Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“ - Канал 5

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Со години се кршеле закони, се прикривале неправилности за дискотеката „Пулс“ да може да работи без да ги исполнува минималните услови за безбедност, кажа републичкиот обвинител Љупчо Коцевски.

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Со години се кршеле закони, се прикривале неправилности за дискотеката „Пулс“ да може да работи без да ги исполнува минималните услови за безбедност, кажа републичкиот обвинител Љупчо Коцевски – обинителството го поднесе обвинението против 34 физички и три парви лица за една од најголемите трагедии во земјава, во која загинаа 62 лица, меѓу нив шест деца, бидејќи за влез во дискотеката не се прашувало за години..

Првообвинети се сопственикот на дискотеката заедно со својот син, кој во 12те години работа на „Пулс“ правел реконструкции без надзор, вградувал несоодветни материјали кои биле лесно запаливи. Не биле исполнети минималните технички услови за работа, а ниту биле запазени безбедносни протоколи при опасност. Меѓу 34цата обвинети, кои според обвинителството не направиле ништо да ја превенираат катастрофата се и членови на нивните семејства, ексградоначалници, директори, инспектори и државни функционери како министри и секретари. Сите се гонат за исто кривично дело, тешки дела против општата сигурност, но по различни ставки.

-Во континуитет издавале лиценци за вршење на инспекциска дејност, објектот спаѓал во категодија диско клуб, а не ги исполнувал условите. Имало нецелосна документација, а не иницирале вонреден инспекциски надзор за проверка на условите. Детално се наведени кај секоја од лиценците поединечно. Во оваа група, за двајца поранешни министри постапката е запрена, бидејќи нема доволно докази да се покрене обвинение против нив. Се обезбедија докази и за државен службеник кој ги изготвувал лиценците, а за себе барал и обезбедувал подарок. Тој побарал и добил 12.000 денари парична награда кои биле исплатени на банкарска сметка, во 2024 година за поголема имотна корист за 226.000 денари му изработил две лажни лиценци, а на кои своерачно се потпишал како да се потпишала обвинетата државна секретарка,- -Љупчо Коцевски – Републички јавен обвинител.

Директорите пак, на ДЗС, како и генералниот инспектор кој раководел со инспекциската служба, се гонат дека, иако свесни дека може да дојде до последици од нивното непостапување, сепак не презеле мерки за зашитата на луѓето и имотот од пожари, односно никогаш не организирале надзор, ниту иницирале вонредни инспекции. Опфатени се и четири инспектори од пазарниот инспекторат, поради непостапување, додека пак кај директорите не е засега лоцирана одговорност. Тројцата градоначалници кои од 2012 до 2025 ја воделе О. Кочани, се гонат бидејќи на местото каде е „Пулс“ не смеело да има кабаре, тоа функционирало, а не иницирале ниту постапка за инспекциски надзор. Се обвинуваат и дека не ги известиле другите институции дека објкетот рабоботи без дозвола.

За 11 лица е запрена постапката, поради недостаток на докази и тие сега нема да се гонат со обвинение, но Коцевски посочи дека тоа може да се промени во иднина. Во однос на 13те полициски службеници кои вчера беа приведени, Коцевски кажа дека како соизвршители не постапиле според прописите на мерките за заштита на присутните во дискотеката „Пулс“, не спречиле палење на пиротехниката и уште низа безбедносни пропусти. Тие добија мерки на претпазливост, да не смеат да го напуштат градот во кој живеат, а одземени се и патни исправи.

YouTube video

Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција

 Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција, соопшти денеска СВР Куманово. 

Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција

Оттаму информираат дека полициските службеници го пронашле починатото лице е вчера, а бил извршен увид и од јавен обвините.

Полицијата информираше и за две пријави за пожари во кумановско, во село Четирце кој настанал во 14.49 часот, при што биле зафатени стрништа, необработени ниви, поголема површина со лозови насади, како и кровна конструкција на куќа сопственост на Ц.Д. и помошни простории, сопственост на М.Д. и Н.П., како и една напуштена куќа. Во пожарот нема повредени, го изгасила ТППЕ Куманово, увид извршила полицијата.

За вториот пожар во населбата „Перо Чичо“ во Куманово, полицијата била информирана во 15. 18 часот. Таму настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Д.С., кој вдишал дим, по што бил пренесен во општа болница Куманово.

Вчера околу 14.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атар на село Војник, општина Старо Нагоричане се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.П.(49) од Радовиш, товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(30) од Куманово и патничко возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(46) од с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане. Во незгодата нема повредени лица, а патничкото возило „сеат леон“ целосно изгорело. Увид извршила екипа на СВР Куманово.

На подрачјето на кумановско имаше 13 пожари, а гореа и површини во Старо Нагоричане.

Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имаше работна средба со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија

Средбата се одржа во духот на зајакнување на билатералната соработка во областа на дигитализацијата, сајбер безбедноста и технолошкиот развој, соопшти кабинетот на Андоновски.

Во фокусот на разговорот бил претстојниот Дигитален самит на Западен Балкан, што ќе се одржи во октомври 2025 година во Скопје, а на кој ќе учествуваат високи претставници на земјите од регионот, меѓународни партнери, како и претставници од приватниот сектор.

Андоновски ја истакнал силната и континуирана поддршка од САД во процесот на дигитална трансформација на Македонија, како и важноста на заедничките активности што придонесуваат за унапредување на инфраструктурата, јакнење на безбедноста и економскиот развој.

- Оваа средба претставува значаен чекор напред во нашите заеднички заложби за дигитална иднина. Благодарни сме за партнерството со САД, кое е клучно за унапредување на реформите и градење на инклузивна и одржлива дигитална економија, оцени Андоновски.

Дигитализацијата останува еден од стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, а соработката со нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави претставува важен двигател на напредокот во оваа област, стои во соопштението од кабинетот на министерот за игитална трансформација.

Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

Северниот Атлантски Океан содржи околу 27 милиони тони нанопластика, според ново истражување објавено од Институтот за морски истражувања на Холандија (NIOZ) и Универзитетот во Утрехт.

Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

Истражувањето покажува дека количината нанопластика во горните 10 метри од океанската површина е значително поголема од досега проценетата.

Нанопластичните честички, со големина помала од една илјадитинка од милиметар, биле пронајдени во примероци од 12 различни локации низ Атлантикот. Просечната концентрација на длабочина од 10 метри изнесувала 18,1 милиграми на кубен метар вода, додека на морското дно 5,5 милиграми. Највисоки вредности се измерени во близина на европските брегови – 25 милиграми.

Професорот Хелге Ниман од NIOZ изјави дека овие честички можат да навлезат длабоко во човечкото тело, па дури и во мозочното ткиво.

- Сега, кога знаеме колку се распространети во океаните, очигледно е дека продираат низ целиот еко-систем – од бактериите и микроорганизмите до рибите и луѓето. Како тоа влијае на екосистемот, допрва треба да се испита, рече тој.

Научниците нагласуваат дека овие честички не можат да се отстранат, па затоа е клучно да се спречи понатамошно загадување.

притисни ентер