Од денеска град во Алјаска нема да го види сонцето наредните два месеца (ВИДЕО) - Канал 5

Од денеска град во Алјаска нема да го види сонцето наредните два месеца (ВИДЕО)

Град на Алјаска се збогува со сончевата светлина во следните два месеци.

Од денеска град во Алјаска нема да го види сонцето наредните два месеца (ВИДЕО)

Сонцето зајде во Утјагвик, порано познато како Бароу, за последен пат во четвртокот, и повторно ќе изгрее за околу 60 дена.

Градот кој се наоѓа северно од Арктичкиот круг влезе во својата годишна фаза на темнина, позната како поларна ноќ, пишува Си-Ен-Ен.

„Поларната ноќ е нормална појава што се случува секоја зима во Бароу (Утјагвик) и сите други градови во Арктичкиот круг“, рече метеорологот на Си-Ен-Ен, Алисон Чинчар.

Феноменот се јавува секоја зима поради наклонот на Земјината оска. „Заради тоа навалување, ниту еден сончев диск не е видлив над хоризонтот“, вели Чинчар.

Но, тоа не значи дека ќе има целосна темнина во градот. „Поголемиот дел од дневните часови ќе поминат низ период познат како граѓански самрак“, додава тој.

„Замислете како изгледа небото непосредно пред изгрејсонцето или веднаш по зајдисонцето“, вели тој. „Тоа е она што тие го гледаат неколку часа на ден, од сега до 22 јануари, кога сонцето повторно официјално ќе изгрее “.

Градот не е единствениот на Алјаска што го поминува овој феномен, но тој е прв на листата на поларни ноќни локации поради тоа што е далеку на север.

Патем, во текот на летото постои спротивна појава, позната како поларен ден, поради што „денот трае“ 24 часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош.

Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи  на Бит пазар

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.

Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија со симпатичен и разигран дизајн.

53 годишната Хајди и Том беа фотографирани на Октоберфест во Минхен, каде што уживаа во празничната атмосфера и носеа традиционална облека.

Манекенката носеше сина фустан-носија (дирндл) со црвени детали, соодветни сатенски чевли со потпетици и бели очила за сонце во ретро стил.

Сепак, во препознатливиот стил на Хајди, ниту овојпат не можеше да се пропушти еден смел детал. Горниот дел од нејзиниот фустан во стилот „дирндл“ беше тесен и припиен, додека белата чипкана блуза имаше длабоко деколте, кое дополнително ги истакнуваше нејзините облини наместо целосно да ги покрие.

Контроверзната Германка сето тоа го искористи за да објави провокативно видео на социјалните мрежи.

Во видеото што го објави на социјалните мрежи, Хајди покажа дел од подготовките и откри со какви тешкотии се соочила додека се обидувала соодветно да го затегне горниот дел од фустанот. Во еден момент изгледаше како фустанот да ѝ е дури и мал, но Хајди сепак успеа да ги „скроти“ своите гради.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер