Јанчев: О. Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради
2Јанчев: О. Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
1Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
МакедонијаОд 1 септември почнува да сообраќа градски воз од Зелеинково до Скопје, за почеток ќе сообраќаат два возаНа очекуваниот старт на градскиот воз од први септември, на маршрутата од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје, ќе транзитираат два воза се додека не се обезбедат повеќе возни средства, најавуваат од Македонски железници. Меѓутоа и со овој капацитет се очекува голем интерес кај граѓаните да се вратат на користење на железничкиот превоз поради значително намаленото време поминато во патување и застој во градскиот метеж - додаваат оттаму. -Од први септември, во зависност од периодот – во утринските часови ќе бидат два а понатака по еден се додека не се комплетираме со возните средства. 18 пара возови треба да бидат на една траса, значи тоа се негде околу 54 воза на сите три траси, меѓутоа кога ќе се комплетираат сите три. Ние во моментов имаме обезбедено возни средства за да тргнеме од први септември, а во меѓувреме сме во постапка и преговори за да обезбедиме нови возни средства кои што би требало да стигнат во текот на наредната година--Горанчо Јовановски, директор на Патнички сообраќај во Македонски железници. Од Железничка инфраструктура најавуваат дека реконструкцијата и на останатите две делници од проектот Градски воз ќе започне наесен. -За другите две фази што се од Волково преку Ѓорче Петров, Скопје Север и Миладиновци – Илинден – Маџари па се до Скопје, за овие две фази имаме објавено постапка за избор на проектант, за подготовка на техничка документација, со градежни активности да се започне истата година, некаде кон есен. -Ивана Биковска, помошник директор за пруги во Јавно претпријатие за железничка инфраструктура. Сепак, состојбата на самите железнички станици и условите за патниците треба да се подобрат со цел да привлечат повеќе корисници, велат од невладиниот сектор. -Моментално, железничките станици се делумно руинирани, второ се недостапни за лицата со посебни потреби, за велосипеди, но исто така се и многу далеку од густо населените места. Значи треба да има координација со ЈСП за некои линии, можеби со минибуси или нешто друго кои ќе ги носат од главните автобуски станици до железничките,- -Дарко Арсовски Петровски, експерт за урбана одржлива мобилност во Гоугрин. Од Македонски железници додаваат дека засега се уште не е дефинирана цената на билетот која по најавите на министерот за транспорт – Николовски, би требало да не е повисока од онаа за приградските автобуски линии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Други спортовиМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадетиМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети и 8. ЕТКФ Европски куп за деца, кои ќе се одржат од 3 до 5 јули во Софија, Бугарија. Македонската репрезентација е составена од 30 натпреварувачи, кои ќе настапат во сите возрасни категории. Репрезентацијата ќе ја предводат тренерите Дејан Недев и Аљоша Недев, кои воедно ќе ја извршуваат и функцијата на судии на натпреварите. Во сабота на програмата се натпреварите за деца, додека во недела ќе настапат сениорите, јуниорите и кадетите. Европското првенство ќе се одржи во Овергас Арена во Софија. Македонска традиционална карате федерација (МТКФ)Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРепрезентативец на Сенегал се прости од националниот тимХаос по елиминацијата на Сенегал од Светското првенство – репрезентативец се прости од националниот тим. Репрезентативниот играч за врска Пап Геј објави дека повеќе нема да настапува за националниот тим сè додека на чело на селекцијата е актуелниот стручен штаб. Фудбалерот на Сенегал ја донесе оваа одлука по елиминацијата од Белгија во нокаут фазата на Светското првенство, а се обрати до јавноста преку социјалните мрежи. „Ќе се вратам да кажам неколку зборови за испаѓањето... Но, веќе денес објавувам дека, сè додека овој стучен штаб е на чело на репрезентацијата, ќе направам пауза од играње за националниот тим“, напиша Геј. Неговата одлука уследи откако тренерот го замени во 66-тата минута од натпреварот против Белгија. „Физички се чувствував добро кога излегов од игра. Но, на крајот на краиштата, одлуките се на тренерот. Мора да ги почитувате“, изјави Геј по натпреварот, без притоа да навести дека ќе повлече толку радикален потег. Според актуелните информации, нема индиции дека тренерот Папе Тиао би можел да ја напушти клупата на Сенегал.Што значи дека Геј би можел долго време да биде надвор од селекцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамШкода подготвува автомобил од 7.000 евра за Европа?Шкода подготвува автомобил од 7.000 евра за Европа? Еве за кој модел станува збор.Чешкиот производител на автомобили „Шкода“ размислува за воведување на попристапни модели - со мотори со внатрешно согорување и електрични погони - на европскиот пазар. Сегментот на градски автомобили во Европа речиси исчезна во последните години по прекинувањето на производството на модели како што се „Форд Ка“, „Пежо 108“ и „Шкода Ситиго“. Следствено, купувачите кои се свесни за буџетот во голема мера се принудени да се одлучат за поголеми модели од Б-сегментот, како што е „Шкода Фабија“. Сепак, „Шкода“ сега повторно размислува за влез во сегментот на мали автомобили. Покрај електричните градски автомобили, чешкиот производител ја истражува можноста за воведување на кросоверот „Килак“ - првично развиен за индискиот пазар - во Европа, објавува „Аутокар“. Извршниот директор на „Шкода“, Клаус Зелмер, потврди дека компанијата работи на проект што вклучува употреба на високо економични компоненти за да понуди возило со конкурентна цена, објавува „Б92“. Иако „Škoda“ учествуваше во развојот на сестринскиот модел „Volkswagen ID Every1“ – кој треба да го наследи моделот Up! следната година – чешкиот бренд во меѓувреме се повлече од проектот. Целмер смета дека побавниот раст на пазарот на електрични автомобили ѝ оди во прилог на Škoda, бидејќи компанијата може и понатаму да се потпира на своите модели со бензински мотори – Fabia, Scala и Kamiq – кои сè уште бележат одлични резултати во продажбата. Според него, Volkswagen Group го доверила развојот на своите најевтини електрични модели – сегмент што се карактеризира со многу ниски профитни маржи – на самиот бренд Volkswagen. Како резултат на тоа, нов електричен модел од почетната класа со логото на Škoda нема да се појави пред крајот на оваа деценија. Од друга страна, Целмер гледа значителен потенцијал во модел позициониран под Fabia. Škoda Kylaq се издвојува како главен кандидат, со оглед на тоа што во Индија се продава за околу 7.000 евра. Сепак, доколку пристигне во Европа, Kylaq ќе треба да се прилагоди за да ги задоволи построгите европски стандарди во однос на безбедноста, технологијата и квалитетот на изработка. Според Целмер, со оглед на тоа што е многу тешко да се спушти цената на „Фабија“ (Fabia) под 20.000 евра, овој модел би можел да пополни голема празнина на пазарот. „Килак“ (Kylaq) е развиен врз приспособена верзија на платформата MQB A0, која „Шкода“ (Škoda) ја користи и за моделите „Кушак“ (Kushaq) и „Славија“ (Slavia), наменети за индискиот пазар.Тагови: Шкода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10