Одбележан Денот на менталното здравје: Немој „да прегориш“ - Канал 5

Одбележан Денот на менталното здравје: Немој „да прегориш“

 На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска беше одбележан Светскиот ден на менталното здравје. Настанот беше во организација на Универзитетската клиника за психијатрија, со цел подигнување на свеста за важноста на менталното здравје. 

Одбележан Денот на менталното здравје: Немој „да прегориш“

Како што беше кажано, во нашава држава има пораст на лицата со нарушено ментално здравје, а најавени беа и низа активности со цел да се подигне свеста на оваа тема.

Директорката на Клиниката за психијатрија, Славица Арсова, во изјава за медиуми, рече дека за менталното здравје треба да се зборува на отворено, а не зад затворени врати. Затоа, тие денеска одлучиле да зборуваат за менталното здравје на плоштадот.

Таа подвлече дека менталното здравје не е луксуз, туку потреба и право на секоја индивидуа. Колку телесно, човек треба да биде и ментално здрав. Арсова појасни дека ментално здравје значи не само отсуство од некаква болест, туку да се чувствуваш радосен, среќен, пријатен. Оваа година, темата е врзана за менталното здравје и работното место, каде во текот на работната недела, луѓето најмногу го поминуваат нивното време.

- Постои синдром на прегорување, токму тоа и го велиме денес - „да не дозволиме да прегориме“, подвлече Арсова.

Директорката рече дека се собрани за да се подигне јавната свест околу тоа колку многу е важно на работа, условите во кои работиме, да бидат добри, меѓучовечките односи да се поддржувачки, да се работи тимски, а тоа подразбира еден колега на друг да му помага. На помлади, постари, како што посочи таа, небитно. Бидејќи, здрави луѓе - здраво општество. И обратно, болни луѓе - болно општество.

На новинарско прашање, таа одговори дека со години наназад се бележи пораст на луѓе со нарушено ментално здравје.

- Тоа е повеќефакторски, се разбира. Не можеме да кажеме дека се должи само на еден фактор. Односно, ние имаме зголемен број пациенти години наназад. Но, тоа не мора да значи дека луѓето се поболни, туку може да значи дека луѓето се поинформирани, односно дека еве, овие сите работи што ги правиме, се доволно добро или поподигната е јавната свесност, дека треба да се грижиме и за нашата психолошка состојба, не само за телесното здравје, бидејќи едното од другото не можеме да го одвоиме, нагласи Арсова.

На настанот присуствуваше и министерот за здравство Арбен Таравари, кој најави повеќе активности во програмата на Министерството за идната година, што ќе биле координирани со Клиниката за психијатрија.

- Порано менталното здравје беше некако табу за граѓаните. Меѓутоа, денеска е секојдневие и се соочуваме и навистина, целта е, не само индивидуално, туку и колективно освестување на луѓето за ваквите проблеми што се почести и повеќе луѓето ги пријавуваат кај институциите што се компетентни за тоа, изјави министерот.

Тој нагласи дека веќе има инвестиции во Клиниката за психијатрија, се работело за нови фасада, кров, врати, прозорци, внатрешно уредување, дијагностички методи, со што ќе се овозможело во оваа клиника, „што е терцијарна установа и најкомпетентна во државата за менталното здравје“, да им пружа сѐ подобри здравствени услуги на пациентите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

 Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. 

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година.

Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:

- лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош )

- трансакциска сметка на име на подносителот на барањето)

- наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост.

За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година).

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. 

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер