3Директорката на ООУ Кочо Рацин Прилеп за сигурност на децата сака да пресече дрво старо над 100 години
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
1Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
ФудбалНово обвинение за италијански фудбалер- Тонали се обложувал и во Англија Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го обвини италијанскиот играч на Њукасл, Сандро Тонали дека 50 пати ги прекршил правилата за забрана за обложување на натпревари, јавува Би-би-си.Британските медиуми наведуваат дека Тонали ги прекршил правилата обложувајќи се на фудбалски натпревари во периодот од 12 август до 12 октомври минатата година. - Сандро ќе ги почитува сите правила на истрагата, а клубот му дава целосна поддршка. Повеќе нема да даваме изјави додека истрагата е во тек - објави Њукасл. Би-Би-Си потсетува дека Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) во октомври минатата година го суспендираше Тонали на десет месеци поради кршење на правилата за обложување. Италијанскиот фудбалер тогаш призна дека се обложил на натпреварите на кои настапувал за Милан и Бреша. Newcastle's banned midfielder Sandro Tonali charged with new betting offences allegedly committed while at the club#TelegraphFootball | #NUFC — Telegraph Football (@TeleFootball) March 28, 2024 Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потоа го прифати барањето на ФИГЦ за суспензијата на Тонали да се префрли на глобално ниво. Тој треба да се врати на терените во август годинава. Тонали пристигнал во Њукасл минатиот јули од Милан за 55 милиони фунти. Италијанскиот фудбалер пред суспензијата одигра 12 натпревари за англискиот клуб. Поради суспензијата ќе го пропушти претстојното ЕП во Германија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција во потрага по пиромани: Уапсени 474 лица за предизвикување пожариВо Франција, од почетокот на јули, 474 лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја.Меѓу уапсените има 183 малолетници, односно речиси 39 отсто од вкупниот број, објавија порталите BFM TV и „Фигаро“. На почетокот на август, француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека две третини од апсењата биле поврзани со подметнување пожари. France: 420 arrested, 166 minors, over fires set during the worst wildfire season since WWII. pic.twitter.com/jqqkmUbtOh — Open Source Intel (@Osint613) August 9, 2026 Утрово избувна нов шумски пожар во департманот Ланд во југозападна Франција, каде што синоќа изгореа околу 600 хектари, а околу 500 луѓе беа евакуирани поради приближувањето на пожарот кон населени места. Франција сè уште е зафатена од топлотен бран. За денес се прогнозираат температури од 35 до 38 Целзиусови степени, а на места и до 40, додека ноќите ќе останат многу топли во голем дел од земјата, со температури меѓу 20 и 26 степени.Тагови: пожар Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНБА се подготвува за историско проширувањеНајсилното свтеско кошаркарско првенство, мегапопуларната НБА лига се подготвува за историско проширување – познати се најважните чекори. НБА сериозно работи на проширување, а Лас Вегас во моментов има предност пред Сиетл во трката за нова франшиза, пренесува ESPN. Раководството на лигата сака прво да ја заврши работата во Лас Вегас и да постави рекордна цена за влез на нова франшиза во НБА, што потоа би претставувало основа за сите идни проширувања. Според претходните проценки, новите сопственици на клубот од Лас Вегас би можеле да платат меѓу 7,5 и 9 милијарди долари само за влез во лигата. Интересот на инвеститорите за Лас Вегас е значително поголем отколку за Сиетл. Боб Ајгер и Џош Кушнер беа меѓу потенцијалните купувачи, но се повлекоа од процесот откако одлучија да ги купат Лос Анџелес Лејкерс за рекордни 12,5 милијарди долари. Сепак, договорот за Лас Вегас сè уште не е блиску до конечно одобрување. „Ќе видиме што ќе се случи во септември . Ако се гласаше денес, предлогот немаше да помине. Сè се сведува на висината на надоместокот“, изјави извор од НБА за ESPN. Така, Сиетл останува сериозен кандидат за враќање во НБА, но неговата шанса можеби ќе мора да почека додека лигата прво не утврди рекордна пазарна цена преку случајот со Лас Вегас.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАргентинецот Паредес ја одби понудата на МиланРепрезенативецот на Аргентина, Леандро Паредес ја одби понудата за тригодишен договор од Милан и одлучи да остане во Бока Јуниорс, пренесува ESPN. Италијанскиот клуб беше подготвен да испрати понуда за аргентинскиот играч за врска и да се обиде да го ангажира ова лето, но Паредес избра да ја продолжи кариерата во Бока и да остане во Аргентина. Искусниот 32-годишен фудбалер претходно настапуваше за Рома, Зенит, ПСЖ и Јувентус, а со Аргентина го освои Светското првенство во 2022 година. Тој се врати во Бока Јуниорс по долга кариера во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter