Седум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо Турс - Канал 5

Седум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо Турс

Седум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо Турс, семејствата на загинатите и повредените сè уште чекаат конечна судска разрешница.

Седум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо Турс

По одлуката на Врховниот суд со која е укината пресудата за обвинетите и предметот е вратен на повторно одлучување пред Апелациониот суд, семејствата излегоа со писмо до јавноста. Велат дека одлуката ја примиле со неверување и чувство на неправда и дека дополнително ја нарушува довербата во правосудниот систем.

-Сметаме дека ваквата одлука дополнително ја поткопува и онака сериозно нарушената доверба на граѓаните во правосудниот систем. Ова не претставува само неуспех на правосудниот систем, туку и сериозен удар врз целото општество,- - Писмо од семејствата на загинатите кај Ласкарци.

Семејствата потсетуваат дека во меѓувреме дел од родителите кои ги загубиле своите деца не ја дочекале конечната судска разрешница. Тие бараат новата постапка да се води без понатамошно одолговлекување и одлуката да биде заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес.

-Она што го бараме е правда заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес, кои недвосмислено укажаа на причините што доведоа до трагедијата и врз основа на кои беше утврдена одговорноста во првостепената постапка, а потоа и во второстепената, без понатамошно одолговлекување и без никакви компромиси во утврдувањето на одговорноста за изгубените човечки животи,- - Писмо од семејствата на загинатите кај Ласкарци.

На 9 септември Врховниот суд ја укина пресудата на Апелација и предметот го врати на повторно одлучување. Во образложението подоцна наведе дека второстепениот суд не дал конкретни одговори на клучните жалбени наводи, ниту доволно објаснил како дејствијата на секој од осудените придонеле за трагедијата. Посочени се и прашањата околу техничката исправност на автобусот и вештачењата за причините за несреќата, како и тоа дека не било спроведено супервештачење за здравствената состојба на возачот. Сега Апелациониот суд повторно треба да ги разгледа жалбите и да донесе нова одлука.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Се соблече најубавата водителка

Елеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.

Фото: Се соблече најубавата водителка

Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети.

„Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини.

Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани.

Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Една од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. 

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка.

Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес.

Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер.

Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм.

„Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето.

Каква штета“ – беа само дел од коментарите.

Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

На една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил.

На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата.

„Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв.

Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди.

Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили.

„Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер