Манасиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи за Македонија, СДС навива за уставни измени и редефинирање на македонската историја
1Манасиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи за Македонија, СДС навива за уставни измени и редефинирање на македонската историја
МетеоОд утре повторно дожд, стабилизација на времето од петокОд утре до кон крајот на денот и во наредните два дена под влијание на нов влажен воздушен бран земјава ќе биде зафатена од повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.Синоптичарите најавуваат дека на одредени места може да наврнат и над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од пет до 10 сантиметри. Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Слична временска прогноза се најавува и за Скопје каде повремено врнежите од дожд ќе бидат пообилни. Стабилизација на времето се очекува од петок. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи за Македонија, СДС навива за уставни измени и редефинирање на македонската историјаКај Венко Филипче и СДС е евидентна нервозата, затоа што Македонија конечно има позитивни резултати на меѓународен план.Нервозни се затоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека може да се води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси. Во само една недела Македонија доби силни потврди за правилната насока во којашто се движи државата. Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во исполнување на Реформската агенда. Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година. Ова е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет како и меѓународна потврда за државата. Паралелно со ова, нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент испраќа важна порака дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО. Да не го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот со Советот на Европа, со што Македонија ги исполнува сите демократски капацитети. Почитувани граѓани, Разликата е повеќе од јасна. Македонија денес е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати. Тоа е разликата помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ, едните се прифаќаа, другите работат, едните би ја редефинирале македонската историја, а другите ја позиционираат Македонија како почитувана европска држава. Затоа Филипче и СДС се нервозни и затоа им пречи секој успех. Им пречи што Македонија конечно оди напред. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВашингтон пресече: Судбината на Иран на Светското првенство е познатаФудбалската репрезентација на Иран доби визи за влез во Соединетите Американски Држави пред Светското првенство во 2026 година, потврдија американските претставници. Одлуката доаѓа само девет дена пред првиот натпревар на Иран против Нов Зеланд, закажан за 15 јуни во Лос Анџелес. Американските претставници изјавија дека визите потребни за учество на Иран на Светското првенство се издадени, вклучително и за играчите и клучниот тренерски и логистички персонал. Тие, исто така, нагласија дека Вашингтон нема да дозволи злоупотреба на визниот систем за да им се дозволи на лица поврзани со тероризам да влезат во САД под лажни изговори. Иранската фудбалска федерација сè уште не коментираше јавно за одобрувањата на визите. Процесот е дополнително комплициран поради затегнатите односи меѓу САД и Иран и проверката од страна на САД на лица со можни врски со Корпусот на Исламската револуционерна гарда. Иран претходно ја премести својата тренинг база од Тусон, Аризона, во Мексико поради проблеми со визите. Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, изјави дека одлуката е донесена поради неизвесноста околу влезот во САД. Светско првенство во кое учествуваат три нации Светското првенство во 2026 година започнува на 11 јуни и за прв пат ќе биде ко-домаќин на САД, Канада и Мексико. Турнирот ќе биде прв во проширен формат со 48 екипи, при што Иран ќе игра во групната фаза против Нов Зеланд, Белгија и Египет.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин го одби предлогот на Зеленски за директна средбаПретседателот на Русија, Владимир Путин го отфрли повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директна средба со цел да се разговара за можен крај на војната меѓу Русија и Украина.Говорејќи на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, Путин упати критики кон Зеленски и порача дека не е најважна возраста на лидерите, туку нивната способност успешно да ја извршуваат својата работа. Претходно, Зеленски испрати отворено писмо до рускиот лидер во кое предложи директни разговори и оцени дека продолжувањето на војната носи сè поголем товар за руската економија и армија. Путин, пак, изјави дека никогаш не одбил состанок, но нагласи дека пред евентуална средба мора да има сериозни подготовки и договорени основи за разговорите. Тој повторно се повика на разговорите што ги имал со Доналд Трамп во Алјаска минатата година. Во своето писмо Зеленски истакна дека прашањата поврзани со Украина и Европа не можат да се решаваат без директно учество на засегнатите страни, додека Кремљ и понатаму инсистира на своите услови поврзани со териториите што Москва ги смета за дел од Русија. Рускиот претседател оцени дека во моментов Украина е страната која најмногу е заинтересирана за средба, бидејќи сака да ја запре руската офанзива. Воедно, тој упати порака за поддршка до руските сили на фронтот. По изјавите на рускиот претседател, Зеленски реагираше со оценка дека Москва повторно избира продолжување на војната наместо дипломатско решение. Според него, одбивањето на директни разговори покажува дека Кремљ не е подготвен за брз прекин на конфликтот и дека е потребен дополнителен меѓународен притисок врз Русија.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter