Облачно со сончеви периоди, од вторник дожд - Канал 5

Облачно со сончеви периоди, од вторник дожд

 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. 

Облачно со сончеви периоди, од вторник дожд

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко и СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар

Мали Фрчко и  СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, пак во коалиција со ДУИ го штитат нивниот кадар, а кризата да не ја претвораат во дневнополитичка тема.

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко и  СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар

СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани.

Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани.

Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат поени, а затоа што градоначалникот е од нивните редови не се осмелуваат да одржат прес-конференција за него.

Градоначалник кој вели дека не чувствува никаква вина, а и не успеа да се справи со кризата. Локалната власт таму доцнеше со секаква реакција и не интервенираше.

Граѓаните од гостивар добиваат секој ден над 60 тони вода и останати технички потреби од страна на СОЗР. ИЈЗ и Министерството за здравство предочи мерки и препораки за како да се справат со оваа епидемија.

Има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе се достават до обвинителството, а се работи и на решавање на овој проблем.

СДС треба да им се извини на граѓаните што секоја криза, се обидува да ја претвори во тема од која ќе извлече нешто за себе, и веднаш да побара одговорност од Лимани, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте автобус кај Истанбул, полн со патници- десетици повредени (ВИДЕО)

На пат од Кирикале до Самсун, патниците во автобус доживеале драматичен момент кога возилото се превртело, при што биле повредени 40 лица. 

Се преврте автобус кај Истанбул, полн со патници- десетици повредени (ВИДЕО)

Возачот ја изгубил контролата врз воланот, што довело до несреќата, објавија турските медиуми.

Инцидентот се случил во близина на населбата Кимески кај Истанбул, а во автобусот имало 42 патници, меѓу кои и тројца вработени во транспортната компанија, објави Хуриет.

Екипи на брза помош, полиција, жандармерија и противпожарна служба, како и специјални служби, веднаш пристигнале на местото на несреќата.

Повредените биле брзо евакуирани од автобусот, им била укажана прва помош и биле однесени во болниците во Кирикале. За среќа, според првичните информации, никој не е во животна опасност.

Полицијата и жандармеријата започнале истрага за да се разјасни причината за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар на Крф- пожарникарите се борат со огнената стихија, активирани се и авиони (ВИДЕО)

Пожар избувна во областа Јанадес, во централниот дел на Крф. 

Пожар на Крф- пожарникарите се борат со огнената стихија, активирани се и авиони (ВИДЕО)

Голема противпожарна бригада веднаш беше испратена на местото на настанот за да го изгасне пожарот, објави Прототема.

Во исто време, се очекува противпожарните авиони PZL со седиште на Крф да полетаат за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Пожарникарите се во состојба на зголемена готовност, додека во моментов не се познати дополнителни детали за обемот на пожарот или дали населените области се во опасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер