Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Kочани, за двајца градоначалници ОЈО поднесе жалба - Канал 5

Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Kочани, за двајца градоначалници ОЈО поднесе жалба

Ќе останат во домашен притвор или ќе се вратат во ефективен притвор екс градоначалниците на Кочани Димитровски и Илијев ќе одлучи штипскиот Апелациски суд.. 

Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Kочани, за двајца градоначалници ОЈО поднесе жалба

Штипска Апелација треба да одлучи дали екс градоначалниците на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илијев, ќе бидат вратени во ефективен притвор или ќе останат во домашен. Оттаму за Канал 5 потврдуваат дека ги добиле жалбите на обвинителството, се доставуваат на одговор до странките и одлука најверојатно ќе има утре. Инаку и двајцата поранешни градоначалници се наоѓаат помеѓу осомничените за пожарот во дискотеката Пулс. Кочанскиот основен суд претходно соопшти дека одлучувал по 22 жалби на осомничените и донел одлука:

„Основен суд Кочани одлучи за 19-деветнаесет осомничени жалбата да се одбие и остане определната мерка притвор, додека за 3-тројца осомничени мерката притвор е заменета со куќен притвор, и согласно член 144, чл. 146 став 1 т. 3 од ЗКП е определена и мерка на претпазливост - привремено одземање на патна или друга исправа за преминување државната граница односно забрана за нејзино издавање.“

Во домашен притвор оди и екс директорката на ДПИ Анета Симеска Димоска откако обвинителството дало согласност дека мерката куќен притвор е адекватна бидејќи во жалбата биле изнесени околности и причини за тоа. Во ефективен притвор останува осомничениот градоначалник во оставка Љупчо Папазов а жалби обвинителството поднело за другите двајца градоначалници. И додека тече истрагата за случајот на социјалните мрежи се појави нова снимка од кобната ноќ во дискотеката. Може да се види како присутните во паника почнуваат да излегуваат од дискотеката и како настанува метеж на излезот.

Инаку деновиве се вршеа и претреси на повеќе локации во Кочани и Скопје, како и во домот и угостителските објекти на сопственикот на дискотеката Пулс, Дејан Јованов Деко. Одземена е документација, мобилни телефони и компјутерии а се испитуваат лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Кинезите демантираат: Со Трамп не сме разговарале за царините, а уште помалку имаме договор

Кина повика на укинување на сите „еднострани“ американски царини, бидејќи се појавија знаци дека администрацијата на Трамп може да ја деескалира трговската војна со Пекинг.

Кинезите демантираат: Со Трамп не сме разговарале за царините, а уште помалку имаме договор

Кина тврди дека не одржала трговски разговори со Вашингтон и покрај коментарите на американската влада кои сугерираат дека имало ангажман.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати изјави дека САД ќе се договорат со Кина, а вчера изјави дека има „директен контакт“ меѓу двете земји.

„Оној што го врзал ѕвоното мора да го одврзе“

Трамп, кој ги нарекува неговите царини „реципрочни“, тврди дека нивната цел е да се поправи неправедниот трговски дисбаланс со САД.

САД треба да ги отстранат сите „еднострани царински мерки“ против Кина „ако навистина сакаат“ да го реши трговскиот проблем, изјави денеска портпаролот на Министерството за трговија, Хе Јадонг.

„Личноста што го врза ѕвоното мора да го одврзе“, рече тој на редовната прес-конференција.

„Не преговаравме со Американците за тарифите“

Администрацијата на Трамп ќе размисли за намалување на тарифите за увезената кинеска стока од сегашното ниво од 145 отсто на меѓу 50 и 65 отсто во очекување на преговорите со Пекинг, објави Ројтерс, цитирајќи извор запознаен со ова прашање.

Тој, исто така, ги повика САД да обрнат внимание на „рационалните гласови“ на меѓународната заедница и домашните партии.

„Кина и САД не одржаа консултации или преговори за царините, а камоли да постигнаа договор“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун на одделен брифинг со новинарите, нарекувајќи ги извештаите за такви информации „лажни вести“.

Новиот Рено е поскап од Порше 911 (ФОТО)

Renault ја објави цената на својот електричен ѕвер.

Новиот Рено е поскап од Порше 911 (ФОТО)

Иако „петката“ на Рено отсекогаш била замислена како народен автомобил, симпатичен компакт кој ќе биде верен придружник на француските и европските семејства, од 1980 година и првото турбо, овој модел е на мета на љубителите на возењето.

Renault 5 Turbo помина низ две изданија, двете подеднакво екстремни, а потоа пристигна и третата генерација. Како и основниот модел, кој беше реинкарниран како моден електричен градски автомобил, верзијата Turbo исто така стана електрична. Името е Turbo 3E, а единствената допирна точка со неговите претходници се екстремните перформанси. И погон на задните тркала.

155.000 евра

И цената која штотуку е објавена. Како што велат од Рено, за нивниот најрадикален модел ќе бараат неверојатни 155.000 евра, и тоа за првите 500 примероци. Станува збор за основната цена без дополнителни опции или персонализација, на која дефинитивно треба да се смета со поскап примерок.

Маката за клиентите не завршува тука, бидејќи сите заинтересирани заедно со нарачката ќе треба да платат неповратна аконтација од 50.000 евра. Имено, Renault напоменува дека парите од уплатите ќе бидат искористени за комплетирање на развојот на моделот. Сите што ќе платат ќе бидат контактирани на почетокот на следната година, а потоа ќе имаат можност да учествуваат во персонализирање на автомобилот и дополнително зголемување на цената на автомобилот.

Автомобил без конкуренција

Renault 5 Turbo 3E има монококна карбонска шасија и е придвижуван од два електрични мотори од 540 КС. Достигнува 100 km/h за 3,5 секунди, а има батерија од 70 kWh која обезбедува автономија од околу 400 km.

И за крај, да напоменеме дека овој модел нема директен ривал на пазарот, како по перформанси, така и по цена. Не се сомневаме дека продажбата ќе биде успешна, но впечатокот е дека на оваа 5-ка сепак ѝ недостигаат малку гените на својот претходник.

Доби казна возачот кој џип возеше по велосипедска патека во скопски Бутел (ВИДЕО)

Настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот.

Доби казна возачот кој џип возеше по велосипедска патека во скопски Бутел (ВИДЕО)

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило "Ауди" со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. "Бутелска" ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот. Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба, соопштија од МВР.

YouTube video

притисни ентер