Од какви жени бегаат мажите?

Ако сте подолго време сама тоа не значи дека немате среќа во љубовта. Или не се појавил вистинскиот, или ќе се препознаете во некој од овие карактери, од кои мажите бегаат, па доколку сакате - можете да се промените.

1. Жена која мрази мажи. Еднаш некој ја повредил и сега е убедена дека сите се исти - ѓубриња. Не е така. Дајте си шанса.

2. Принцеза - изгледа добро, бара многу за себе а не возвраќа. Можеби ќе добие се од мажот но може лесно да биде сменета со друга кукла.

3. Жена која на пријателките им кажува се за врската. Ноќна мора за мажите - вашата пријателка да нае се за вашиот сексуален живот. Бегаат од такви жени.

4. Претерано емотивна. Мора постојано да и се повторува Те сакам. Дајте му простор да дише, работете на самодовербата.

5.Мислителка! Зошто вака ми рече, што му значеше ова, што с екрие зад ова. Додека смислите врската завршила. Опуштете се и уживајте, не анализирајте толку се!

6. Ги мразите неговите пријатели. Зошто?

Почина Милош Јакеш последниот лидер на чешките комунисти

Милош Јакеш кој беше последниот генерален секретар на Комунистичката партија на поранешната Чехословачка, почина во 97 година од животот.

Тој станал лидер на комунистите во 1987 година и беше нивен водач во времето на кадифената револуција во 1989 година, кога беше ставен крај на 40-ет годишното комунистичко владеење во некогашна чехословачка, пренесе АП.

Во 1994 година Чехословачка по мирен пат се раздели на Чешка и Словачка.

Излезеноста до 13 часот во Велес е 28,76 проценти

Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список, до 13 часот гласале 13 226 гласачи или 28,76 проценти на 84 избирачки места во Општина Велес.

Лили Велковска, претседател на Општинската изборна комисија, изјави дека на сите 84 гласачки места гласањето се одвива мирно и во демократска атмосфера./МИА

До 13 часот во Битола гласале 32,4 отсто од гласачите

Во Демир Хисар 31,8 а во Ресен 23,5 отсто 

Општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар и Ресен информираат дека изборниот процес во нивните подрачја се одвива без проблеми и демократски.

До 13 часот во Битола гласале во Битола гласале 32,4 во Демир Хисар 31,8, а во Ресен 23,5 отсто од гласачите./МИА

притисни ентер