ЖивотОбединет Балкан за Чист ВоздухЗелената агенда за Западен Балкан, која вклучува обврска на земјите од СБ6 да ги подобрат напорите за следење и известување, отворајќи пат кон фондовите на ЕУ.Без разлика дали дишеме сè повеќе загаден воздух или само стануваме свесни за тоа благодарение на популарните апликации и активистички кампањи, јавниот притисок останува клучна алатка за подобрување на системот за следење и исполнување на правото да бидеме соодветно информирани за квалитетот на воздухот. Ние, претставниците на кампањата „Oбединет Балкан за чист воздух“, го посочуваме фактот дека државите и локалните самоуправи се должни да овозможат пристап до информации околу загадувањето на воздухот во кое било време. Ние би сакале да ги потсетиме нив, дека ова прашање е подеднакво важно како и известувањето за природни катастрофи. Податоците треба да бидат навремени и лесно достапни, а нивното презентирање пред граѓаните мора да биде разбирливо. Граѓаните на западен Балкан имаат право да го знаат моменталното ниво на загадување на воздухот и да бидат информирани за сите понатамошни случувања. Локалните и државните институции треба да им дадат навремени информации, како што тоа го прават во случаи кога се намалува квалитетот на водата во јавните системи за снабдување или кога има зголемување на сончевото ултравиолетово зрачење. И покрај значителните достигнувања што се случија од првичното поставување на станиците за мониторинг на квалитетот на воздухот, тие сепак имаат недоволно територијално покривање. Дури и во урбаната околина, немаат информации за одредени загадувачи, особено најфините честички од прашина (ПМ 2,5), што е една од најопасните материи. Многу станици во регионот ги објавуваат своите податоци задоцнето, иако тие би биле релевантни за населението само доколку се достапни секој час. Повеќето од земјите во регионот немаат прецизен регистар на извори на загадување и дефинирани нивоа на емисии на штетни материи. Ова, заедно со недостатокот на сериозни инвестиции во станиците за мониторинг, спречува усвојување соодветни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Со потпишување на Декларацијата од Софија во ноември 2020 година, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија се согласија да ја одобрат Зелената агенда за Западен Балкан, која вклучува обврска на земјите од СБ6 да ги подобрат напорите за следење и известување, отворајќи пат кон фондовите на ЕУ. Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ е иницирана од Европскиот фонд за Балканот, во партнерство со Правото на градот (Белград, Србија), Институтот за регулирање на обновливите извори и животната средина (Белград, Србија), Отворено училиште во Белград (Белград, Србија), Институт за животна средина и територијално управување (Тирана, Албанија), Екофорум (Зеница, Босна и Херцеговина), Центар за економија и енергија (Тузла, Босна и Херцеговина), Сбункер (Приштина, Косово), МојВоздух/AirCare (Скопје, Северна Македонија ) и ОЗОН (Подгорица, Црна Гора). Заедно, ќе ги ставиме на располагање сите материјали на кампањата за граѓаните на Западен Балкан, за кои очекуваме да земат активно учество во кампањата. Секогаш да бидеме свесни за тоа што дишеме - придружете ни се во борбата солидарна на граѓаните на Западен Балкан и станете дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Деколтето на НиколСветската музичка ѕвезда, Никол Шерцингер успеа да го привлече вниманието на љубопитната јавност и на странските фоторепортери со својот смел моден избор.Позната по своите неверојатни вокални способности, но и по смелите модни комбинации, пејачката Никол Шерцингер одлучи да ја воодушеви јавноста со храбро издание. Папараците неодамна ја фотографираа пред еден хотел во Париз, по концертот што, според пишувањата на медиумите, таа го одржала во овој град. Секако, таа привлече внимание со својот секси стајлинг што ретко кој може да го износи. Како што можете да видите, таа носеше комбинација од црна кожа – тесни панталони и интересна маичка. Оваа комбинација ја истакна нејзината витка фигура, но вреди да се напомене дека главниот елемент на стајлингот беше горниот дел. Кожната маица без прерамки, украсена со карнери, ја нагласи нејзината фигура, при што акцентот беше ставен на длабокото деколте и градите.Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во БелизеНурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метриГолемата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет. „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет. Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз. Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay). По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач Поранешната најдобра светска тенисерка, Србинката, Ана Ивановиќ и популарниот хрватски пејач Санди Ценов ги израдуваа своите следбеници со заедничка фотографија на Инстаграм, придружена со интригантна порака. Хрватскиот пејач Санди Ценов е познат по својата љубов кон патувањата и дружењето, а со својата најнова објава на Инстаграм ги изненади и ги воодушеви своите следбеници. Имено, Санди сподели фотографија на својот „Инстаграм стори“ на која позира со поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, која важи за една од најуспешните и најпознатите спортистки од овие простори. На фотографијата, направена во опуштената атмосфера на свечена вечера на отворено, и двајцата не ја симнуваа насмевката од лицето. Поранешната тениска ѕвезда блеска во елегантен црн фустан со светки, додека музичарот се одлучи за класична елеганција – црн костум и бела кошула со откопчани копчиња. Санди ја означи Ана во објавата и сподели впечатлива порака: „Патувајќи низ светот, запознавате навистина интересни луѓе...“Тагови: Ана Ивановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter