Од Кореја доаѓа луксузниот конкурент на Тесла (ФОТО) - Канал 5

Од Кореја доаѓа луксузниот конкурент на Тесла (ФОТО)

Кога моделот Genesis се претвори во посебен бренд, Hyundai очекува од него голем успех. Сега воведува и нови модели.

Од Кореја доаѓа луксузниот конкурент на Тесла (ФОТО)

Неговиот главен модел е G90, класичен луксузен седан. Се нудат со два вида мотори, турбо полнач со 3,3 V6 со над 365 КС или 5.0 V8 со околу 420 КС. Осумцилиндерскиот чини малку повеќе, а во двата случаи погонот AWD бара доплата од 2500 долари.

Значи, станува збор за крстосувач напојуван од моќен мотор и натоварен со целата негова сега позната опрема чини под 80,000 долари или 79,995 доалри (Genesis G90 5.0 Ultimate AWD), што значи дека најскапиот Хјундаи во историјата чини колку и моделот Тесла С.

И за да може сè да остане во рамнотежа, пристигнува една новина. „ Genesis “, наводно, одлучи веднаш да ја намали цената, за 5000 долари, или 5,250 за перформансите на АВД. Со перформансот V8, попустот оди до 5.750 долари, а за другите брендови се дава дополнителен бонус од 1.000 долари. Hyundai, исто така ќе понуди уште еден бонус од 1000 долари.

Се нуди и изнајмување што е за 200 долари месечно пониско отколку за сериите BMW 7. Тој чини само 899 долари месечно со учество од 5999 долари.

И да не се задржи сè на лимузината, следува и SUV. Неговото име е GV80 и штотуку е воведен во Кореја. Доаѓа со 3,0 дизел мотор и 2,5 турбо бензински , чиј врв е 3,5 V6 со 365 КС. Погонот на сите тркала е опција, а веројатно ќе дојде и во Америка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со филмот „Фантази“ и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова.

Со филмот „Фантази“  и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027)

Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање.

Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети:

Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина.

Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз.

Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод. 

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затворениците

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

ДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затворениците

Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница.

Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Државна изборна комисија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер