Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ТехнологијаОд НАСА забележале најголема комета до сегаВселенскиот телескоп Хабл на НАСА го потврди постоењето на комета чие јадро е 50 пати поголемо од просекот.Нејзиниот леден центар има маса од околу 500 трилиони тони и е широка околу 137 километри. Кометата C / 2014 UN271 се движи кон Земјата, односно во нејзин правец со брзина од 35.400 km/h, но тоа не треба да нѐ загрижува. Имено, дури во 2031 година ќе биде најблиску до Сонцето, на растојание од околу милијарда километри. Земјата во просек е оддалечена 150 милиони километри од нашата ѕвезда, пишува Би-Би-Си. Научниците првпат ја забележале оваа комета во 2010 година, но Хабл дури сега официјално ги потврди податоците. Тоа е најголемата комета што астрономите некогаш ја виделе. „Порано мислевме дека е многу голема комета бидејќи има силна светлина на голема далечина. Сега го потврдивме тоа“, рече планетарниот научник Дејвид Џевит од Универзитетот во Калифорнија (UCLA). Кометата била откриена пред десет години од астрономите Педро Бернардинели и Гери Бернштајн од меѓуамериканската опсерваторија Серо Тололо (CTIO) и го добила името Бернардинели-Бернштајн. Кога ја забележале, била оддалечена 4,8 милијарди километри од Сонцето. НАСА вели дека кометите се ледени „лего коцки“ останати од древното минато на Сончевиот систем кога се формирале планетите. „Тие беа исфрлени од Сончевиот систем со гравитациска игра како флипер помеѓу масивните планети во надворешниот Сончев систем. Тие завршија во облакот Орт, огромен резервоар на далечни комети што го опкружуваат Сончевиот систем“, се вели во соопштението на НАСА. Ортовиот облак е огромен сферичен облак од кометски јадра што ја формира границата на Сончевиот систем. Оваа обвивка е најгуста на растојанија од околу 50.000 астрономски единици и тежи до 200.000 AJ далеку во вселената. Ортовиот облак е многу редок, така што кометите во просек се оддалечени десетици милиони километри една од друга. Астрономска единица (AJ) е мерка што се користи во астрономијата и го означува просечното растојание на Земјата од Сонцето. Холанѓанецот Јан Хендрик Орт бил првиот кој предложил постоење на сферичен облак од јадра на комети во 1950 година, врз основа на набљудуваните орбитални карактеристики на кометите во долг период. Но, облакот е сепак донекаде теоретски феномен бидејќи безбројните комети што го сочинуваат се едвај видливи и се премногу далеку за директно да се набљудуваат, според НАСА. Така, овој облак од комети е толку далеку од нашата ѕвезда што е практично четвртина од патот до следниот најблизок ѕвезден систем, Алфа Кентаур. Тоа е огромна мистерија за научниците и една од најголемите структури во нашиот Сончев систем. Иронично, тоа значи дека најголемата структура на Сончевиот систем е речиси невидлива за нас. Се проценува дека парот вселенски летала на НАСА „Војаџер“ ќе стигне до внатрешниот облак Орт за околу 300 години и ќе им требаат следни 30.000 години за да поминат низ него. Од време на време, поради гравитационото влијание на Сонцето, од него излегува тело - како кометата Бернардинели-Бернштајн. Оваа комета има неверојатна елипсовидна орбита околу Сонцето долга 3 милиони години, а сега се чини дека почнува да се приближува до нас. По 2031 година ќе почне да се враќа во пустите места на Сончевиот систем, пишува Science Alert. Ова значи дека имаме речиси една деценија можност да ја набљудуваме, со цел да научиме што е можно повеќе за C / 2014 UN271 пред таа тивко да забрза назад во потемните делови на вселената. Студијата наречена Hubble Space Telescope Detection Of The Nucleus Of Comet C/2014 Un271 (Bernardinelli–Bernstein) е објавена во „The Astrophysical Journal Letters“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТерористички напад пред израелската амбасада во Белград: Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“Малолетник со два ножа, извикувајќи Алах Акбар, доцна синоќа е убиен, откакоСе работи за момче од Шабац, кое според полицијата, бил приврзаник на џихадистичката Исламска држава и веќе било следено од безбедносните служби како потенцијална закана. Полицаецот кој во самоодбрана смртно