Односите Скопје – Софија пред (де)ескалација?

Јотова за „Bulgaria on air“ вели дека инцидентот во Охрид ја прелеал чашата, а оти Законот за здруженија бил спротивен на европското и меѓународно право. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Путин продолжи со кадровските промени во рускиот воен врв

Рускиот претседател Владимир Путин назначи нов прв заменик - министер за одбрана и тројца заменици министри, се вели во декретите објавени денеска на веб-страницата на руската државна администрација.

Според указот, Леонид Горнин е назначен за прв заменик - министер за одбрана на Руската Федерација, а заменици на министерот за одбрана ќе бидат Павел Фрадков, Ана Цивиљева и Олег Савељев, кој ќе биде и шеф на кабинетот на министерството, јавија руските медиуми.

Рускиот претседател ги разреши првиот заменик - министер за одбрана Руслан Чаликов, државниот секретар и заменик - министер за одбрана Николај Панков, заменик - министерката Татјана Шевцова, како и вториот заменик - министер за одбрана, генералот Павел Попов, кој е отпуштен и од воената служба.

Гундоган тренира нормално по натпреварот со Шкотска

Капитенот на германската репрезентација Илкај Гундоган учествуваше на тренингот во Бундеслигата откако се здоби со повреда на скочниот зглоб. 

Фудбалерот од средниот ред на Барселона немаше очигледни проблеми и се очекува да игра против Унгарија во среда во Штутгарт.

Сите преостанати 25 играчи му се на располагање на селекторот Џулијан Нагелсман по успехот од 5:1 против Шкотска во петокот.

Триесет и три-годишниот Гундоган заработи повреда на мечот со островјаните во Минхен, кој мина без проблем за домаќините на ЕП 2024. Играчот од средниот ред беше соборен од Рајан Портеус во 42. минута од петочниот судир.

За овој прекршок шкотскиот дефанзивец доби црвен картон од судијата Клемент Турпин и досуди пенал. Илкај Гундоган играше до крајот на мечот, а потоа го напушти теренот со мраз на десниот зглоб.

Победа против Унгарија ќе обезбеди предвремен пласман за Германија во нокаут фазата на ЕП 2024.

Димитриеска Кочоска: Програмата по која ќе работи идната влада има за цел враќање на Македонија

Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Христијан Мицкоски, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министер за финансии во идната Влада на Република Макед

Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав.

Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме.

Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот.

Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник.
Успеавме Македонијо, за подобри и поубави денови во иднина!

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер