ТехнологијаОфицијално отворен Саемот за енергетика и технологија ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024Меѓународниот саем за енергетика и технологија - ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, денеска ги отвори вратите за посетителите во Арената „Борис Трајковски“. Саемот официјално го прогласи за отворен г-ѓа Сања Божиновска, Министер за енергетика, рударство и минерални суровини, а свои поздравни обраќања имаа и г-дин Изет Меџити, Прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање и Даниела Глигоровска, Генерален директор на Скопски саем. „Со овогодинашниот слоган ‘Вклучи одржлиуви навики’, ставен е акцент на важноста на успешната енергетска транзиција кон зелена енергија, што всушност е наша долгорочна цел за енергетската иднина на Македонија. Настаните како Енерго Технома се исклучително важни на патот кон обезбедување енергетски одржлива и ефикасна држава. Потенцијалот за обновлива енергија во нашата земја е огромен, а една од задачите на Министерството за енергетика и рударство е создавање услови, кои поттикнуваат иновации и напредок во овој сектор“, истакна министерката Божиновска. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити изрази задоволство што е дел од манифестација, која повторно се организира по подолг период. „Се радувам што повторно се организира оваа манифетација, бидејќи ваквите средби се одлична можност за претставување на индустриското стопанство и најновите достигнувања во областа на технологијата кај нас и во регионот. Нашата определба како Министерство и како Влада за зелена трансформација, како една од важните цели од европскиот зелен договор бара зајакнување на ефикасната употреба на ресурсите, со преминување во чиста циркуларна економија, враќање на биодиверзитетот и намалување на загадувањето“, рече Првиот заменик претседател на Владата, Меџити. Генералниот директор на Скопски саем, Даниела Глигоровска посочи дека Саемот Енерго Технома повторно се организира по шест години, овојпат со малку поинаков фокус кон енергетиката и технологијата, кои ја одразуваат динамиката на современите предизвици и можности во индустријата. „Оваа саемска манифестација претставува клучен настан од областа на енергетиката и техничките иновации и претставува важна платформа за размена на знаења, искуства и технологии, кои го обликуваат нашиот регион и пошироко. Саемот Енерго Технома не е само изложбен простор за најновите производи и услуги, туку претставува место каде што се отвораат нови перспективи и се градат партнерства. Оваа манифестација е одраз на нашата заедничка заложба за иновативни решенија, одржливост и унапредување на енергетскиот сектор, кој е од суштинско значење за економскиот развој и квалитетот на животот во нашето општество“, истакна Глигоровска. ЕНЕРГО ТЕХНОМА оваа година е посветен на зелени решенија и иновативни технологии, со цел да ги истакне најновите технолошки достигнувања и стратегии за справување со глобалните енергетски предизвици. За време на трите дена од саемот, ќе се претстават повеќе од 30 водечки компании од Македонија и од регионот, кои ќе ги претстават своите најсовремени производи, технологии и услуги, фокусирани на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, автоматизација и модерни технолошки процеси. Работно време на саемот е од 10.00 до 18.00 часот, во трите дена на саемот од 29ти до 31ви октомври, во Арена Борис Трајковски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБекамови го вклучуваат Бруклин во објавата за Денот на татковците и покрај наводната караницаБруклин Бекам можеби не е во најдобри односи со своето семејство, но неговите родители сè уште мислат на него.Дејвид и Викторија Бекам вклучија фотографии од нивниот најстар син, 27, во нивните објави на Инстаграм за Денот на татковците. Семејни честитки на Инстаграм „Да бидам татко е мојата најважна работа... Ве сакам сите и ви благодарам, мама @victoriabeckham, што ни го подари нашето прекрасно семејство. Среќен Ден на татковците на сите татковци низ целиот свет“, напиша Дејвид на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by David Beckham (@davidbeckham) Викторија, исто така, објави почит на својот профил. „Дејвид, ти навистина си најдобриот татко. Нашите прекрасни деца отсекогаш биле твое најголемо достигнување и многу те сакаме. Среќен Ден на татковците“, рече таа. Таа вклучи фотографија од Дејвид како позира на плажа со сите нивни четири деца, вклучувајќи ги Ромео, 23, Круз, 21 и Харпер, 14. View this post on Instagram A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) Раздор во позадина Објавите доаѓаат неколку дена откако Бруклин навидум ги прозва своите родители во реклама на „ DoorDash“ снимена пред Светското првенство. Во рекламата, Бруклин седи на каучот во својот дом додека во позадина се слуша фудбалски натпревар. „Веројатно се прашувате зошто го гледам Светското првенство во 2026 година од дома“, вели Бруклин со насмевка. „Долга приказна е.“ Потоа станува и фрла неколку билети за турнирот на масичката за кафе. Рекламата завршува со натписот: „Комплицирано е. Наскоро повеќе.“ View this post on Instagram A post shared by @brooklynpeltzbeckham Бруклин, најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, во јануари објави долга изјава за неговите семејни проблеми и зошто не сака да го поправи својот нарушен однос со своите родители, браќа и сестра. Извор: Индекс.хрТагови: Бекамови караница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
ЖивотЧешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштатаЗабраната ќе се однесува на употребата на телефони во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели.Чешката влада поднесе закон за забрана на мобилните телефони во училиштата од септември 2027 година, потврди премиерот Андреј Бабиш, приклучувајќи се кон растечкиот глобален притисок за ограничување на времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефони во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели. „Училиштата нема да можат да им дозволат на учениците да земат пауза со своите телефони од други причини“, се наведува во нацрт-законот. Овој потег следи по мерките на други влади насочени кон ограничување на употребата на социјалните медиуми или мобилните телефони кај децата. Полска овој месец го следеше примерот на земји како Холандија, Јужна Кореја и Италија со забрана на паметните телефони во училиштата поради загриженост за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето на учениците. На социјалните медиуми, Австралија беше првата што воведе забрана за пристап на деца, а Велика Британија овој месец објави забрана за лица под 16 години. Бабиш нагласи дека владата размислува и за забрана на социјалните медиуми за деца, по примерот на Франција и други земји кои зазедоа построги ставови поради перципираните негативни ефекти врз децата. Извор: Индекс.хрТагови: Чешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Ќе се согласат на сè...“Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе прифати строги инспекции додека САД и Иран водат разговори за нуклеарниот договор во Швајцарија, при што официјалните лица на двете земји даваат спротивставени изјави.Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од САД и Иран моментално се во Швајцарија каде преговараат за конечен мировен договор што треба да го реши проблемот со нуклеарната програма на Иран. Иранскиот режим вели дека сака да користи нуклеарна енергија само за цивилни цели, но задржува залихи од високо збогатен ураниум. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) постојано го повикува Иран да ја открие локацијата на своите залихи од збогатен ураниум откако САД и Израел го нападнаа Иран минатото лето. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека иранските претставници се согласиле да им дозволат на инспекторите на МААЕ да влезат во Иран. Сепак, Министерството за надворешни работи на Иран негираше дека Техеран прифатил какви било нови обврски во врска со неговата нуклеарна програма за време на разговорите со САД овој викенд во Швајцарија. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook