Обединетите нации остануваат силен партнер на Министерството за правда во процесот на дигитална трансформација - Канал 5

Обединетите нации остануваат силен партнер на Министерството за правда во процесот на дигитална трансформација

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS 

Обединетите нации остануваат силен партнер на Министерството за правда во процесот на дигитална трансформација

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот.

Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, развојот на институционалните капацитети и дигитализацијата на правосудството, како еден од клучните предуслови за побрзи, поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните.

Во рамки на идната соработка беа утврдени натамошни активности насочени кон понатамошна модернизација на правосудниот систем, со посебен акцент на надградбата на АКМИС системот, воспоставувањето систем за електронска достава во судските постапки, унапредувањето на системот за аудио и видео снимање на судските рочишта, подобрувањето на интероперабилноста меѓу институциите, како и зајакнувањето на сајбер-безбедноста во правосудниот сектор.

Искуствата што UNOPS веќе ги има реализирано во земјите од регионот претставуваат значајна основа за поддршка на реформските процеси и во нашата држава.

Партнерството со Обединетите нации има значајна улога во спроведувањето на реформите и во усогласувањето на домашното законодавство и институционалните практики со европските и меѓународните стандарди, со цел создавање модерен, ефикасен и достапен правосуден систем за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот на Валандово уверува дека нема арсен во водата

Нема арсен во водата во Валандово, уверува денеска градоначалникот Ѓоко Камчев, откако беа направени дополнителни анализи во Институтот за јавно здравје во Скопје. 

Градоначалникот на Валандово уверува дека нема арсен во водата

Во изјава за Канал 5 тој објаснува дека веднаш откако ги добил првичните анализи, побарал да се направат дополнителни испитувања, за да се потврди квалитетот на водата за пиење.

Истиот институт ги направил и претходните анализи во кој како што информираа од претпријатието, нивото на арсен во водата беше многу над дозволеното. Камчев вели дека од изворот за вода кој се користи повеќе од 37 години до сега немало никакви проблеми или пријави за загадена вода.

Сепак, Агенцијата за храна и втеринарство се уште не дава дозвола за пиење на водата во Валандово. Директорот на АХВ, Оливер Миланов вели дека ќе почека новите резултати официјално да стигнат до агенцијата, за да ги преземе следните чекори.

За потсетување, Од ЈП „Комунален сервис“ Валандово вчера предупредија водата да не се користи за пиење се додека не се добијат резултатите кои ќе ја потврдат нејзината исправност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче објави документи за кои тврди дека откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок

Документи кои откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата за белодробни заболувања во Лешок, објави лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче објави документи за кои тврди дека откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок

Официјалните документи, како што кажа, ги доставиле свиркачи, а станува збор за Извештај за тестирање на безбедноста на водата од примерок земен од болницата уште во мај во кој, според него, е констатирано дека водата не е безбедна за пиење, а институциите, вели Филипче, ништо не презеле. Здравствениот систем според него е во колапс, а државата не го штити здравјето на граѓаните.

-Извештајот за тестирање на безбедноста на водата, е од примерок земен од Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Датум на завршување на испитувањето е 13 мај. Вкупен број на колиформни бактерии во 100 милилитри вода е 51. Примерок од чешма од болницата каде што се лекуваат луѓе. 51 колиформна бактерија на 100 милилитри вода. И пишува дека не соодветствува на квалитетот на вода која што е потребна за пиење. И ова е во болницата во Лешок, на крајот на мај, а никој не реагирал. Знаат ли овие луѓе што прават? Какво е ова менаџирање на институциите?, рече Филипче.

За случајот со загадената вода во Гостивар, Филипче бара оставки, а министерот за здравство и сите надлежни институции според него мора да понесат политичка и кривична одговорност. Според лидерот на СДСМ додека обвинителството и институциите молчеле, епидемијата се проширила во Гостивар, а резулат на тоа се отруени 3000 илјади луѓе. Од СДСМ бараат вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата и јавно објавување на резултатите.

-Обвинителот Савески ја користи тајноста на истрагата како изговор зошто информациите не се соопштувале навреме на јавноста и ова е опасна замена на тези затоа што квалитетот на водата не е тајна во рамки на истрагата тоа е факт што граѓаните мора да го знаат. Додека обвинителството тактизирало, а сите здравствени институции молчеле, епидемијата се ширела во Гостивар. Притоа сите коишто учествувале во прикривање на овие информации мора да сносат и политичка и кривична одговорност. Министерот за здравство, директорката на ИЈЗ, Центарот за јавно здравје, АХВ и обвинителството. Бараме политичка одговорност и оставки од овие луѓе, затоа што си поигруваат со здравјето на граѓаните, изјави Филипче.

Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија реагираат дека Владата презема конкретни мерки за стабилизација и подобрување на системот. -Додека Филипче беше министер, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем.

Наместо инвестиции во здравството, со СДС и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки, велат меѓудругото од ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

До крајот на неделава водата во Гостивар треба да биде безбедна за техничка употреба – односно за миење и други домашни потреби, но не и за пиење, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Тој појасни дека во прва фаза нема да смее да се конзумира, а по миење на системот и потврда од лабораториски испитувања дека е безбедна, што се очекува да се заврши наредната недела, водата од чешмите во Гостивар ќе може и да се пие.

-Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски „Водовод“ и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно миење на системот за да може да добиеме вода која што ќе има нормални граници на хлор и која што ќе биде добра за техничка употреба. Планот е кон крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Во меѓувреме граѓаните на Гостивар да не се опуштаат, да ги следат мерките и да не користат вода од чешма, порача Министерот за здравство Сашо Клековски. Епидемиолошката состојба во моментот е на статус кво, а во главно се намалува, но од медицински аспект нема никакви сомнежи дека извор на заразата е загадената вода, бидејќи дека освен астровирусот, најчесто пациентите имале и бактерија шигиела, што може да предизвика и крвави столици, а укажува на фекално загадување.

Во однос на вчерашната изјава и апел да нема „јавачи на епидемија“, коментар на кој реагираше и професорот Никола Пановски, Министерот Клековки ретерираше и појасни дека не мислел на никој од лекарите конкретно, туку алудирал на граѓаните за да се информираат пред се преку надлежните институции за состојбата и начинот на лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер