Од „кралица на свадбите“ до успешна бизнисменка - Канал 5

Од „кралица на свадбите“ до успешна бизнисменка

Денес е една од побогатите на естрадата, еве како дошла до идејата што и донела илјадници евра

Од „кралица на свадбите“ до успешна бизнисменка

Пејачката Маја Шупут денес успешно настапува низ целиот регион и не е тајна дека често ја нарекуваат „кралица на свадбите“. Речиси нема денови Шупут да не работи, што докажуваат бројните настапи на кои луѓето што сакаат да ја слушаат се веселат.

Меѓутоа, нејзината улога сега се сврте. Од пејачка по свадби, Шупут стана една од најдобрите естрадни претприемачи. Таа основа свој бренд каде продава разни производи наменети за припаднички на понежниот пол. Маја открива зошто решила да се испроба во претприемачките води

-Бев поканета на роденденска забава и не знаев што да купам за едно девојче. Нејзините родители ми кажаа дека малечката нонстоп пее. Па реков добро, ајде да земеме микрофон. Понудата беше толку лоша што бев зачудена, па затоа го купив најдоброто од лошите. Детето беше пресреќно, а доби лош микрофон. Кога се возевме накај дома, на сопругот му ја кажав идејата и тој ми рече: „Ти требаше тој микрофон да го имаш одамна“. И тогаш тој ми го овозможи тоа. Од идеја до реализација, продажбата е крвава работа и тоа ќе го каже секој претприемач - рече пејачката, која објаснува како титулата пејачка на свадби“ и помогнала во понатамошната кариера.

- Тогаш бев помлада, ми одеше на нерви и ми се чинеше дека никој не го почитува тоа што го работам затоа што jaс правам повеќе концерти отколку свадби, но имаше многу малку познати успешни жени кои пеат на свадби, што морав да се истакнам. Едноставно немав женска конкуренција во таа сфера и затоа не беше тешко да станам кралица. И тогаш кога луѓето почнаа да закажуваат свадби според моите термини, сфатив дека одлично ми оди. Секако, сето тоа му одговараше на моето его и повеќе не ти е тешко да го работиш тоа, зашто, да разбереме, тоа е рудник. Доаѓаш пред гостите и си одиш последен за да им го разубавиш тој ден, навистина крвава работа. Јас навистина го правам тоа добро - искрено рече Шупут и додаде дека аплаузот ја мотивира најмногу.

Во меѓувреме, Маја лансираше и козметичка линија со нејзиниот потпис. Парфем, средство за дезинфекција на раце, се само некои од производите од нејзината линија. Пејачката ни тука не застана, па пласираше и дневник за тајни за девојчиња, како и албум со детски песни. За потсетување, Маја важи за една од најбогатите пејачки во Хрватска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Владата го одби амандманот на СДСМ со кој се бараа над една милијарда денари дополнителна финансиска поддршка за земјоделците, исплата на заостанатите субвенции и исполнување на обврските кон земјоделските производители. 

Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

На собраниската седница, пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, посочи дека одбивањето на амандманот доаѓа во услови на драстично намалување на субвенциите, натрупани долгови од 10 милијарди денари и 10.000 земјоделци помалку пријавени за субвенции во 2026 година.

Николовски посочи дека официјалните завршни извештаи на Платежната агенција покажуваат дека во 2025 година се исплатени околу 6,2 милијарди денари субвенции, наспроти повеќе од осум милијарди денари во 2023 и 2024 година.

„Тоа значи 50 до 60 милиони евра помалку исплатени субвенции во 2025 година, што е основниот индикатор за катастрофалната состојба и незадоволството кај земјоделците“, рече Николовски.

Тој додаде дека годинава има 10.000 земјоделци помалку пријавени за субвенции, што е последица на импровизациските политики и промените во условите за добивање финансиска поддршка.

„Зошто не се тие ловци, како што ги нарекуваат? Затоа што ако го речете тоа, ќе се соочите со гневот на производителите. Се работи за промени и импровизациски политики за кои нема ниту усогласеност помеѓу премиерот и министерот за земјоделие“, истакна Николовски.

Николовски потсети дека министерот за земјоделство најавувал укинување на условот за предадени 30 проценти од производството, но дека тој услов останал, поради што неколку илјади земјоделци не аплицирале за субвенции. Дополнително, зголемени се праговите за исполнување на условите кај поледелството и лозарството, од 0,2 на 0,5 и од 0,5 на 0,7, а воведена е и поддршка само за сертифициран семенски материјал, со што дополнително се ограничува бројот на корисници.

„Долгот којшто го имате кон земјоделците е 10 милијарди денари. Точно 10 милијарди денари се обврските што се натрупани од 2024 и 2025 година. Затоа го поднесуваме овој амандман од над една милијарда денари, со цел да помогнеме сите заедно да се исплатат млекото, градинарските производи, пчеларството, живинарството и останатите субвенции“, нагласи Николовски.

Тој додаде дека укината е и авансната исплата на субвенциите, која претходно овозможувала земјоделците да добијат 30 проценти од поддршката предвреме. Според него, претходно бил воспоставен јасен календар за исплата, со утврдени рокови и динамика, без селекција на земјоделците.

„Во Европската Унија се знае точно во кој ден и како мора да се исплаќаат субвенциите, како што државата си го собира данокот. Ние таквата динамика комплетно ја нормализиравме, со факти, докази, кога, во кој ден и во кој рок се исплаќани субвенциите, неселективно, за сите земјоделци. Вие направивте еден хаос. Се гледа незадоволството секаде на терен. Завршуваат дел од земјоделските производи на буништа, имаме протести“, рече Николовски.

Николовски посочи и на промените во поддршката за сточарството, наведувајќи дека субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари, додека истовремено се зголемени лимитите за големите производители. Укинати се повеќе програми наменети за малите земјоделци, а прагот за поддршка на големите е зголемен од 300.000 на еден милион евра.

Николовски посочи дека преку интервентниот фонд се креирале мерки наменети за мал број фирми, наведувајќи го примерот со 10 милиони евра поддршка за откупувачите на грозје преку Македонската банка за поддршка на развојот, додека лозарите останале без директна финансиска помош.

„Како може да има 10 милиони евра за откупувачите, грозјето да скапува, а да нема ниту еден денар за лозарите? Ниту еден денар, а имаме заостанати субвенции од 10 милијарди денари“, истакна тој.

Тој ги посочи и ниските откупни цени на земјоделските производи, особено кај оризот, каде што, како што рече, цените се преполовени, како и состојбата со јаболкопроизводителите.

„Кај јаболката ви се потребни 750 килограми јаболка на еден овоштар за да плати дневница за еден берач во текот на сезоната. Многу се поразителни показателите. Тоа верувам дека сте свесни заради тоа што земјоделството не е приоритет на оваа Влада, а ние имаме обврска да зборуваме за тој приоритет и за потребата од поддршка“, рече Николовски.

Дополнително, тој посочи дека со последната владина измена на програмата не е укинат условот за предадени 30 проценти од производството, како што било најавувано од министерот, туку се скратени над 250 милиони денари во делот на зелената нафта.

Николовски предупреди и дека веќе две години нема нови повици за ИПАРД-програмата, која ја оцени како една од најважните алки за модернизација на македонското земјоделство, во која земјата претходно била лидер. Тој направи споредба и со повиците од Програмата за рурален развој, посочувајќи дека во претходните седум години, од јануари до септември, биле објавувани по 12 повици, додека сега има само еден.

„Знаете дека две години оваа Влада нема доделено ниту еден трактор по свој повик. Еден трактор. Досега требаше да има 2.000 до 3.000 трактори коишто ќе беа доделени ако го следевме просекот на претходната Влада. Еден трактор во овие две години не е доделен, а на новиот министер му го поништивте огласот за набавка на механизација. Ако за нешто треба пари во буџетот, тоа се за земјоделците, за да го зачуваме достоинството, да се цени нивниот труд и таа поддршка да се зголемува. Без домашна национална поддршка и без европски фондови, може само да претпоставиме дека одлуката или политиката на Владата е комплетно да биде запоставено земјоделството и да се ориентираме кон други гранки“, порача Николовски, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во Хапоел – Мициќ и Итудис не разговараат?

 Српскиот плеј Василије Мициќ не настапи во победата на Хапоел против Ефес поради повреда на зглобот, но се чини дека во самиот тим постојат подлабоки проблеми.

Аларм во Хапоел – Мициќ и Итудис не разговараат?

Според „Спорт 5“, шефот на стручниот штаб на Хапоел ТА, Гркот Димитрис Итудис и репрезенативецит на Србија, Василије Мициќ не се во добри односи.

До неодамна беа многу блиски, но ситуацијата се промени, па наводно речиси и да не разговараат повеќе. Наводно, комуникацијата е сведена на апсолутен минимум.

„Тоа не е нешто што може да помине незабележано. Тензијата јасно се чувствува. Нешто се случи меѓу Васа и Итудис и нивниот однос веќе не е онаков каков што беше“, велат извори од Хапоел. Според сведочењата, Мициќ потврдил дека односите со Итудис западнале во сериозна криза и станале многу лоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ се најсовремени, СДСМ ја манипулира јавноста

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лошите услови во студентскиот дом „Стив Наумов“.

Јаневска: Условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ се најсовремени, СДСМ ја манипулира јавноста

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лошите услови во студентскиот дом „Стив Наумов“, посочувајќи дека студентите престојуваат во современ и реновиран објект, а евентуалните технички недостатоци ќе бидат отстранети навремено од изведувачот, со оглед дека објектот е под гарантен рок.

Јаневска денеска изврши непосреден увид во домот, откако претходно беа поканети медиумите, но и претставнци на политичката партија СДСМ, кои не се одзваа на поканата. При посетата на домот, министерката порача дека тврдењата за рушење ѕидови, протекување покриви и други сериозни недостатоци не одговараат на реалната состојба.

„Денес видов дека СДСМ држеше прес. Партијата синоним за лицемерство, рече дека е со студентите. Еве како СДСМ во негово време беше со студентите. Живееја во ужасни услови во домовите. Сега е сосема поинаку, оваа Влада навистина се грижи за младите. Имавте можност да влезете во домот и да видите“, изјави Јаневска.

Министерката нагласи дека студентскиот дом „Стив Наумов“ е реконструиран од австриска компанија во соработка со Европската Унија и дека европските претставници при посетите го оценија како еден од најмодерните на Балканот.

„Не само ние туку и европретставниците потврдија дека ова е еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот, а во споредба и со некои други земји пошироко“, истакна министерката.

Во однос на забелешките за одредени технички недостатоци, Јаневска рече дека кај новоизградени објекти може да се појават поединечни проблеми, но нагласи дека домот е под гаранција и дека изведувачката компанија ќе мора да ги отстрани сите утврдени дефекти.

„Дали може да се случи некаков инцидент? Да, може да се случи, домот е нов и стан кога купуваат граѓаните, може да се случи нешто да не е баш како што треба. Домот е под гаранција, фирмата е позната, сè што треба да поправи ќе се поправи и ние ќе се држиме до тоа. Но, дека се рушат ѕидовите, дека течат покириви или дека се случува нешто друго, не е точно. Вие сами видовте“, изјави таа.

Министерката апелираше до семејствата на студентите да не подлегнуваат на обидите на политичките партии и други злонамерници да ги вознемируваат со информации дека нивните деца се сместени во небезбедни услови.

„Децата им живеат во убави услови кои досега ги немало во оваа земја и ќе продолжат во исти такви услови да живеат. Доколку имаат каква било забелешка за живеењето во домот, ние тоа ќе го поправиме“, рече Јаневска.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер