Oдбележани 118 години од саможртвата на гемиџиите - Канал 5

Oдбележани 118 години од саможртвата на гемиџиите

Со положување цвеќе пред споменикот  „Гемиџии" кај Мало Мовче на левата страна од Велес, делегација од Општина Велес денеска  ја одбележа 118-годишнината од саможртвата на велешките херои – гемиџиите и се поклони на нивниот херојски подвиг.

Oдбележани 118 години од саможртвата на гемиџиите

На крајот од април 1903 во Солун, кружок на млади македонски интелектуалци кои се нарекле гемиџии, поголемиот дел од нив од Велес, со серија акции во кои самите тие биле жртви, сакале да го свртат вниманието на големите европски сили кон Македонија поробена од Турците.

По 118 години од солунските атентати, Велес и велешани со длабока почит се сеќаваат на храбрите подвизи на: Јордан Поп Јорданов–Орцето, Димитар Мечев–Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, како и на нивните соборци.

Поради состојбата со коронавирусот, и оваа година како и лани изостана прослава со помасовно присуство на повеќе делегации, граѓани и здруженија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет

Веќе од следната недела владата најверојатно ќе интервенира со намалување на акцизите за нафтените деривати, за да се ублажат последиците од блиско источната криза.. Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница.

Денеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на советот, а министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование.

На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се разговара и за тоа. Економско-социјалниот совет го сочинуваат 12 членови, по четири од владата, од репрезентативниот синдикат и од репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка

Актуелниот светски шампион Аргентина со уште еден резулатски пресврт се избори за ново финале на фудбалски Мундијали.

Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка

Аргентинските фудбалери обезбедија место во големото финале на 23 Светското првенство, по уште еден неверојатен пресврт и триумф над најголемиот ривал на сите полиња Англија.

На полуфиналето во Атланта видовне две сосем спортивни полувремиња, досадно прво и супер интересно и неизвесно второ0 полувреме кое го одлучи патникот на финалето во Њу Џерси.

По досадните први 45 минути, во вториот дел видовме се она што фудбалот го прави најважната споредна работа на светот.

Англија одлично го отвори вториот дел и со голот на Гордон во 55 минута победе со 1-0. Во следните дваесетина минути фудбалерите на Гордиот Албион ја контролираа играта и резулатот. Но потоа следуваше кардинално одлука на англискиот селектор Тухел,кој многу рано уште во 70 минути одлучи да ја брани предноста пред најефикасниот напад на шампионатот, неговите избраници се повлекоа а тоа секако фудбалските велемајстори од Јужна америка веднаш го искористија.

Популарните „гаучоси“ започнаа со сите сили да атакуваат кон голот на Гордон.Англискиот голман одолеваше се до 85 минута, бранејќи неколку големи пролики на противниците, кога капитулираше по максимално прецизниот шут на Енцо Фернандес кој погоди на вистинското место со удар од 20 метри.

Израмнувачкиот гол на Енцо беше само дополнителен импулс за Меси и другарите да продолжат со атаците кон голот на Англија. Во втората минута од судиското надополнување уште една неверокјатна асистенција на Меси во гол вреден финале ја претвори Лаутаро Мартинез за ерупција на полните трибини во Атланта.

По крајот на полуфиналето може да се каже и заклучи дека селекторот на Аргентина Скалони тактички го надмудри својот противник на клупата Тухел, бидејќи неговите замени и тактички промени во финишот значеја пласманна неговиот тим во второ последователно мундијалско финале.

„Гаучосите“ на дуелот со Англија ја продолжија неверојатната нјиза на пресврти и фантастични натпревари какви што одиграа и против Капо Верде, Египет и Швајцарија.

До крајот на Мундијалот во Северна Америка сега остануваат само уште две средби оние најзначајните за медали и трофејот.

Големото финале меѓу Аргетнина и Шпанија се игра во недела во Њу Џерси од 21 часот а ден претходно од 23 часот за бронзата ќе се борат тимовите на Франција и Англија.

Во финалето против Шпанија, Аргентина ќе се обиде да ја освои втората последователна и вкупно четврта титула.Шпанците пак во своето второ финале во историја ќе се обидат да го повторат успегот од 2010 од Јужна Африка и да стигнат до вториот пехар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 38 степени, попладне услови за локална нестабилност

Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени

Сончево и топло со температура до 38 степени, попладне услови за локална нестабилност

Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Временска прогноза за 16 јули 2026 г. / Извор: УХМР

Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над триесетиот степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде живата во термометарот се очекува да се искачи до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 37 Целзиусови степени.

Сончевото и топло време, со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попалдневните часови се очекува да се задржи и во наредните денови и за време на претстојниот викенд. Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер