Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?
1Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?
3МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
ЗабаваОгнен Врањеш сака да купи куќа покрај домот на Јелена Карлеуша?!Нов удар за српската пејачка Јелена Карлеуша од нејзиниот екс љубовник Огнен Врањеш.Босанскиот фудбалер Огнен Врањеш повторно ја провоцира Карлеуша, веќе неколку дена тој се распрашувал за купување на луксузна вила на Дедиње во Белград, како би бил што поблиску до пејачката. Судирот меѓу екс љубовниците Јелена и Огнен кој настана по порно скандалот се уште е топ тема во балканските медиуми. -Врањеш интензивно се распрашува за вилите на Адедиње и на агентите за недвижнини и напоменува дека најмногу го интересираат куќите кои се во близина на домот на Душко и Јелена. Тој отсекогаш сакал да има голема куќа во Белград. По скандалот со Карлеуша сфатил дека сега е вистинскиот миг за купување на куќа, поради тоа што со тој потег би „убил две муви со еден удар“, во најмала рака би ја излудел Јелена, а можеби би ја натерал и на селење, изјавил добро информиран извор за белградските медиуми. Огнен со овој потег покажува дека не ги заборавил зборовите кој Јелена му ги упатила во екот на скандалот, кога јавно му порачала дека ќе биде протеран. -Врањеш само привидно одлучил да ја спушти топката. Сега сака на Јелена да и покаже дека тој нејзе ќе ја протера , а не она него. Со купување на куќа во нејзина близина ќе и биде многу блиску , а тоа сигурно ќе ја изнервира многу. Тој сака да гледа како Карлеуша се нервира поради него. Буквално сака да ја уништи и да докаже дека е посилен од неа, истакнува истиот извор кој вели и дека Јелена дознала за неговите намери. На популарната пејачка и се јавила сосетката која долго време ја продава својата куќа и и јавила дека Огнен се распрашувал за нејзината вила. По ова сознание Јелена доживеала нервен слом. Јелена викала: „Ќе сака ли оваа будала да ми се симне од грбот. Не можам веќе да издржам поради овој скот!“, дополнил истиот извор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаКузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина.Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски? Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина. Народна банка го крие решението за тоа како Славески го проценил ризикот за влез на Алта банка во Македонија. Медиумите го побарале решението на Извршниот одбор на НБРМ, кој се состои од гувернерот и вицегувернерите. Посочиле дека го бараат без евентуалните класифицирани и чувствителни информации. Ама не го добиле. Ова е потврда на се што СДСМ говори. Вистината се крие од јавноста за да се заташка случајот, да се спасат виновниците кои ја донесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија. Гувернерот Славески јавно изјави дека одлуката за Алта банка ја донел во консултација со Мицкоски. Затоа се крие од јавноста. Одговорноста чука на вратата на Славески и Мицкоски. Во Законот за банки точно стои кога треба да се одбие барањето за стекнување акции. Член 59, став 6, ги издвојува високиот ризик за стабилноста, сигурноста и угледот на банката и основаниот сомнеж во законското потекло на парите, интегритетот или вистинскиот идентитет на лицето и поврзаните лица. Блиските врски, сопственичката или организациската структура може да ја отежнат супервизијата и преземањето корективни мерки. Ова е составен дел и од Кривичната пријава којашто СДСМ ја поднесе , а за која поминаа 10 дена и не се постапува. 21 ден откако пукна скандалот нема истрага за Алта банка. 10 дена нема постапка по Кривичната пријава на СДСМ. Очигледно им се купува време на Мицкоски и Трајко Славески да го заташкаат случајот, да го сокријат трансакциите, документите, сметките.... Во Србија на големо се постапува, истрага, стечај, 400 милиони, блокирани сметки, приведен Мацура. Само во Македонија ништо не се презема. А народот не може да дојде до своите пари. Сега гледаме истите тие кои што ја внесоа Алта банка во земјата, Мицкоски и Славески, брзаат, да ја обезвреднат и да ја продадат. Потоа СДСМ ќе го обвинуваат за проблемите кои тие ги создадоа. Времето одминува. Обвинителот Савески мора да постапи, да отвори истрага за Алта банка и согласно Закон сите да одговараат. Доколку не постапи ќе стане соучесник, и тоа мора да му биде јасно. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамЗајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)Пред повеќе од половина век, „VW Golf“ предизвика вистинска револуција во Европа и практично го дефинираше сегментот на компактни автомобили. Сепак, кога пристигна во САД во средината на 1970-тите, работите не беа толку едноставни.Првично увезуван во САД, моделот започна да се произведува локално во 1978 година, во фабриката во Вестморленд. Сепак, таму не се продаваше под името „Golf“, туку под името „Rabbit“. Оваа одлука беше донесена од маркетиншки причини. Од „VW“ сметаа дека името „Golf“ премногу се поврзува со елитен спорт и со побогатите слоеви на општеството – перцепција што не соодветствуваше со позиционирањето на автомобил наменет за пошироката американска публика. Името „Rabbit“ не беше ексклузивно само за САД – се појавуваше и во Европа, главно како ознака за одредени „GTI“ верзии или пакети на опрема на одредени пазари – но токму во Америка ова име сега се враќа на сцената. Новиот „Rabbit“ „Volkswagen Golf GTI Rabbit“ треба да пристигне во средината на 2027 година и ќе послужи како еден вид „освежување“ за „Golf GTI“ во Северна Америка. Оваа специјална изведба е опремена со адаптивна суспензија „DCC“, 19-инчни тркала и летни гуми. Што се однесува до визуелните промени, моделот се одликува со затемнето лого, црна маска на ладилникот, црн покрив и разни други детали во темни тонови. Единствениот елемент што не е црн е ознаката со зајак („rabbit“), која служи како почит кон оригиналниот модел. Оваа верзија ќе биде достапна исклучиво во САД. Цената сè уште не е објавена, но се очекува да започнува од 43.000 евра па нагоре. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦарински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увозЦарински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација. Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла. Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45