ФудбалОдржан првиот дел од курсот за „А“ тренерска лиценца на УЕФА Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Центарот за едукација при федерацијата го организираа првиот дел од курсот за добивање „А“ тренерска диплома на УЕФА. Во овој дел од курсот, кој се одржа во спортскиот комплекс на хотелот „Истатов“, Нов Дојран, свои презентации имаа Небојша Марковски - директор на Центарот за едукација, Игор Ангеловски - селектор на најдобрата репрезентација на Македонија, Зоран Стратев - технички директор на ФФМ, Вујица Живковиќ - продекан на УКИМ и постојан предавач во Центарот за едукација, Горан Станиќ - селектор во младински репрезентации и тренер во УЕФА/ФФМ Академијата. Практичните презентации ги реализираа Гордан Здравков и Добринко Илиевски - инструктори во Центарот за едукација на ФФМ. Курсот го проследија 42 кандидати за „А“ тренерска диплома на УЕФА, меѓу кои и седум жени -тренери кои имаат поддршка од УЕФА и ФФМ за продолжување на својата тренерска едукација. Вториот дел од курсот ќе се одржи исто така во спортскиот комплекс на хотел „Истатов“ во Нов Дојран во периодот од 28. ноември до 2. декември 2017 година, додека третиот и последен дел ќе биде одржан во март 2018. година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудот ги ослободи од вина обвинетите за нападот врз Пендиков, немало етнички причини Основниот суд во Охрид донесе ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески, обвинети за физичкиот напад врз Христијан Пендиков.Основниот суд во Охрид донесе ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески, обвинети за физичкиот напад врз Христијан Пендиков, поранешен секретар на поранешен бугарскиот клуб во Охрид. Одлуката следува откако Апелациониот суд во Битола го врати предметот на повторно судење. Денешното рочиште завршило за околу 2 и пол часа, без изведување нови докази, објави Бугарската национална телевизија (БНТ). Судот оценил дека не е докажано оти двајцата обвинети го сториле кривичното дело што им се става на товар, како и дека не може да се докаже етнички мотив за нападот. Претходно, во првостепената постапка, Ангелов и Спасески беа осудени на по 8 месеци затвор за нанесување тешка телесна повреда. Адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски, изразил незадоволство од одлуката, оценувајќи дека судијата практично ја променил сопствената претходна пресуда. Во судницата во Охрид присуствувале и пратеници од Бугарија, кои дошле да му дадат поддршка на Пендиков. Нападот врз Пендиков во јануари 2023 година предизвика дипломатски реакции и дополнителни тензии во односите меѓу Скопје и Софија. Пендиков е поранешен секретар на здружението „Цар Борис Трети“, кое беше избришано од Централниот регистар на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамМерцедес судри бензински и електричен ЦЛА- резултатите и за двата автомобила се одлични (ВИДЕО)Безбедноста на автомобилите значително напредна, а Mercedes-Benz реши да ја покаже со ретко виден тест за судар. Компанијата се судри со бензински CLA Shooting Brake со целосно електричен CLA седан за да ја покаже безбедноста на моделот од новата генерација и да симулира класичен страничен судир на раскрсница. Со години, производителите на автомобили тестираат отпорност на страничен удар користејќи тешки колички кои играат улога на друго возило. Последниот тест на Мерцедес оди чекор подалеку и се вели дека е прв од ваков вид со два автомобили во движење, што дава прецизен увид во однесувањето на двата модели. Иако нарацијата во промотивното видео е малку претерана, компанијата потврдува дека сите тест-кукли поминале без снимени критични оптоварувања. За време на тестот двете возила се движеа со брзина од 56 km/h. Кога предниот дел на CLA Shooting Brake удри во седанот, неговата зона на стуткање апсорбира голем дел од енергијата, а предните и страничните воздушни перничиња веднаш се активираа во кабината. Вратата го презеде главниот удар на лимузината, прозорците беа напукнати, а воздушните перничиња беа активирани, вклучително и централното меѓу возачот и совозачот. Автоматски реакции на системот по судир Новиот CLA е опремен со рачки кои можат да се извлечат од телото. Тоа е истиот тип што е забранет во Кина и може да се соочи со истата судбина во Европа. Во овој случај, рачките на вратите се повлекле набргу по падот и страничните прозорци се отвориле автоматски. Mercedes-Benz исто така наведува дека високонапонската батерија на електричниот мотор автоматски се исклучува и се исклучува од погонскиот систем. На ист начин, системот за гориво во моделот Shooting Brake беше исклучен за да се спречи ризикот од пожар. За сите осум употребени тест-кукли, сите отчитувања останаа под биомеханичките граници, што укажува на низок ризик од сериозни повреди. Покрај тоа што го покажува однесувањето на возилото при страничен удар, тестот е интересен и затоа што открива што се случува кога автомобил со мотор со внатрешно согорување ќе се судри со електрично возило. Конечно, би било интересно да се видат на краш тест новиот теренец AMG GT и моделот CLA. Бидејќи AMG GT тежи дури 2.715 килограми...Тагови: мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКовачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“Претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“.Денеска во Собранието се одржа средба меѓу претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Драган Ковачки, и заменик-раководителот за меѓународна соработка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Флоријан Фејерабенд, како и претставникот на Фондацијата, Даниел Браун. На средбата присуствуваа и пратеничките Иванка Василевска и Драгана Бојковска. На средбата, Ковачки изрази благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ѝ ја дава на нашата држава во изминатите години. Воедно, тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваше државата во изминатиот период, како и на оние што претстојат, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери. Посебен акцент на разговорите беше ставен на процесот на европска интеграција на нашата држава, актуелната геополитичка состојба на Западен Балкан и односите меѓу земјите во регионот. Беше дискутирано и за отворените прашања со Република Бугарија, при што беше истакнато дека стратешка цел на нашата држава останува членството во Европската Унија. Европската перспектива е од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и обезбедувањето подобра иднина за идните генерации. Од своја страна, Даниел Браун изрази благодарност за гостопримството и досегашната соработка со нашата држава. Од страна на високите претставници на високите претставници на германската фондација беше потврдена нивната подготвеност за продолжување на соработката и во иднина преку нови работилници, експертски програми и специјализирани обуки кои ќе придонесат за јакнење на институциите и на парламентарната демократија. Соговорниците се согласија дека местото на нашата земја е во Европската Унија и дека европската интеграција останува приоритет. Средбата заврши во конструктивна атмосфера, со заемно изразена подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на соработката, соопштуваат од Собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook