Обвинителката Русковска деновиве ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија

Обвинителката Вилма Русковска деновиве ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавните обвинители.

Русковска за Канал 5 потврди дека го добила решението со кое не смее да се доближи до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Но, таа не сака да ја коментира одлуката, а засега не откруива што ќе наведе во жалбата која има рок до идната недела да ја достави до Совет на Јавните обвинители. Обвинителството неа ја суспендираше откако Муареми поденесе кривична пријава против неа и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, а проценката била дека само Русковска треба да добие суспензија додека трае постпаката по кривичната пријава. Во обвинителството пак се разгледуваат сите опции по дисциплинските постапки против обвинителките откако републичкиот обвинител Љубомир Јовески утврди дека претресот бил намерен и неоправдан.

„За престанок на функцијата на кој било јавен обвинител и за постапката за назначување нов, ве упатуваме да побарате одговор од Советот на јавните обвинители.​“- Обвинителство

Но, Обвинителскиот совет да одлучува за евентуално разрешување на било кој обвинител треба таков предлог да даде токму републичкиот обвинител, Јовески. Инаку, на Русковска во Организиран криминал замена и е обвинителката Трајчева, која во телефонски разговор за Канал 5 вели дека досега не ги добила предетите од Русковска, бидејќи е на годишен одмор.Поради одморот на Трајева моментално обрските на Русковска ги врши обвинителката Лиле Стефанова која беше дел од СЈО.

А, токму дисциплинските постапки на Обвинителството за трите обвинители и суспендирањето на Русковска, беа повод вчера директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми да соопшти дека се повлекува од функцијата. Од Владата пак информираат дека Муареми не поднел оставака, туку му е истечен мандатот и одлучил да не продолжи да директорува со Финансиска. Засега е нејасно кој ќе го наследи Муареми во Финансиска. Порцедурата е министерот за финансии Фатмир Бесими до Владата да достави предлог за нов директор на Управата за финансиска полиција, кој би го именувала Владата. Дотогаш Муареми останува на функцијата.

Ваквиот расплет следи по судирот меѓу Муареми и Русковска, по претресот претходниот месец на Организиран криминал во Финансиска за кој Јавното обвинителство констатираше низа неправилности во постапувањето на обвинителките. Неофицијално, обвинителство од Финансиска бара предмети за финансиските истраги од 2018 година досега.

Претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне, особено во западниот и северниот дел, ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од утре условите за пороен дожд со грмежи краткотрајно ќе се намалат, а поинтензивни процеси повторно се очекуваат од четврток и кон деновите од викендот.

Дневен хороскоп за 6. јуни 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 6. јуни 2023 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте.

Кариера

Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија.

Здравје

Радувајте ѝ се на иднината.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите.

Кариера

Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат.

Здравје

Веќе не сакате да ве искористуваат.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето.

Кариера

Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода.

Здравје

Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја.

Кариера

Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој.

Здравје

Слабост и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот.

Кариера

Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист.

Здравје

Вежбајте за да зајакнете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат.

Кариера

Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало.

Здравје

Движете се што повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност.

Кариера

Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа.

Здравје

Движете се .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини.

Кариера

Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување.

Здравје

Јадете помалку и патувајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство.

Кариера

Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив.

Здравје

Не останувајте сами дома, излезете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж.

Кариера

Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно.

Здравје

Останете свои.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни.

Кариера

Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате.

Здравје

Внимавајте на вируси.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде.

Кариера

Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново.

Здравје

Верувајте во себеси.

притисни ентер