Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
ЗабаваОбезбедена опрема и обучени водичи за безбедно „фри рајд" скијање на Шапка Специјални ранци во кои се пакуваат лавински пребарувач (трасмитер, трекер), лавинска сонда и лавинска лопата, е опремата што ќе овозможи безбедно „фри рајд" (слободно) скијање на Попова Шапка, но и заштита на скијачите од лавини.Опремата ја обезбеди тур-оперторот „Shar Outdoors” со финансиска поддршка на швајцарскиот ИМЕ проект за зголемување на пазарната вработливост, а беше промовирана денеска, директно на терен. Засега има вкупно 12 водичи кои знаат да ја користат и кои можат да организираат „фри рајд” скијачки тури на Шапка. – Опремата дојде во одличен момент за да ги поставиме безбедносните стандарди кои странските партнери ги бараат и ние локално мора да ги развиеме за да ја подигнеме „сценава" и да стигнеме до ниво да бидеме посакувана дестинација за овој тип скијање, рече Методи Чилиманов од „Shar Outdoors” пред презентацијата. „Shar Outdoors” засега работи само со странскиот пазар, но полека сака да развие продукти со кои би го анимирал и локалниот. Еднодневните тури кои вклучуваат возење со ратрак и скијање, чинат 199 евра. – Со опремата практично го удвоивме капацитетот на работа. Инаку, во локалните скијачи ги гледаме потенцијалните водичи за во иднина. Интерес за обука кај нив има. Веќе се отворени ски-туринг школи на кои ги нудиме курсевите за лавинска безбедност што ние веќе ги поминавме, рече Чилиманов. Заменик-амбасадорот на Швајцарија Стефан Томажан потенцира дека безбедноста е многу битен елемент за развој на авантуристичкиот туризам. – Не можете да привлечете туристи ако немате безбедносни стандарди. Безбедноста подразбира соодветна опрема и соодветен тренинг за користење на таа опрема. Затоа, освен што дадовме поддршка за обезбедување на опремата, ги поддржавме и обуките на водичите, истакна Томажан. „Shar Outdoors” самоиницијативно ја почнале целата „авантура" и најпрво сами се снаоѓале во изнаоѓањето клиенти и соодветен начин за функционирање. Опрема набавиле уште пред шест години, но ја користеле само за нив. Откако одлучиле да ја прошират работата со странски гости, морале да побараат помош. Тоа било во периодот додека уште биле само скијачи, а не и водичи. Чилиманов на презентацијата образложи и покажа како се користи опремата за безбедно „фри рајд” и лавинско скијање. – Трекерот го носи скијачот и тој цело време всушност трансмитира сигнал. Ако евентуално се појави проблем или биде зафатен од лавина, можеме лесно да го пронајдеме. Сондите се користат за фино пребарување, а лопатите за откопување. Ранецот треба да го активира скијачот при проблем, со повлекување на соодветната рачка. Со тоа се отвора балон кој служи како „air bag", кој ќе го заштити неговиот врат и ќе го направи многу поголем скијачот, погабаритен, за да остане на површина, односно да не пропадне во лавината, објасни Чилиманов. Ранецот и балоните се во „дреч" боја, за многу брзо лоцирање на оној што е во неволја. Од терените на Попова Шапка каде што и практично беше демонстрирано користењето на опремата, членовите на „Shar Outdoors” порачаа дека огромниот потенцијал на Шар Планина мора да се искористи и во овој контекст е неопходно развивање на квалитетен ски-центар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикиниМладата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекцијаСексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи. Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење. „Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06