Одобрена согласност за грант за делницата на пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија

Со овој грант значително ќе се забрза процесот на довршување на железничката пруга помеѓу Македонија и Бугарија.

На денешната 47-ма седница на Владата на Република Македонија е разгледана Информацијата за доделување на грант преку 25-ти повик за техничка помош и за 6-от повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка - граница со Република Бугарија како дел од коридорот VIII, со укажување со ЈП за железничка инфраструктура ,,Железници на Република Македонија"- Скопје, да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).

Со овој грант значително ќе се забрза процесот на довршување на железничката пруга помеѓу Македонија и Бугарија, како дел од обврските на нашата земја во развојот на Паневропскиот коридор 8, а со добивање на инвестицискиот грант ќе се дополни финансиската конструкција за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, со што ќе се намали задолженоста на Република Македонија.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективната социоекономска интеграција на Ромите повратници од Западен Балкан", и ги задолжи Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на Претседателот на Владата да ги координираат активностите за имплементацијата на проектот.

Проектот има за цел да ги унапреди капацитетите на западнобалканските земји на централно и локално ниво за спроведување сеопфатни модели за реинтеграција на повратниците со поопширна агенда за социјална инклузија со унапредување на социоекономската благосостојба и разрешување на изворните причини и негативните фактори за миграција на Ромите и ранливите популации.

Буџетот на проектот е 4,6 милиони евра и ќе се имплементира регионално во 3 држави, Република Македонија, Република Србија и Република Албанија. Финансиран од Европската комисија и УНДП.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за формирање на нов Совет за заштита на потрошувачите и донесе Решение за именување на членови на Советот за заштита на потрошувачите.

Советот во основа има за цел да се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси и за нивното редовно информирање во остварувањето на нивните права. Советот ја проучува постојната правна регулатива и предлага соодветни измени во областа на правната заштита на потрошувачите, ја следи реализацијата на Програмата за заштита на потрошувачите и предлага на Владата на Република Македонија мерки за нејзино остварување.

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Македонија".

Проектот се однесува на унапредување на енергетски-ефикасна реконструкција и модернизација на избрани јавни објекти во образовниот сектор (Студентски домови во државна сопственост) во Македонија, конкретно зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност. Програмата ќе се фокусира на студентски домови во државна сопственост во следните градови: Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

Заедно со обновата на енергетската ефикасност на зградите и структурното зајакнување, основните мерки за удобност ќе бидат суштински дел од Програмата, како што е реновирање на санитарни инсталации, обнова на електрична опрема, безбедносни мерки, стандардни работни соби, итн. со цел да се подобри средината за живеење и учење за студентите.

Владата на Република Македонија го задолжи Министерството за образование и наука да го вклучи студентскиот дом „Стив Наумов" како приоритетен во проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Македонија".

Владата денеска ја усвои Информацијата за согласност на Комисијата за заразни болести на барањето на Здружението за планинско трчање, експедиции, алпинизам и адреналински активности во планина „Трекс" со што е одобрена организацијата и спроведувањето на трката „Водно – Матка треил маратон 2021" со препорака за доследно спроведување на протоколите за спортски настани на отворено.

На оваа седница на Владата е прифатена и согласноста на Комисијата за заразни болести на барањето на група општински и меѓуопштински превозници за зголемување на дозволениот број патници од 50% на 75% од вкупниот капацитет во превозните средства утврдени со закон за оваа намена.

Видео: Корејци ја пеат „Молитва“ од Марија Шерифовиќ

На интернет се појави снимка на која музичка група од Кореја ја пее песната „Молитва“ на натпревар за пеење.

На нивните способности не остана рамнодушна ни самата Марија Шерифовиќ, која со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Пејачката го изрази своето воодушевување од нивната изведба на својот Инстаграм профил.

Таа во објавата напомена дека ова е најдоброто изведување на нејзината песна, и напиша прекрасна порака упатена до талентираните Корејци.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Фото: Елена Китиќ ги запали социјалните мрежи

Таа објави фотографија во костим за капење, која го покажува нејзиното совршено тело и облини.

Ќерката на пеачкиот пар Миле Китиќ и Марта Салиќ, Елена Китиќ е активна на социјалните мрежи, а фановите неретко ги изненадува со смели фотографии.

Имено, Елена, судејќи по објавите, отпатувала во потоплите краишта. Елена најпрво објави фотографија во костим за капење од една од плажите во Доминиканската република, за потоа да објави снимка на која се гледаат убавините на оваа луксузна дестинација.

Фотографијата во костим на капење на која го покажува своето совршено тело и облини, наиде на многу позитивни реакции од фановите.

„Згодна“, „Убавице“, „Жена бомба“, се само дел од коментарите.

Сирискиот претседател и неговата сопруга имаат корона

Претседателот н Сирија Бапар Ал Асад и неговата сопруга Асма се заразени со коронавирусот, но се добро и нивната состојба е стабилна, објави денес претседателството, додека во земјата расте бројот на заразени.

Ал Асад и сопругата Асма направиле ПЦР тест откако почувствувале благи симптоми на корона.

Тие ќе бидат во изолација две до три недели.

„Во текот на изолацијата која ќе трае измеѓу две и три недели тие ќе продолжат со работата од дома“, додава претседателството во соопштението.

На почетокот на март министерството за здравство извести за зголемување на бројот на инфекции и повика на строго почитување на дистанцата и оцени дека таа земја не е поштедена од другите варијанти на вирусот.

Власта на крајот на февруари најави почеток на кампања за вакцинирање на медицинскиот персонал. Сирија доби 5000 дози од кинеските вакцини за 2500 медицинари, според дневниот весник „Al-Watan“, близок до власта. Сирија исто така одобри употреба на руската вакцина.

притисни ентер