3Scandinavian Living Holding и JYSK Данска постигнаа договор за продажба на бизнисот на JYSK во регионот
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
ФудбалОдложени два меча во Серија „А" поради трагедијата во ЏеноваПо огромната трагедија во Џенова, поврзана со уривањето на мостот „Понте Моранди“, Италијанската фудбалска федерација одлучи да ги одложи средбите меѓу Сампдорија - Фиорентина и Милан - Џенова, закажани за в недела. Двата клуба од Џенова се обратија кон одговорните органи на италијанскиот фудбал, за да побараат одложување на двете средби во знак на сочувство со блиските на загинатите од фаталниот 14 август. Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро сподели: „Слични трагедии нема да се повторат, ако сите бидеме обединети. Стани, Џенова“, беа зборовите на претседателот на „морнарите“. Италијанската фудбалска федерација е во постојан контакт со префектурата, владата на окрузите и општината. Првично институциите не наоѓаа објективни причини за одложувањето на натпреварите, дури сметаа дека одржувањето на средбите ќе има позитивен ефект и ќе се знак за продолжување напред и покрај трагичните настани. На крајот, емоцијата преовлада, а двата натпревари ќе бидат презакажани на погоден датум за клубовите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот МицкоскиНема простор за грижи, пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Христијан Мицкоски и покрај тоа што дефицитот на ПИОМ надмина 1 милијарда евра. Вели дека секогаш која се кројат владините политики се земаат предвид и анализите на експертите, но не се согласува со ставот на Фискалниот совет и директорот на фондот Мемов кои вчера дадоа предлози за реформи, меѓу кои и зголемување на придонесите. Засега промени нема да има, ниту во делот на зголемување на старосната граница, кажа премиерот, кој вели дека пари има, само треба да се пренасочуваат од таму кадешто има злоупотреби. -„ Ние во моментот имаме стабилен пензиски систем и во таа насока ќе продолжиме и во иднина. Не треба апсолутно никој да се грижи. / Ние сме процениле дека политиката којашто значеше зголемување на пензиите линеарно, од една страна значеше дополнителен товар на буџетот, но од друга страна значеше намалување на стапката на сиромаштија во државата, по која бевме лидери во регионот. Сега тоа е променето. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Наспроти тврдењата на премиерот, опозициската СДСМ обвинува дека ПИОМ е пред колапс. Оценуваат дека власта не води сметка за пензионерите и ги става во неизвесност, со план финансиската дупка да се покрива на штета на работниците. „ Исплатите на пензиите на сегашните и идните пензионери се во ризик. И што прави криминалната власт? Посегнува по џебот на граѓаните, по парите на компаниите, најавува зголемување на придонесите за пензиско осигурување. Нов арамилук. “-Јованка Тренчевска – потпретседател на СДСМ. Во однос на минималецот за кој СДСМ имаше предлог и во Собрание да се покачи на 600 евра, премиерот изјави дека тој е за повисоки плати, но овој процес според него треба да се одвива преку дијалог меѓу работодавачите и работниците. Таа во моментов изнесува 26.046 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо петок пресуда за Трајко Бојковски обвинет за четири убиства на жениВо Основниот суд во Куманово попладнево се одржаа завршни зборови во судскиот процес против Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство.. Пресудата за него ќе биде изречена во петок..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаScandinavian Living Holding и JYSK Данска постигнаа договор за продажба на бизнисот на JYSK во регионотScandinavian Living Holding и JYSK Данска постигнаа договор за продажба на бизнисот на JYSK во Косово, Албанија и МакедонијаПо повеќе од две децении развој на брендот JYSK во Косово, Албанија и Македонија, Scandinavian Living Holding постигна договор со JYSK Данска за продажба на својот JYSK бизнис и пренесување на работењето во сите три земји под директно управување на JYSK Данска. Она што започна со отворањето на првиот продажен салон на JYSK во Косово во 2004 година, со текот на годините прерасна во регионален бизнис со 25 продажни салони во Косово, Албанија и Македонија. Во овој период, бизнисот се развиваше заедно со локалните тимови на сите три земји, градејќи силно и стабилно присуство на JYSK во регионот. Во текот на овие години, трите локални франшизни компании тесно соработуваа со JYSK Данска во развојот на брендот и проширувањето на бизнисот на сите три земји. Овој развој беше поддржан од искуството и одличното познавање на локалните пазари, како и од континуираниот фокус на понудата на квалитетни производи за домот и животен стил инспириран од скандинавската традиција. „Многу сме горди на она што го изградивме заедно во текот на овие години. Од отворањето на првиот продажен салон на JYSK до 25 продажни салони во три земји, ова е достигнување што ги одразува работата и придонесот на нашите тимови, довербата на клиентите и силата на нашето партнерство со JYSK. Особено сме горди што изградивме компании и бизнис со високи стандарди, кои привлекоа ваква директна странска инвестиција во Косово, Албанија и Македонија од силна меѓународна групација со широко портфолио на брендови. За нас, ова претставува значајно признание за она што го изградивме низ годините и важен момент за нашата компанија. Задоволни сме што овој бизнис влегува во нова фаза заедно со JYSK“, изјави г. Фатмир Зимбери, сопственик на Scandinavian Living Holding. Овој договор претставува природен следен чекор за бизнисот на JYSK на сите три земји. Со преминувањето под директно управување на JYSK, бизнисите ќе имаат можност да ги искористат придобивките од директните инвестиции на JYSK, како и од континуираниот фокус на компанијата на понатамошен раст во регионот. Трансакцијата ќе биде завршена на 1 јануари 2027 година. За клиентите, услугата ќе продолжи без прекин, а JYSK ќе продолжи да ги опслужува клиентите во Косово, Албанија и Македонија преку постојната мрежа на продажни салони и онлајн каналите. За Scandinavian Living Holding Scandinavian Living Holding е матична компанија со диверзифицирано портфолио на бизниси, кои работат преку нејзините локални компании во регионот. Во рамките на ова портфолио, локалните компании на Групацијата го управуваат бизнисот на JYSK во Косово, Албанија и Македонија, додека во секторот за брза храна ги управуваат франшизните бизниси на KFC во Косово, Албанија, Северна Македонија и Црна Гора. Групацијата, исто така, поседува и управува со сопствен логистички центар и со Scan Color, а воедно е и еден од главните инвеститори во Prishtina Mall. Преку овие активности, Scandinavian Living Holding во текот на годините изгради широко портфолио на бизниси и брендови, развивајќи компании со високи стандарди и силно и стабилно присуство во Косово и на земјите во регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter