Обвинетите за тепачките на Калето незадоволни од условните казни, сакаат ослободителна

Условни казни за 14 мина обвинети дека учествувале во инцидентите на калето кои се случај пред две години и во кои имаше 10тина повредени

Обвинетите припадници од двете групи кои се судрија на калето за и против изградбата музејот- црква нема да одлежат 7 месеци затвор доколку во рок од две години не сторат ново кривично дело, пресуди кривичниот суд. Одговараа за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие и учество во тепачка.

Адвокатот на обвинетите кои биле за изградба на црквата незадоволен од пресудата

- Луѓево за кои се однесува сега пресудава немаат никаква одговорност со настаните што се случија тој критичен ден. За сите обвинети што беа предмет на пресудава сметам дека судот требаше да донесе ослободителна пресуда изјави адвокатот Владо Петровски

Адвокатот на првообвинетиот Исмаил Кривца од невладината Разбуди се, Вулнет Пачоку, вели немало докази да се огласат виновен и најави жалба. Пачоку вели на обвинетите им било прекршено правото на одбрана бидејќи не им бил доставен обвинителниот предлог.

По нередите на Калето беа уапсени педесетина. Без да се одржи главен претрес на предлог од обвинителството сите беа осудени со условни казни 3 месеци затвор кои нема да ги одлежат доколку една година не сторат кривично дело.

Но дел од нив не беа задоволни и побараа кривичен да им суди за да докажат дека не се тепале и дека се невини. Денеска повеќе од една година судење повторно добија условна пресуда но овој пат построга од првата.

Во групата која поднесе приговор и бараше судење и ослободителна пресуда беше и Артан Груби. Но после првото рочиште го повлече приговорот, рече историјата и народот ќе суделе, со што за него остана да важи првата пресуда.

Институционална разврска не добиноќното уривање на музејот што го следеа истакнати функционери од ДУИ- настан којпретходеше и ги испровоцира пресметките на калето

Инцидентите кои се случија во февруари 2011 ги вжештија меѓуетничките односи. Од тогаш сликите од инциденти и протести низ Скопје повеќе пати се повторуваа.

Апелите за соживот и предупредувањата за строги казни не ги исплашија младите кои кога ќе зовриеше национализмот излегува на улиците се тепаа по автобусите и во училишните дворови.

Учесници во инцидентите најчесто добиваа условни пресуди но вистинските подбуцнувачи на тензии останаа скриени во сенка и не се соочија со правдата.

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Непознати лица синоќа фрлиле молотов коктел врз единствената зачувана предвоена синагога во Варшава која се уште служи како место за богослужба и се обиделе да ја запалат, соопшти полската полиција.

„Командата на полицијата добила пријава за обид за палење на синагогата Нозика во Варшава. Полицијата води истрага во врска со тоа“, изјави Јацек Вишњевски од варшавската полиција за полските медиуми.

„Рабинот Шудрих пишува дека некој се обидел да ја запали синагогата со помош на молотов коктел. Фала му на Бога, никој не беше повреден. Интересно, кој се обидува да ја наруши годишнината од нашето влегување во Европската Унија?“, реагира на социјалната мрежа Икс, шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски.

Таа синагога се реновира од 2008 година. /МИА

Повеќе од 40 приведени во операција против „Исламска држава“ во Турција

Повеќе од 40 лица се приведени во Турција за време на операција против „Исламска држава“, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на изјава на министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Акциите биле спроведени на територијата на 12 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Истанбул, Ескишехир, Каракале, Невшехир и Маниса. Тие биле извршени од страна на окружните полициски служби под координација на разузнавачките и антитерористичките сили на Генералниот директорат на полицијата.

Како резултат на операциите уапсени се вкупно 41 осомничен, од кои 10 во Истанбул. Запленети се пиштоли во нелегална сопственост, бројни дигитални материјали и поголема количина девизи и турски лири. /МИА

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Меѓународниот ден на трудот 1 Мај Д-р Венко Филипче го поминува во Дојран од каде испрати порака дека работничкиот труд, солидарност и истрајност треба високо да се ценат. 

Како носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина Филипче потсети на најтешките времиња и најголемите кризи кога во прашање беше здравјето на граѓаните и егзистенцијата на семејствата.

„Влогот на работниците нивниот труд, солидарност и истрајност најмногу го почувствувавме во најтешките времиња. И не го заборавивме. Го вреднуваме и унапредуваме. СДСМ е партијата која обезбеди повисока минимална плата за работниците и постави методологија за сигурен и континуиран раст што денес резултира со минимална плата од 22.500 денари. Тоа беше незамисливо до пред само седум години. И продолжуваме. Си поставивме цел за минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1.100 евра во новиот мандат. Работниците се двигатели на секоја економија во секоја држава. Затоа не се откажуваме од унапредување на работничките права, растот на платите и обезбедувањето подобро платени работни места“, порача Филипче од Дојран.

Д-р Венко Филипче на денешниот меѓународен ден на трудот потсети дека за седум години просечната плата од 22.000 денари денес е зголемена на близу 40.000 денари, а минималната плата од 8.000 денари денеска изнесува речиси 23.000 денари. Тој зборуваше и за невработеноста која од 25% во 2016 година е преполовена на 12,8 %, дека е зголемен животниот стандард и куповна моќ за цели 35% како и тоа дека недела е ден на семејството и е неработен ден.

Грижејќи се за граѓаните Филипче не изуми и на антикризните мерки и обезбедените 2,6 милијарди евра за поддршка на граѓаните и стопанството со што беше заштитен животниот стандард и достоинството на граѓаните, но и зачувани работните места. Д-р Филипче од Дојран зборуваше и следниот мандат кој предвидува програма за млади во која младите до 26 години ќе добиваат по 200 евра за прво вработување, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра. Д-р Филипче се осврна и на растот на платите на здравствените работници во следниот мандат.

„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари. Само во земјава од цел регион имаше реален раст на плата за време на кризата. Доколку повторно ја добиеме вашата доверба во наредните четири години ќе обезбедиме европски и достоинствен животен стандард за граѓаните. Нека е за многу години денот, Честит 1 Мај, ние ќе продолжиме во духот на социјалдемократијата да го почитуваме и цениме трудот на секој работник“, порача Филипче.

Меѓународниот ден на трудот 1 Мај Д-р Венко Филипче го поминува во Дојран од каде испрати порака дека работничкиот труд, солидарност и истрајност треба високо да се ценат. Како носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина Филипче потсети на најтешките времиња и најголемите кризи кога во прашање беше здравјето на граѓаните и егзистенцијата на семејствата.

притисни ентер