Ново полуфинале во сингл и финале во двојки за Ѓорческа во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа две нови победи на фјучрсот во Анталија. Таа денеска најпрвин во сингл конкуренција ја победи Анастасија Вдовенко од Молдавија со 2:0 во сетови.

Мечот траеше 58 минути, а противничката на Ѓорческа освои само три гема (6:1 и 6:2 во гемови). Во следното коло (полуфинале) таа ќе игра со квалификантката од Украина 17-годишната Гиулнара Назараова, која ја победи Александра Поспелова од Русија.

Во полуфиналето во конкуренција на двојки попладнево Ѓорческа со Ива Приморац од Хрватска ги победија Алина Фолц (Узбекистан) и Александра Поспелова (Русија). Првиот сет Ѓорческа и Приморац го добија со 6:2 во гемови, а во слениот беше 6:4 за ривалките. Во решавачкиот сет Ѓорческа и Приморац беа поуспешни со 10:7 на поени.

Тие утре во финалето ќе играат против првите носителки Алона Фомина (Украина) и Кристина Шаковец (Германија).

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер