ТенисОдредени групите за завршниот Мастерс турнирОдредени се двете групи во кои осумте најдобро рангирани тенисери ќе играат на завршниот АТП Мастерс турнир во Лондон по кој и официјално ќе биде познато кој тенисер ќе ја заврши годината на првата позиција. Меѓу осуммината го нема Шпанецот Рафаел Надал, кој денеска беше опериран од слепо црево, па на негово место шанса за настап доби Хрватот Марин Чикиќ, кој е 9-ти на АТП листата. Во групата А, противници на светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе му бидат: Швајцарецот Станислас Вавринка, Томаш Бердих од Чешка и Хрватот Марин Чилиќ. Роџер Федерер, кој останува единствениот конкурент на Ѓоковиќ за освојување на првата позиција на АТП ранг листата на крајот на годината, ќе настапува во Б групата. Швајцарецот за противници ќе ги има Милош Раониќ од Канада, Јапонецот Кеи Нишикори и Енди Мари од Шкотска. Во случај некој од овие осуммина тенисери да го откаже својот настап или да се повреди, замени ќе бидат Шпанците Давид Ферер и Фелисијано Лопез. Завршниот Мастерс турнир во Лондон ќе се игра во „О2“ арената од 9 до 16 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕУ има нови правила за патниците во авиосообраќајотЕвропскиот парламент денес ги одобри ревидираните правила на ЕУ за патниците во авионот, потврдувајќи го правото на бесплатен рачен багаж и финансиска компензација во случај на доцнење на летовите.Авиокомпаниите предупредуваат дека ова ќе доведе до повисоки цени на билетите, додека здруженијата на патници го поздравуваат зачувувањето на правата на патниците, пишува „Euronews“. Пратениците дадоа конечно зелено светло за договорот постигнат со земјите-членки по повеќе од една деценија преговори. Предлогот беше усвоен на пленарна седница со 646 гласови „за“, 12 „против“ и три „воздржани“. Компензација за доцнења и откажувања Авионските патници во Европската Унија ќе продолжат да имаат право на компензација помеѓу 250 и 600 евра ако нивниот лет доцни повеќе од три часа или е откажан. Новиот текст наведува дека за летови подолги од 3.500 километри, компензацијата ќе биде 300 евра, а ќе се зголеми на 600 евра ако доцнењето надмине четири часа или летот е откажан. Патниците ќе имаат девет месеци да поднесат барање, а авиокомпаниите ќе мора да платат компензација во рок од 30 дена или да побараат вонредни околности за да избегнат плаќање. Правила за рачен багаж Новите правила, исто така, ја разјаснуваат политиката за надоместоците за рачен багаж. Патниците сè уште ќе имаат право на еден бесплатен личен предмет, како што е мал ранец или торба, со димензии до 40 x 30 x 15 см. Нискобуџетните превозници како што се „Рајанер“ и „Изиџет“ моментално наплаќаат за помали торби на тркала, но според новата регулатива, сите авиокомпании ќе мора да ја прикажат цената на билетот што вклучува рачен багаж на почетокот на процесот на резервација, особено на посредничките и пребарувачките портали. Сепак, тие ќе можат да понудат поевтини билети на патниците кои доброволно ќе изберат да патуваат без рачен багаж. Дополнителни права на патниците На патниците повеќе нема да им биде дозволено да им се наплаќаат дополнителни такси за корекција на мали грешки во името на билетот. Тие, исто така, ќе имаат право да добиваат дигитални карти за влез во авионот при пријавувањето за нивниот лет, без никаков дополнителен услов или обврска да имаат сметка или специфична апликација за авиокомпанија. Ревизијата на регулативата на ЕУ за заштита на патниците беше започната во 2013 година. Оттогаш, европратениците се залагаат за проширени права за багаж и заштита на патниците, но се соочија со отпор од некои земји-членки и од воздухопловната индустрија. Новите правила ќе стапат на сила во 2027 година. Извор: Б92Тагови: авиосообраќајот ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“Директорот на ЦУК истакна дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“.Апликацијата ќе овозможи: • Прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; • Испраќање фотографии од местото на настанот; • Испраќање видеа од местото на настанот; • Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации. Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош. Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации. ЦУКТагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаКомисијата за финансирање и буџет одржа средба со експерти од ТАИЕКС-проектот за независноста на НБНа средбата беше реализирана конструктивна и плодна дискусија за прашања поврзани со независноста на Народната банка, монетарната политика и специфичните надлежности и обврски на централната банка. Во Собранието, денеска, се одржа средба на претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, и заменик-членот на Комисијата, Мартин Стојановски, со тимот експерти на ТАИЕКС-проектот, поддржан од Европската комисија, на тема „Заштитата на независноста на Народната банка во Република Македонија“. На средбата беше реализирана конструктивна и плодна дискусија за прашања поврзани со независноста на Народната банка, монетарната политика и специфичните надлежности и обврски на централната банка. Воедно, беа разгледани и прашања што се однесуваат на постапките за именување на гувернерот, вицегувернерите и членовите на Советот на Народната банка, како и извештаите на Народната банка и усогласеноста на националното законодавство со меѓународните стандарди и практики во областа на централното банкарство. Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, им се заблагодари на експертите за размената на искуства и добрите практики, истакнувајќи дека ваквите средби придонесуваат за унапредување на законодавната рамка и за зајакнување на институционалната независност на Народната банка.Тагови: ТАИЕКС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook