Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?
1 Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ТехнологијаОфицијално е: „Sony“ прави потег што го менува гејмингот, дисковите стануваат минато„Xbox“ и „Nintendo“ веќе некое време ги насочуваат потрошувачите кон дигитални игри.„Sony“ објави дека „PlayStation“ целосно преминува во дигитален формат, со прекин на производството на физички дискови за игри почнувајќи од јануари 2028 година. По овој датум, ќе можете да купувате нови игри исклучиво во дигитален формат во „PlayStation Store“ и од трговците на мало. „Sony“ вели дека оваа одлука е одговор на променливите трендови и преференциите на потрошувачите, бидејќи дигиталната продажба далеку ги надминува физичките продажби. Минатата година, дистрибуцијата на физички игри сочинуваше само три проценти од приходите на „PlayStation“, а фактот дека „PS5 Pro“ беше лансиран во 2024 година без читач на дискови беше прилично јасен показател за идната насока што ја презема „Sony“. Неизбежноста на овој исход беше јасна кога „Rockstar“ објави дека се откажува од дисковите за „GTA 6“, а оваа вест ќе ја згасне секоја надеж дека ова е само изолиран инцидент. Физичките дискови може да бидат добри за потрошувачите и за оние што се загрижени за зачувување на игрите, но финансиските придобивки од дигиталниот модел за компании како „Sony“ се јасни. „Xbox“ веќе некое време се оддалечува од физичките медиуми, па дури и „Nintendo“, кој останува доминантна сила во продажбата на физички игри, очигледно ги охрабрува клиентите да се префрлат на дигитална платформа преку релативно пониски цени и кертриџи за клучеви за игри кои не ја содржат целата игра. Збогувањето на „Sony“ со дисковите не е единствената вест поврзана со „PlayStation“. Компанијата, исто така, објави дека ја затвори продавницата „PlayStation“ за платформите „PS3“ и „PS Vita“. Откако продавниците ќе се затворат, нема да биде можно да се купуваат нови игри или содржина на тие платформи, иако „Sony“ ќе продолжи да им дозволува на луѓето да ги преземаат своите претходни купувања „во догледна иднина“. На некои пазари, овие затворања на продавниците ќе се случат веќе во август 2026 година, но во САД, клиентите имаат рок до следното лето, јули 2027 година, да обезбедат какви било игри што сакаат да ги додадат во своите библиотеки. „Знаеме дека оваа вест може да ги разочара играчите на „PS3“ и „PS Vita“ кои имаат посебно место во нивните срца за оваа генерација игри“, рече „Sony“ во соопштение за медиумите. „PS3 и PS Vita претставуваат важна ера во нашата историја на PlayStation, па затоа ова не беше лесна одлука за нас.“ Извор: Б92Тагови: Sony Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?Во последните 24 часа полицијата интервенирала во пет различни случаи за семејно насилство поради физички напади, психичко малтертирање, но и закани со оружје во семејниот дом. Според МВР, вчера бил уапсен и 40-годишен маж од Тетово кој подолг временски период физички ја малтертирал сопругата, а и упатувал и закани со огнено оружје. Додека случаите со семејно насилство се нижат, правници од земјава кои размениле искуство за тоа како овие случаи се решаваат во други европски земји, предупредуваат дека кај нас најмногу недостасува работа во делот на превенцијата. – Кај нас прво што недостасува е прво промена во кривичниот законик – фемицидот да добие посебна квалификација како фемицид, а со тоа ќе се извлечат и другите подзаконски и регулативи и акти – да може полицијата да биде соодветно обучена полицијата, каде сега гледаме промени, да биде посебно обучена, посебни центри во СВР, во центарот за социјална работа, но и во медицинските центри коишто ќе може да работат и ќе може да ги проценуваат, идентификуваат и ќе рабтоат со жртвите, но и со насилниците, тоа е едната форма на превенција, изјави Срџан Амет, адвокат. За зголемен број на случаи со семејно насилство обвинуваат и од опозициската СДСМ – од таму велат дека бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 70 отсто во однос на лани, но и дека тоа ништо не значи доколку случаите не се процесуираат до крај. Поради ова, СДСМ иницира и итна собраниска седница за заштита на жените. – Бараме итна седница на Собранието на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита,- изјави Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ. За власта не е спорно одржувањето на таква седница во собранието – оттаму велат и дека бројот на пријави за семејно насилство е во пораст, но тоа тврдат дека е поади тоа што довербата во институциите сега е поголема во однос на порано. – Ние ќе ја поддржиме таа иницијатива за одржување на седницата и ќе разговраме. Секако, ќе го поставиме и ние прашањето до јавното обинителство зошто нема поднесено обвинителни акти, а секако е добро да се одговори и од страна на судот зошто тие обвинителни акти коишто се поднесени се уште немаат судска разрешница како што очекуваат граѓаните,- изјави Бојан Стојаноски, пратеник ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија во 2026 година досега се регистрирани седум фемициди и повеќе случаи со насилство врз жени,. Последниот случај со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид која беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер дополнително го разбуди гневот во јавноста, по што следуваа и серија протести, а следниот е закажан за утре во паркот жена Борец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“Од седуммина предложени сведоци на одбраната на Дејан Јованов-Деко, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во судница се појавија само двајца. Дел од нив, како што објаснија неговите адвокати, се премислиле и не сакале да сведочат во постапката. Затоа одбраната се откажа од нив што предизвика реакција од судијката Дијана Груевска-Илиевска која предупреди дека одбраната е должна да го обезбеди присуството на предложените сведоци, но и негодување кај родителите на загинатите. -Двајца се повлечени, а пиротехничарот не успеа да го пронајдат ниту судот ни одбраната. Се поставува сериозно прашање: дали воопшто постои тој фамозен пиротехничар и врз основа на кои податоци е предложен како сведок? Не бараме привилегии, туку сериозна, ефикасна и правична судска постапка во која секој доказ и секој сведок ќе придонесат за утврдување на вистината. Нашата болка е реална, нашата загуба е неповратна, а нашето трпение не е бесконечно,- изјави – Александар Наунов – Татко на загината во „Пулс“. Еден од сведоците кој се појави во судницата беше девојка која во Пулс повремено работела како шанкерка. Кажа дека еден или два ПП апарати забележала во билетарницата на влезот од објектот но не се сеќаваше дали имало и на друго место. Таа раскажуваше и што се случувало ноќта на 16 март кога избувнал пожарот. -Не го видов поставувањето на пиротехничките средства на бината. Претходно имало пиротехнички средства во „Пулс“, но толку силни како таа вечер, немав видено. Бевме на левиот шанк кога почна пожарот. Од нашата страна и таму каде што се наоѓа задната врата беше жариштето и сите се упативме на другата страна. Таа врата претходно ја имам видено отворена само за проветрување на просториите, не знам дали таа вечер била отворена,- -Анастасија Соколова – Сведок. Обвинителот Борче Јанев укажа на разлика меѓу денешното сведочење и нејзиниот претходен исказ во ОЈО Кочани, кога рекла дека не знае дали има друга врата или излез за евакуација. Таа објасни дека ја забележала вратата за време на подготовките за работа, но не ја видела да се користи. Вториот сведок, Бојан Спасовски угостител од Гевгелија, зборуваше за настапот на ДНК во неговиот локал. Настапот го договорил телефонски со Панчо, но не знаел дека групата ќе користи пиротехника. Претпоставуваше дека станувало збор за таканаречени топли прскалки бидејќи по согорувањето оставале чад. Следно рочиште за случајот е закажано за 30 ноември. Тагови: Пожарот во Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на средба со британската амбасадорка СивагнанамПродлабочување на стратешкото партнерство и полициската соработка со Обединетото Кралство.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Н.Е. Маја Сивагнанам, на која беше потврдена одличната досегашна соработка и заедничката определба за натамошно продлабочување на партнерските односи меѓу двете држави во областа на безбедноста. На средбата се разговараше за тековните активности и можностите за унапредување на полициската соработка, со посебен акцент на борбата против сериозниот и организиран криминал, граничната безбедност, справувањето со нелегалната миграција, сајбер-криминалот и недозволените финансиски текови. Посебно внимание беше посветено на активностите во рамки на Заедничката работна група за миграција, како и на натамошното зајакнување на оперативната и регионалната полициска соработка, размената на информации и искуства и јакнењето на професионалните и техничките капацитети на македонската полиција. Министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната поддршка што Обединетото Кралство му ја дава на Министерството за внатрешни работи преку експертска и техничка помош, специјализирани обуки и реализација на заеднички проекти. На средбата беше истакнато дека Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство претставува значајна основа за натамошно продлабочување на соработката во областа на безбедноста и реализација на заеднички активности насочени кон поефикасно справување со современите безбедносни предизвици, поголема регионална стабилност и безбедност на граѓаните.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00