го застрелал напаѓачот, минал со полесни исекотини. Според министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, се работи за терористички напад, а нивото на терористичка закана е подгигнато на највисоко ниво. -Тоа ниво се зголемува на црвен степен. Toa значи дека од наутро ќе биде засилена контролата и присуството на полициските сили на сите места кои се важни поради инфраструктурните објекти и поради собирање на поголем број граѓани. , изјави Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи Во актуелната наелетризирана постизборна состојба во Србија, црвено ниво на безбедност не значи забрана за јавни собири, но значи зголемено присуство на полиција онаму каде што има. Од Студентската листа стравуваат дека актуелната влада во заминување може да го злоупотреби нападот пред амбасадата, дури и да прогласи вонредна состојба, со што би се пролонгирало конституирањето на новото собранието и новата влада, рече во интервју, кандидатот за пратеник на листата, Немања Ѓуриќ. Темата за евентуално прогласување вонредна состојба стана актуелна во дел од српските медиуми по упадот на група граѓани во телевизија „Информер“, собирите пред Пинк и јавниот сервис, но и заканата на Вучиќ дека како партија ќе се самоорганизираат, ако државните органи останат неми на инцидентите. -Вонредна состојба се воведува тогаш кога заканата за државата и за граѓаните е огромна, односно кога под закана е опстанокот на државата и на граѓаните. Во овој момент тоа не постои, а дали некој ќе се обиде тоа да го исценира и да создаде таква слика, останува да видиме. , изјави за „Инсајдер.рс“, Предраг Петровиќ, Центар за безбедносна политика Синоќешниот е втор теористички напад пред израелската амбасада во Белград, откако пред две години маж со самострел рани жандарм кој го обезбедуваше. И тогаш беше прогласно црвено ниво на закана, кое траеше шест дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМакедонски Телеком воведува прва самостојна 5г плус мрежа во земјаваМакедонски телеком ја воведува првата самостојна 5г+ мрежа во Македонија, која треба да донесе побрз и постабилен мобилен интернет и нови дигитални услуги.Од компанијата информираат дека инфраструктурата е веќе поставена, а новите функционалности постепено ќе се активираат и ќе им бидат достапни на корисниците до крајот на годинава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжуваФилипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој?Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија, а домашната гасоводна мрежа се оспособува за ставање во функција. Филипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој? Според проектните податоци од 19 октомври, на македонската делница се испорачани 64 километри цевки, заварени се 43, а 18 километри се поставени во ров. Експропријацијата е реализирана во обем од 97 проценти. Тоа се конкретни работи на терен, а не политички најави. Паралелно се работи на трасата и проектирањето на поврзувањето со Србија. Новите интерконекции создаваат услови за повеќе правци и извори на снабдување. Затоа поврзувањето на буџетските усогласувања со наводна определба за зависност само од руски гас го изоставува токму она што се прави за диверзификација. Министерството утрово веќе појасни дека изградбата на гасоводи и планираната набавка и складирање природен гас за стратешки резерви се одделни процеси, со различни финансиски и технички предуслови. Обезбедувањето резерви зависи и од достапен складиштен простор и транспортен капацитет. Буџетската промена сама по себе не докажува дека инфраструктурните проекти се напуштаат. Од претседателот на СДСМ очекуваме одговорна критика, заснована на целосни информации. Издвојувањето бројки, без да се објаснат намената на средствата, одделното финансирање и напредокот на проектите, ја доведува јавноста во заблуда. Политичката пресметка не смее да биде поважна од точното информирање на граѓаните. Гасификацијата продолжува. Министерството останува отворено за конкретни прашања и проверка на документите и резултатите. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Министерство за енергетика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00