ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
2ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
МакедонијаО. Карпош: Изгласан ребалансот на општинскиот буџет за 2026 годинаЧленовите на Советот ги разгледуваа и полноправно одлучуваа за 19 точки кои се најдоа на дневниот ред, во рамки на 13-тата седница која се одржа денеска во просториите на Општина Карпош, информираат од општината.По деталната презентација на раководителката на Секторот за финансиски прашања, мнозинството советници ги поддржаа измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Карпош за 2026 година. Имено, потребата за донесување на оваа Одлука произлезе од доделените средства од страна на Министерството за финансии, за данок на додадена вредност во износ од 28.580.290 денари, како и за распоредување на пренесениот вишок од минатата година, кај буџетската сметка во висина од 23.319.669 денари. Исто така, пренесениот вишок од минатата година кај блок дотациите изнесува 3.636.683 денари. Според образложението, постојат промени на износите на одредени ставки во сите колони во консолидираниот Буџет на Општина Карпош. Поточно, промени се јавуваат во приходниот дел, каде што претходниот износ од 1.332.434.279 денари се зголемува на износ од 1.377.715.599 денари. Во колоната на расходи од дотации, сумата во расходниот дел се зголемува од износ 715.336.000 денари, на износ од 718.972.000 денари. Во програмата Ј40 – Јавна чистота е извршено зголемување од 55.700.000 на 58.700.000 денари. Во подпрограмата - Капитални расходи за основно образование, се зголемуваат средствата од 10.180.000 на 19.280.000 денари. Станува збор за потребни финансиски средства за опремување на спортските сали во основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и „Братство“, кои се градат со средства доделени со Одлука на Владата на РСМ, каде што дел од финансиите се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош. Во колоната на Самофинансирачки активности пак, сумата во расходниот дел се зголемува од 79.151.000 на 84.550.000 денари, поради остварување на поголеми приходи од самофинансирачки активности. Овие средства се наменети за исплата на комунални услуги, за поправки и одржување на опрема и згради, договорни услуги, како и оперативни расходи за детските градинки и основните училишта на територија на Карпош. Со одлука на Советот беа прифатени измените и дополнувањата на Програмите за 2026 година, за активностите на Општина Карпош во областа на екологијата и енергетската ефикасност, за уредување на градежното земјиште на подрачјето на локалната самоуправа, за спортот, за информатичката технологија, како и активностите во областа на детската, социјалната и здравствената заштита. Општина Карпош ќе ги награди првенците на генерација, основците од најуспешните спортски екипи во фудбал, кошарка и одбојка за девојчиња, како и индивидуално прогласените ученици – спортисти, за постигнатиот успех во рамки на училишните спортски игри Карпош 2026, со меѓународна повеќедневна екскурзија во детскиот камп „Каливас“ (Грција). Локалната самоуправа ќе обезбеди бесплатен неколкудневен престој во истоимениот детски камп во Грција и за осумте ученички - одбојкарки од Карпош, кои неодамна го освоија првото место на турнирот кој го организираше Општина Кисела Вода, по повод одбележување на нивниот патронен празник Св. Ѓоргија. Советниците ја поддржаа и Одлуката за наградување на професори – тренери и индивидуално прогласените ученици – спортисти, во училишните спортски лиги Карпош 2026. Со оваа Одлука, Општината ќе додели вкупно 19 парични награди за професорите по физичко воспитание, чија екипа го освои првото, второто и третото место во фудбал, кошарка и одбојка за девојчиња. Оттука, за освоено прво место, тројца професори ќе добијат 8.000 денари, за второ 6.000, додека пак, за освоено трето место, тројца професори – тренери ќе добијат 5.000 денари. За десетте ученици кои се прогласени како најдобри индивидуални спортисти во рамки на училишните лиги, Општина Карпош ќе додели парични награди во висина од 6.000 денари. Советот даде согласност за Предлог – Одлуката, со која Македонската спортско - качувачка Федерација до крајот на оваа календарска година, ќе може бесплатно да ја користи вештачката алпинистичката карпа, која е во владение на Општина Карпош. За периодот за кој ќе ја користи, Федерацијата се обврзува дека ќе се грижи, тековно ќе ја сервисира и ќе ја одржува алпинистичката карпа, согласно намената за која е отстапен овој спортски објект. На денешната седница беше постигнат консензус околу Предлог – Решението, со кое се формира шестчлена комисија составена од претставниците на Советот на Општина Карпош. Комисијата ќе има обврска да изработи Нацрт – Одлука за изменување и дополнување на Деловникот, чија Одлука треба да ја утврди Општинскиот Совет. Потоа, Комисијата ќе треба да изработи и Предлог – Одлука за измена и дополнување на Деловникот, како и Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на Општина Карпош. Членовите на Советот со мнозинство гласови ја усвоија и Предлог – Одлуката за прифаќање на донација од АД ХАЛКБАНК АД Скопје, за опремување на Ресурсниот центар на Општина Карпош. Вкупната вредност на оваа донација изнесува 376.850 денари, а тоа подразбира опремување со работни столчиња, бироа, плакари, клима уреди, лаптоп компјутери и принтери, за потребите на Ресурсниот центар, кој ќе функционира во рамки на спортскиот објект „Наум Наумовски Борче – Партизан“. Советниците дадоа „зелено светло“ за две донации за основното училиште „Братство“, една донација за ООУ „Димо Хаџи Димов“, како и за донацијата во корист на градинката „Пролет 2“. Имено, основните училишта „Братство“ и „Димо Хаџи Димов“ ќе бидат корисници на донација вредна 95.000 денари од Друштвотото за трговија и услуги ЦЕНТРАЛ – Х ДООЕЛ. Станува збор за донирање на основни проекти за греење, ладење и вентилација за повеќенаменските спортски сали во основните училишта „Братство“ и „Димо Хаџи Димов“, фаза термотехника, кои ги изработи „ЕМ ГРУП Електрометал ДОО“, вклучувајќи и ревизија за истите. Прифатена беше и донацијата од Друштвото за производство, промет и услуги САНДРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОО во висина од 708.000 денари. Се работи за донација во вид на изработка на Елаборат за отстранување на постојна градба, односно за фискултурната сала во рамки на ООУ „Братство“. Советниците дадоа согласност за прифаќање на донацијата од Друштвото за производство, трговија и услуги НЕКСОС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, за изработка на Елаборат за отстранување на постоечката градба во која функционира детската градинка „Пролет 2“. Вкупната вредност на оваа донација изнесува 1.354.645 денари со вклучен ДДВ. Мнозински консензус беше постигнат и околу Предлог – Одлуката според која ќе биде изработена физибилити студија за утврдување на извори на техничка вода, на подрачјето на општина Карпош. Според образложението, оваа Одлука беше прифатена од причина што локалната самоуправа во континуитет се соочува со зголемени потреби од вода за одржување на големиот број на јавните зелени површини на нејзина територија. Исто така, техничката вода би се употребувала и за чистење на улиците во летните месеци, особено кога се јавува недостаток на вода за пиење. Советот го поддржа и Предлог – Решението за изменување и дополнување на Решението, за разрешување и именување на член во Управниот одбор на детската градинка „Орце Николов“. Со истата динамика советниците ги изгласаа и двете Решенија за изменување и дополнување на Правилниците за систематизација на работните места, во детските градинки „Мајски Цвет“ и „Распеана младост“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМасакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитанПолската државна обвинителска канцеларија објави дека ќе го истражи масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, како кривично дело од терористичка природа. Тоа е важен нов развој во истрагата за нападот, кој, заедно со трите тела пронајдени во домот на напаѓачот, го доведе вкупниот број на мртви на девет. Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, изјави за TVP Info дека денес обвинителството планира формално да отвори истрага и правно да го квалификува нападот како терористички прекршок. Ова сè уште не значи дека терористичкиот мотив е потврден. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат што го навело 24-годишниот Михал О. да изврши крваво дивеење. Напаѓачот сè уште не е испрашуван, го чува полицијата Вашчук, исто така, откри дека поради сериозните повреди, напаѓачот сè уште не е испрашуван, ниту е извршено формално апсење против него во процедурална смисла. Михал О. е во болница откако беше ранет од полицајци за време на интервенцијата. Тој беше подложен на операции и цело време беше чуван од полицајци. „Доколку неговото здравје се подобри доволно за да можеме да преземеме процедурални чекори, ќе го сториме тоа“, рече Вашчук. Тој додаде дека може да му се изрече доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се товари. Тие го истражуваат неговото минато и можните врски Истражителите продолжуваат да испитуваат локации поврзани со нападот и собираат снимки од камерите за надзор за да ги реконструираат движењата на напаѓачот. Поточно, ќе бидат истражени неговото минато, личните односи и околностите под кои го стекнал оружјето. Според досегашните информации, 24-годишникот имал дозвола за поседување оружје и претходно не бил казнет. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински претходно изјави дека напаѓачот имал многу радикални ставови. Беше спомената и можна врска со крајно десничарски идеологии, но досега не е потврдено дека тие биле мотивот за нападот. Девет мртви поврзани со масакрот Да ве потсетиме дека 24-годишникот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Тој убил шест лица и ранил уште 15, вклучувајќи двајца полицајци кои помогнале да го запрат. По пукањето, полицијата пронашла уште три тела во неговиот дом во Островјец Свјетокржиски. Потврдено е дека станува збор за негови родители и сестра. Околностите на нивната смрт се исто така под истрага. Полска прогласи дводневна национална жалост како одговор на трагедијата, а во Краков жалоста ќе трае до среда.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиУжас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице. Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави. Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око. Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата. Не се откажа и покрај страшните повреди Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош. The fight has been STOPPED due to severe swelling on Zak Miller’s face! 😬 #BuatsiHutchinson2 | Live NOW on DAZN ▪️ https://t.co/ePPcK5SiPA — DAZN Boxing (@DAZNBoxing) November 7, 2026 Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции. Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните. ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно. На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена. „Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас. “Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас. ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28