Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
1Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
МакедонијаОбвинение за двајца скопјани за грабнување на внукот на БошковскиГо грабнале, го ставиле во автомобил и му се заканувале дека ќе го убијат. Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица во врска со случајот со киднапираниот Самоил Костадиновски од Скопје.Според Обвинителството, намерата на киднаперите им била да го натераат внукот на Љубе Бошковски да им плати за претходно украдена дрога, хероин, во количина од четири килограми. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога, соопштија од Обвинителството. Откако го грабнале со возило, киднаперите автомобилот го запалиле во скопската населба Драчево и оттогаш на момчето му се губи секаква трага. Јавниот обвинител предложил да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот, кој го обезбедил возилото, претходно определените мерки на претпазливост, да се заменат со мерка куќен притвор. Против трето лице постапката е привремено прекината до негово пронаоѓање и приведување. Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски за Канал 5 вели дека не верува дека ќе се дознае вистината за исчезнувањето на неговиот син. „Јас не верувам дека ќе се дознае вистината за Самоил, затоа што тука има вмешани луѓе кои се соучесници со бандитите кои го киднапирале. Јас мислам дека ако се дава притисок преку медиумите и бугарската амбасада, ќе се истера правдата и нешто ќе излезе на површина. - Љупчо Костадиновски, татко на Самоил 26-годишниот Самоил Костадиновски исчезна на 3 март оваа година, а неговото исчезнување било пријавено еден ден подоцна. Неговиот татко пак, Љупчо Костадиновски на почетокот на јули беше ранет од истрел со пиштол од засега непознато лице. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Култура82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивалНа 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар театар во Македонија.Денес, 82 години подоцна, зад оваа институција стојат повеќе од осум децении театарска историја, илјадници сценски мигови, генерации уметници и публика, претстави што оставиле траен белег и континуитет во создавањето и афирмирањето на македонската култура. Оваа година, роденденот на Театарот се одбележува со настани кои на јубилејот му даваат уште поголема уметничка и меѓународна димензија. Токму на 14 ноември се отвора 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, меѓународна театарска средба која и годинава во Битола носи продукции, уметници и театри од Италија, САД, Ерменија, Романија, Грузија и Малта. Посебен визуелен идентитет на годинашното фестивалско издание му дава официјалниот плакат, чие авторство е на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, познатиот македонски илустратор, чиј препознатлив уметнички ракопис го збогатува визуелниот израз на фестивалот. А фестивалот се отвора со „КОРИОЛАН“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел. Оваа претстава веќе ја носеше приказната за Народниот театар Битола надвор од границите на Македонија, реализирајќи три меѓународни гостувања, покрај премиерното претставување на фестивалот Охридско лето. Настапите на меѓународните фестивалски сцени ја потврдија нејзината улога како значаен амбасадор на македонската театарска уметност. И токму на роденденот на Театарот, по својот меѓународен пат, „Кориолан“ ќе ја има својата премиера на матичната сцена – пред домашната публика. Амбицијата, гордоста, политичката моќ и односот меѓу поединецот и народот се во срцето на оваа Шекспирова трагедија. Преку приказна која и по повеќе од четири века звучи изненадувачки современо, „Кориолан“ нè соочува со прашањата за власта, манипулацијата, вистината и човечката гордост. Приказна за светот во кој живееме и за човечката природа која, и покрај сите историски промени, останува иста. Осумдесет и две години НУ Народен театар Битола ја чува сцената жива. Со нови приказни, нови уметнички предизвици и поглед кон светот, продолжуваат да ја пишуваат театарската историја. 82 години театар. И секогаш нова причина да се вратиме во театарот. Прославете со Битолскиот театар 82 години љубов, уметност и аплауз, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаУапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие – 17 лица лишени од слобода.Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Притоа, 17 лица се лишени од слобода, а со едно лице е извршен службен разговор. Од лицата опфатени со полициските постапки, 11 управувале возило без положен возачки испит или без да се стекнат со право на управување. Меѓу нив се Ф.М.(27) од село Романовце, кумановско, А.Ш.(20) од село Доброште, малолетник од село Горно Седларце, 16-годишен малолетник од село Здуње, кој управувал мопед, А.А.(35) од село Градец, М.П.(42) од Скопје, Д.М.(19), А.С.(20), Е.Е.(25) и А.С.(30), сите од Скопје. Во еден од случаите, со И.В.(25) од Кавадарци е извршен службен разговор. Во шест случаи, возачите управувале возило под дејство на алкохол. Кај Х.Ј.(29) од Битола биле измерени 3,23 промили алкохол во крвта, кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили, кај З.Н.(55) од Македонски Брод 1,74 промили, кај И.С.(40) од Скопје 2,20 промили, кај Б.М.(35) од село Нивичани, кочанско, 2,03 промили, а кај Е.П.Е.(63) од Струмица 1,55 промили алкохол во крвта. Дополнително, Б.П.(20) од Битола учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета, управувајќи патничко возило „шкода“ без регистарски ознаки и без да поседува возачка дозвола. Б.П.(29) од Скопје управувал возило без да се стекне со право на управување, а со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без положен возачки испит, без стекнато право на управување или под дејство на алкохол. Родителите и старателите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да ги исполнат законските услови. Само со одговорно однесување и почитување на прописите можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Црна хроникаУапсени се двајца велешки дилери- пронајдена дрога, таблети и вага Лишени од слобода двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага.На 06.11.2026 година, во 22:30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Т.(36) и Ј.А.(26), двајцата од Велес, откако во нивна близина биле пронајдени и одземени марихуана, таблети и дигитална вага, кои претходно еден од нив ги оставил. На 07.11.2026 година, по добиена судска наредба од Основниот суд Велес, бил извршен претрес во домот на Д.Т., при што биле пронајдени и одземени пари. Двете лица биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook