа како ограбувачите ја кршат вратата во куќата каде што живее синот на Синан , Елвис. Сопругата ги моли сите што ќе ги препознаат крадците ,да ги пријават.

Полицијата врши увид и се уште не е познато што украле крадците.

Според Елвис , засега знае дека не му се украдени вредни предмети. Вели дека му украле некои парфеми, торби и часовници , му ја превртеле цела куќа , но не украле нешто вредно. Сакиќ вели дека пријателите му кажале дека уличните светилки биле скршени , по што се сомнева за однапред планиран грабеж.

Само пред два дена е ограбена и куќата на директорот на Гранд продукција , Саша Поповиќ од каде крадците однеле предмети во вредност од околу 100 000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

Против него ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

По речиси 11 години застој, затворениот базен во Охрид конечно ќе биде завршен и ставен во функција.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на затворениот базен во Охрид.

Обезбедени се 470 милиони денари за негово целосно завршување.

Ова за мене е многу повеќе од уште еден инфраструктурен проект. Ова е инвестиција во младите, во спортистите, во пливањето. Во иднината на спортот во Охрид и во целата држава.

Со завршувањето на базенот, спортистите ќе добијат современи услови за тренинг, младите категории ќе добијат простор за развој, а Охрид ќе добие услови за организирање натпревари и за понатамошен развој на спортот.

Како Влада и како Министерство за спорт не сакаме капитални спортски објекти да стојат со години и да чекаат. Сакам да ги гледаме завршени и ставени во функција.

Токму затоа ова е еден од проектите на кои сме посебно посветени и драго ми е што денес можеме да кажеме дека по 11 години – конечно се движиме кон неговата реализација.

Голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и до Владата за поддршката и за јасната определба да инвестираме во спортот и во спортската инфраструктура.

Охрид заслужува затворен базен. Охрид ќе го добие.

Продолжуваме со работа, се наведува во соопштението на Влада на Македонија/Министерство за спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерката за енергетика Божиновска во Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регион

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствува на Вториот министерски самит на Србија, Македонија, Грција и Бугарија, кој се одржува во Белград, во организација на Србија.

Министерката за енергетика Божиновска во Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регион

Во фокусот на самитот се сигурноста на снабдувањето, развојот на Вертикалниот гасен коридор, пристапот до LNG капацитетите преку Александруполи, диверзификацијата на изворите и правците на снабдување, како и унапредувањето на регионалната соработка во електроенергетиката.

Самитот следува по првата министерска средба во Атина во мај и го продолжува дијалогот за заеднички регионален пристап кон енергетската сигурност и отпорноста на системите.

Во македонската делегација се и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауноски, како и претставници на НОМАГАС.

Во рамки на посетата, министерката Божиновска ќе оствари и билатерална средба со бугарскиот министер за енергетика, со фокус на понатамошното унапредување и проширување на веќе воспоставената соработка..

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер