Одложен е почетокот на Ролан Гарос - Канал 5

Одложен е почетокот на Ролан Гарос

Почетокот на вториот тениски Грен слем турнир во сезоната, Ролан Гарос во Париз, ќе се одложи за една недела и ќе започне на 30 мај, објави денеска Француската тениска федерација (ФФТ).

Одложен е почетокот на Ролан Гарос

FFT соопшти дека одлуката е резултат на желбата „да се игра турнирот пред најголем можен број гледачи, со оглед на нивното здравје и безбедност“ во контекст на пандемијата на коронавирус.

Французите сакаат да ги вратат гледачите на спортските и културните настани од средината на мај, се разбира, доколку се создадат епидемиолошки предуслови.

„Воодушевен сум што разговорите со претставниците на владата, претставниците на Меѓународната тениска федерација (ИТФ) и нашите партнери и телевизиски компании, во постојана соработка со Женската асоцијација за тенис (ВТА) и Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) ни овозможија да одложиме почетокот на Ролан Гарос 2021 за една недела “, рече претседателот на ФФТ, Жил Моретон.

„За љубителите на тенисот, играчите и атмосферата, присуството на гледачи е од витално значење на нашиот турнир, кој е најважниот пролетен спортски настан“, додаде Моретон.

Преместувањето на Роланд Гарос за дополнителна недела во јуни ќе се судри со дел од сезоната на турнирите на тревни терени што претходи на Вимблдон, што треба да започне оваа година на 28 јуни, 15 дена по крајот на најголемиот светски турнир на црвеница. Ова не е ништо ново за тенисерите, со оглед на тоа што ваквиот распоред на турнири е вообичаен многу години, сè додека не се воспостави тринеделен календар помеѓу двете европски грен слем натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Љуљзим Фаризи.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер