Одлуката на Вселенската патријаршија историски исчекор не само за развитокот на Црквата - Канал 5

Одлуката на Вселенската патријаршија историски исчекор не само за развитокот на Црквата

Одлуката на Вселенската патријаршија историски исчекор не само за развитокот на Црквата, туку и и за просперитетот на нашата државност

Одлуката на Вселенската патријаршија историски исчекор не само за развитокот на Црквата

Одлуката на Вселенската патријаршија историски исчекор не само за развитокот на Црквата, туку и и за просперитетот на нашата државност

11 мај 2022

Одлуката на Синодот на Вселенската патријаршија, предводен од Неговата Сесветост Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, од 9 мај 2022 година, со која „ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи 'вино и елеј' врз раната на нашите тамошни, православни браќа", претставува историски исчекор, не само за развитокот на нашата Црква, ами и за просперитетот на нашата државност. Во тој поглед би можело да се каже дека овој датум е на исто рамниште или веднаш по 8 септември 1991 година.

Зошто? Црквата како општествено-стабилизирачки фактор во државата има голема улога не само за религискиот живот, туку и за севкупниот државно-политички и културолошки тек. Тоа значи дека одлуката на Патријархот Вартоломеј и на неговиот Синод за доделување легитимност на МПЦ-ОА на сеправославно ниво е одлука од енормна полза не само за нашата Црква, туку и за државата како целина. Од вчерашниот ден нашата Црква е правно етаблирана на меѓународно поле, како уште една државотворна институција. Практично, сонот на генерации и генерации свештеници и верници од Македонија за возобнова на старата Охридска Архиепископија се оствари во наше време.

Охридската Архиепископија канонски и евхаристиски е призната Црква од највисоката инстанца во православната екумена, Вселенската Патријаршија. Што значи тоа? Дека расколот и шизмата во кои се наоѓавме цели 55 години повеќе не постојат. Сестраната изолација на МПЦ-ОА од страна на сите помесни православни цркви автоматски е прекината, штом таа е веќе во канонско единство со првопрестолната Мајка Црква во Православието. Со прости зборови, нашата припадност во единството на сите православни ширум светот сега е законска и валидна.

Одредена дискусија се покрена околу именувањето на нашата Црква. Во официјалното соопштение од Вселенската Патријаршија за тоа дословно стои вака: „Како име на оваа Црква го признава 'Охридска' (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Македонија), како што нејзиниот Претстојател писмено ѝ вети на Вселенската Патријаршија, која не го употребува терминот 'Македонска', или друга изведенка од зборот 'Македонија'." Вселенската Патријаршија, значи, ја признава нашата Црква под нејзиното историско и еклисиолошки исправно име „Охридска Архиепископија". Со тоа на нашата црковна јерархија ѝ се признава историската и преемствена поврзаност со древната Охридска Архиепископија, која навлегла длабоко во историската и колективна свест на македонскиот народ. Дополнително, таквото поврзување со древната ОА ни признава црковен континуитет од еден цел милениум. Кога сме, веќе, кај терминот „Македонска", неопходно е да разјасниме дека првиот дел на сегашното име на Црквата – МПЦ, фигурира на историската сцена само педесетина години. Впрочем, ниедна помесна црква во Православието не е призната како „национална" црква и не е запишана со национален предзнак, туку според историското седиште на претстојателот и на синодот. Како дополнително објаснување може да се додаде и името на територијата врз која се простира диецезата на конкретната Црква. Тоа многу добро го знаеле и предводниците на иницијативата за обнова на Охридската Архиепископија по Втората светска воја, кои себеси се ословувале како „Иницијативен одбор за организација на Православна црква во Македонија". Односно, онака како што официјално се водат сите православни цркви според томосите издавани од Вселенската Патријаршија. На пример, правно не постои никаде „Грчка православна црква", туку „Атинска Архиепископија – Православна Црква на Грција". Додавањето на национален предзнак на помесните православни цркви е новост во национал-романтичарскиот 19 век и започнува самоволно од словенските цркви, најнапред од Бугарската во 1870 година. Етнофилетизмот како појава во православната Црква е осуден како ерес на Соборот во Цариград во 1872 година, бидејќи православната црква во некоја држава е црква која ги опслужува сите православни во неа, а не само една конкретна националност. Следствено, името на нашата Црква според црковните закони и традиции би требало да гласи „Охридска Архиепископија – Црква на/во Македонија".

Што се однесува до втората точка од соопштението на Вселенската Патријаршија, во кое се вели дека „се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание" – може да се каже дека ваквата насока е сосема природна и разбирлива. Всушност, со одлуката на Цариград не се регулира административниот статус на Охридската Архиепископија, т.е. не се определува нејзината автокефалност. Едноставно, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј го исползува своето канонско и историско право да уважува молба за апелација и да воспоставува канонско општење. Имено, пред четири години Синодот на МПЦ-ОА упати молба за апелација до Вселенската Патријаршија поради долгогодишното оспорување и игнорирање од страна на СПЦ. Вселенскиот Патријарх, согласно канонскиот поредок, во неколку наврати ги повика српските арихиереи на дијалог и решавање на црковниот спор со нас. Откако тие не одговорија на неговите повици, тој го исползува своето историско и канонско право: го исцели расколот, ја крена шизмата и воспостави канонско единство со нашата јерархија. Сега останува да се реши конечниот административен статус на Охридската Архиепископија, се разбира, со учество и на српските владици, доколку повторно нема бојкот од нивна страна.

Во секој случај, одлуката на Синодот на Вселенската Патријаршија е причина за радост не само кај нас, туку во целиот православен свет. Со неа практично се разрешува последниот поголем црковен раскол во нашето време./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. 

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти.

Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент.

Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година.

Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник.

Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа.

Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема рација во Италија- полицијата врши претреси во повеќе градови поради насилните протести

Италијанската полиција изврши повеќе од 150 претреси во Милано, Монца и уште 20 градови, главно во Ломбардија, како дел од истрагата започната по немирите од минатиот викенд со кои се бори Италија, објави Анса.

Голема рација  во Италија- полицијата врши претреси во повеќе градови поради насилните протести

Италија се соочува со голем тест - за денес се планирани десетици протести.

Италијанската влада во среда усвои декрет за итни мерки за зачувување на јавната безбедност и борба против малолетничкиот криминал, по неодамнешните демонстрации и насилни судири во Милано.

Мерките предвидуваат превентивно притворање на малолетници, построги казни за организирано насилство и распоредување на дополнителни 500 војници на улиците на градот.

Според новите правила, се воведува претпоставка за здрав разум за малолетници кои наполниле 14 години, што значи дека ќе се сметаат за способни да го разберат значењето на своите постапки и да ги управуваат, освен ако не се докаже спротивното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер