ФудбалОд ПСЖ без надомест си заминуваат најдобриот стрелец и првиот човек на одбраната Најдобриот стрелец на ПСЖ, Единсон Кавани и капитенот Тијаго Силва ќе ги напуштат редовите на францускиот шампион по крајот на оваа сезона во Лигата на шампионите, објави денеска спортскиот директор на парискиот клуб.Договорите на двајцата играчи истекуваат во јуни, а Леонардо изјавил за „ Le Journal du Dimanche “ дека нема да им биде понудено продолжување. Кавани, кој дојде во ПСЖ од Наполи во 2013 година, е најдобриот стрелец на парискиот клуб на сите времиња со 200 голови на повеќе од 300 одиграни натпревари. „Беше тешка одлука, обајцата играчи оставија белег во историјата на клубот“, рече Леонардо. „Одлуката ја донесовме врз основа на логиката“, додаде тој. И двајцата ќе ги играат финалните натпревари во Лигата на шампионите, кои треба да завршат во август. ПСЖ се квалификува во четвртфиналето, елиминирајќи ја Борусија Дортмунд во осминафиналето. По паузата од повеќе од три месеци поради епидемијата на коронавирус, тимот ќе започне со тренинзи на 22 јуни. ПСЖ беше прогласен за шампион на 30 април, кога француската лига реши да ја заврши сезоната пред предвиденото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСкијатос под вода- реки течат по улиците во популарното грчко летувалиште (ВИДЕО) Силна бура го погоди Скијатос, еден од најпознатите грчки острови, а само половина час интензивен дожд беше доволен за да ги претвори некои улици во поројни реки.Водата однесе маси и столови од рестораните, навлезе во просториите и предизвика материјална штета, додека сопствениците се на нозе од утрово и се обидуваат да ги санираат последиците. Бурата го погоди островот во саботата навечер, околу 19 часот, а централните улици и крајбрежниот дел на Скијатос беа особено погодени, како што објави грчкиот „Таксидромос“. Снимките од островот покажуваат огромни количини вода што се влеваат во улиците, додека поројот носи предмети што му се нашле на патот. Меѓу нив имаше маси, столови и друга опрема од рестораните. Метеоролошките податоци најдобро покажуваат колку била интензивна бурата. Според грчките медиуми, дневните врнежи достигнале 67,2 милиметри, додека во еден момент, околу 19:20 часот, максималниот интензитет на врнежите бил дури 281 милиметар на час. Силниот пороен дожд траеше околу половина час, но во тој период предизвика сериозни проблеми. Водата течеше по улиците кон брегот со голема брзина, а на некои места беше практично невозможно да се разликува улицата од поројниот тек. На крајбрежниот дел изгледаше како морето и улиците да се споиле. Кога водата се повлече, стана јасно дека бурата оставила повеќе од само драматични снимки. Водата навлезе во неколку деловни згради, каде што оштети стока и опрема. Сопствениците и вработените се обидуваат да ги исчистат просториите и да ја проценат штетата од утрото. Особено беа погодени објектите лоцирани на пониските точки, каде што големи количини вода течеа од околните улици. Имаше проблеми и со електричната енергија На дел од островот имаше прекин на електричната енергија, додека водата навлезе и во просторија во локално стручно училиште. Според медиумските извештаи, и покрај интензитетот на бурата, не се регистрирани други поголеми последици. Бурата предизвика проблеми и со сообраќајот. Локалните медиуми јавуваат дека поради временските услови, летовите беа откажани, додека движењето на некои улици беше практично невозможно за време на најсилниот пороен дожд. Скијатос е особено познат по својот аеродром, чија писта се наоѓа веднаш до морето и кој стана атракција меѓу туристите поради авионите што минуваат многу ниско над блиската плажа при слетувањето. Бурата доаѓа кон крајот на септември, во време кога главната летна сезона завршува, но на Скијатос сè уште има туристи. Островот припаѓа на Спорадите и е едно од најпопуларните летувалишта во Грција во текот на летото. Затоа, фотографиите и видеата од поплавените улици привлекоа големо внимание на социјалните мрежи. Метеоролозите претходно предупредија на влошување на времето во делови од Грција, а Магнезија и Спорадите останаа во готовност за можноста за пообилни врнежи од дожд. За жителите и сопствениците на бизниси на Скијатос, сепак, во недела наутро веќе започна чистењето. Бурата, која траеше само околу триесет минути, беше доволна за да ги претвори улиците на еден од најпознатите туристички острови во Грција во реки и да остави зад себе вода, кал и оштетена опрема.Тагови: летувалиште Скијатос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмбасадорката на САД наводно му се заканила на грчки министер дека може да ја соборат грчката владаКимберли Гилфојл, амбасадорката на САД во Грција, наводно сугерирала дека Вашингтон бил вмешан во соборувањето на владата на Илие Болојан во Романија и рекла дека сад може да го направат истото во која било земја. Информацијата ја објави „Волстрит Журнал“, кој се повикува на извор присутен на разговорот.. Според цитираниот извор, ваквата изјава амбасадорката ја дала во март, за време на вечера во Атина на која присуствувале грчки и американски функционери, кога Гилфојл влегла во расправија со грчкиот министер за енергетика Ставрос Папаставру, пред другите гости. Осврнувајќи се на претстојниот пад на романската влада, таа им рекла на присутните: „Можеме да го направиме тоа во која било земја што ќе ја избереме. Можеме да го направиме тоа и овде“... По ова, разговорот станал напнат, а Папаставру возвратил дека САД не може да ја заменат грчката влада, која е избрана од народот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУставниот суд пресече – лекарите во јавното здравство можат да работат дополнителна работа Лекарите од јавното здрваство ќе продолжат и натаму да работат и приватно во болниците.. Термин нема со месеци, ама ако платиш приватно во државна болница, попладне, веднаш ќе може да направиме интервенција. Ваков одговор со години добиваат дел од пациентите кои се принудени за истата услуга што им следува со платените придонеси, сепак, пак да си извадат пари од џеб и да си платат за да не чекаат со месеци. Оваа пракса продолжува да се спроведува низ клиниките, особено откако и Уставниот суД неделава ја отфрли иницијативата со кои беа оспорени законите што им овозможуваат на лекарите да вршат прегледи и операции во јавните институции по регуларното работно време. Министерот за здравство Сашо Клековски ја поздрави одлуката и смета дека на тој начин се задржуваат нјадобрите лекарите во јавното здравство, но сепак најави можни законски зимени со кои би се прецирал начинот на дополнителна работа.. Иако според Уставен законската регулатива сама по себе не претставува уставно проблематична категорија, постои зголемен ризик за корупција, бидејќи лекарите ги користат просториите, медицинската опрема и помошниот персонал на јавните установи за услуги што ги даваат приватно, односно за тоа земаат дополнителен хонорар што не би го зеле ако терминот бил во регуларно работно време, велат за Канал 5 од невладината организација ЕСЕ. Решение за проблемот има, а тоа се јавни и транспарентни листи на чекање, јасни термини кои ќе бидат предвидени за месеците што следуваат, но и строг надзор, вели Борјан Павловски од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. „Треба добро не се контролира кој се се упатува на дополнителна дејност, дали пациентот бил комплетно, за се добро информиран, колку е реалната листа на чекање во јавната здравствена установа, а колку пациенти одат на дополнителна дејност. Сето тоа треба да се контролира и од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување. Само тогаш, ако не се избегне, сосема ќе се намали значително корупцискиот ризик од дополнителната дејност. Но, се додека е оставено вака, без соодвентни контроли, без транспарентни листи, без информираност на пациентите дополнителната дејност ќе претставува корупциски ризик.“ Здравствените власти сметаат дека дополнителната дејност не може да се укине особено бидејќи општи болници од внатрешноста функционираат со позајмени доктори од клиниките од Скопје, но е и мотив за најдобрите доктори да останат во јавното здравство. Сепак најавија законски измени бидејќи неприфатливо е болниците да немаат ни обврска да го известуваат Министерството во кои дејности и кои доктори вршат дополнителна работа, како што е случај во изминатите три години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook