АвтомобилизамНовиот PEUGEOT E-208 GTi - уште поголемо задоволство!Повеќе GTi од кога и да е!Денес на култната трка 24 часа Le Mans, PEUGEOT го претстави новиот E-208 GTi. Alain FAVEY, Извршниот директор на PEUGEOT, Jean-Marc FINOT, Извршниот директор на Stellantis Motorsport и Matthias HOSSANN, Менаџер за дизајн на PEUGEOT, заедно со Paul Di RESTA, официјалниот возач на тимот Peugeot TotalEnergies, беа дел од овој исклучителен настан во фан-зоната на PEUGEOT, за медиумите и фановите на PEUGEOT. Ознаката GTi се враќа на еден од најуспешните автомобили во B сегментот, PEUGEOT E-208. Со фокус на сензациите при возење, E-208 GTi може да се пофали со најдобрите перформанси на пазарот кај електичните hot hatch возила, со 280 КС и забрзување од 0 до 100 km/h за 5.7 секунди. Пред четириесет години, PEUGEOT влезе во автомобилската индустрија со претставувањето на 205 GTi. Во 1.6l верзија (1984), а потоа и во 1.9l (1986), 205 GTi беше пионир во новиот концепт на мали спортски hatchback возила, комбинирајќи исклучителни перформанси и задоволство при возење со спортски, но суптилен дизајн и уникатна разновидност. Во текот на четири децении ознаката PEUGEOT GTi ја означува историјата на спортските автомобили со неколку сериски модели познати по нивните перформанси и динамични квалитети – 306, 206, 207, 208... – и историјата на мотоспортот со бројните победи, посебно на рели трките. GTi не е само ознака, тоа е одлика што ја потврдува извонредноста на некои од најпознатите модели на PEUGEOT. Денес, PEUGEOT продолжува да ја пишува историјата за GTi со реинтерпретација на ДНК на овој амблем на забавен, модерен и самоуверен начин. Новиот PEUGEOT E-208 GTi е првиот 100% електричен GTi. Тоа е израз на современо и одржливо задоволстово при возење, комбинирајќи уникатни и водечки перформанси во B сегментот со исклучителна секојдневна разновидност. Затоа, E-208 GTi е повеќе GTi од кога било! Бидејќи PEUGEOT, повеќе од кога било, го сфаќа задоволството при возењето сериозно. E-208 GTi отвора нова ера за PEUGEOT GTi. EЛЕГАНЦИЈА, ГЕНИЈАЛНОСТ, СТИЛ: ИЗРАЗ НА ФРАНЦУСКА ХАРИЗМА Како резултат на работата на инженерите на PEUGEOT Sport и дизајнерите на PEUGEOT, новиот E-208 GTi овозможува најдобри перформанси во својата категорија со елеганција и дискреција. Пријателски и донекаде скромен автомобил... за оние кои знаат. GTi ДНК во срцето на E-208 GTi • Посмел став Како и сите GTi модели веќе 40 години, E-208 GTi се одликува првенствено со својот цврст став на патот благодарение на спуштената каросерија за 30 mm и проширените трагови на тркалата 56 mm напред и 27 mm назад. Големите 18-инчни фелни, со ознака „PEUGEOT GTi“, придонесуваат за моќниот став. Нивната перфорирана структура е знак на култните „дупчени“ фелни кај 205 GTi. Но, кај GTi, дизајнот служи и за перформансите: овие дупки помагаат и во оптимизирање на ладењето на сопирачките. • Култен и ненаметлив надворешен дизајн Лаковите на тркалата се доказ на уште едно спојување на естетиката и ефикасноста. Тие се проширени за да се прилагодат на зголемените трагови и се истакнати со елегантна и спортска црвена линија, уште еден знак на 205 GTi. Нивниот долен дел е проширен за да се „ослободат“ пневматиците, што помага да се нагласи спортскиот стил на автомобилот... без претерување. Дизајнот на долните делови од предниот и задниот дел дополнително го нагласува спортскиот став на PEUGEOT E-208 GTi. Додаден е спојлер на долниот дел од предниот браник. Специфичниот аеродинамичен дифузер сместен под задниот браник, кој го интегрира новото мало LED светло за магла, е обоен во сјајно црна боја за поголема елеганција и дискреција. Кај E-208 GTi црвената е доминантна боја! Добива ексклузивна светло црвена боја на каросеријата, што е впечатлив знак на култната црвена боја популаризирана кај првиот 205 GTi. • Впечатлива и инспиративна атмосфера во внатрешноста Култната црвена боја на PEUGEOT GTi исто така внесува динамика и енергија во ентериерот на E-208 GTi. Светло црвениот теписионски под, патосниците и безбедносните појаси кај E-208 GTi, како и оние кај 205 GTi, веднаш создаваат спортска атмосфера во кабината. Спортскиот и елегантен дизајн на специфичните предни седишта, со интегрирани потпирачи за глава, го одразуваат дизајнот на седиштата кај 205 GTi 1.9 со централен црвен украс што се протега преку седиштето и потпирачот за грб. А црвената мрежа на десната страна од седиштата потсетува на онаа на 205 GTi 1.6. Компактниот управувач, клучен елемент за задоволството при возење кај PEUGEOT, е изработен од перфорирана црвена кожа во комбинација со Alcantara® и централен амблем што исто така станува црвен. E-208 GTi ја нагласува елеганцијата на оригиналниот E-208 • Компактна и динамична силуета Динамичниот стил на оригиналниот E-208, еден од клучните елементи за успехот на моделот, ја олесни работата на дизајнерите на E-208 GTi. Компактната каросерија на E-208, со своите обемни екстензии на лаковите на тркалата и кратки испусти, беше идеална основа чијашто поставеност беше подобрена кај E-208 GTi со спуштање на автомобилот и проширување на траговите на тркалата. • Култен светлосен потпис PEUGEOT E-208 GTi се одликува со култниот светлосен потпис во форма на три лавовски канџи од сите модели на 208. Ефектот на осветлување е спектакуларен. На предната страна, впечатливиот ефект на трите светлечки лавовски канџи интегрирани во браникот е продолжен во осветлување на „Full LED“ предните светла со употреба на три независни оптички модули. На задната страна, трите хоризонтални лавовски канџи, кои се состојат од три елегантни LED линии, дополнително го подобруваат ставот на автомобилот. • Посебно префинета завршна обработка Како и сите PEUGEOT GTi, E-208 GTi комбинира спортски дух и елеганција. Префинетиот стил на GTi е изразен со мали црвени детали нанесени со финеса, но и ентузијазам на неколку елементи кај E-208 GTi: во решетката, околу амблемите PEUGEOT, во предните светла, на лаковите на тркалата, на шепите на предните сопирачки, под задниот спојлер, на шевовите што се протегаат низ целата контролна табла... Француски „savoir-faire“, француска извонредност • Дизајнирано од PEUGEOT Sport и дизајнерите на PEUGEOT E-208 GTi е целосно дизајниран од тимовите на PEUGEOT Sport со седиште во Satory (област на Париз), во соработка со дизајнерските тимови на PEUGEOT во Vélizy, исто така во близина на Париз. Со своето уникатно искуство на натпревари, инженерите на PEUGEOT Sport не направија компромиси во однос на ефикасноста и перформансите. Резултатот е убедлив: E-208 GTi е најмоќниот и најперформансниот модел во В сегментот. E-208 GTi е првиот 100% електричен автомобил дизајниран од PEUGEOT Sport. Искуството стекнато од тимот на светското првенство на трките на долги патеки (WEC) со хибридите PEUGEOT 9X8 кои се натпреваруваа во категоријата хиперавтомобили беше искористено за дизајнот на E-208 GTi, посебно за оптимизирање на термичкото управување и обновувањето на енергијата. Инженерите на PEUGEOT Sport, исто така, работеа интензивно на шасијата и сопирачките кај E-208 GTi (видете подолу). Претставувањето на E-208 GTi во срцето на францускиот и меѓународниот мотоспорт, на еден од најголемите спортски настани во годината, 24 часа Le Mans, не е случајност. Преземање на експертизата од патеката и нејзина примена на патот. • Електричен мотор - Made in France Моќниот електричен мотор на E-208 GTi се произведува во Trémery, во источна Франција, фабрика историски специјализирана за производство на мотори, сега посветена на електрични погони како дел од заедничкото Emotors вложување помеѓу Stellantis и Nidec Leroy-Somer. • Тимски напор со француски партнери PEUGEOT бараше најдобро за E-208 GTi, повикувајќи се на француски добавувачи за специфични елементи. Ова е посебно за пневматиците, фундаментални елементи за ефикасност: Michelin, долгогодишен партнер на PEUGEOT, обезбеди високо ефикасни пневматици за E-208 GTi, Michelin Pilot Sport Cup 2 во 215/40-18. АГИЛНОСТ, ДИНАМИЗАМ, ЗАДОВОЛСТВО: УНИКАТНИ СЕНЗАЦИИ ПРИ ВОЗЕЊЕ За PEUGEOT, сериозното сфаќање на задоволството при возење значи прво да се понудат исклучителни перформанси и сензации при возење, единствени на пазарот... Најдобри електрични перформанси во В сегментот • Електричен мотор од 280 КС PEUGEOT E-208 GTi е опремен со електричниот мотор M4+ кој развива 280 КС и овозможува импресивен вртежен момент од 345 Nm. Така, E-208 GTi овозможува најдобри перформанси од сите модели во В сегментот: забрзување од 0 до 100 km/h за само 5,7 секунди и максимална брзина од 180 km/h. • Диференцијал со ограничено лизгање PEUGEOT E-208 GTi има диференцијал со ограничено лизгање интегриран во редукторот кој го оптимизира однесувањето при свиоци, обезбедувајќи агилност, ефикасност и стабилност. • Батерија од 54 kWh Електричната батерија CATL со капацитет од 54 kWh кај E-208 GTi има придобивки од оптимизираното управување кое ја штити при спортска употреба и специфичен систем за ладење прилагоден на високи перформанси. Експертизата на PEUGEOT Sport во служба на уникатно искуство во возењето • Високоефикасна шасија PEUGEOT E-208 GTi овозможува најдобар сооднос моќност-тежина во својот сегмент (5,7 kg/КС). Предност што може совршено да се искористи благодарение на бројните модификации направени на шасијата од страна на инженерите на PEUGEOT Sport. Проширените трагови на тркалата, 56 mm напред и 27 mm назад, заедно со спуштената каросерија од 30 mm, во комбинација со пружини и амортизери со специфични хидраулични сопирања, пневматиците Michelin Pilot Sport Cup 2, како и задната баланс штангла, овозможуваат идеален компромис помеѓу ефикасноста при спортско возење и секојдневната удобност. ESP системот кај E-208 GTi овозможува специфичен Sport режим кој ги суспендира системите за помош на возачот за да ги максимизира сензациите, на пример на патеката. • Високоефикасно сопирање E-208 GTi има предни дискови со дијаметар од 355 mm со 4 фиксни шепи за сопирачките специјално дизајнирани за оптимизирање на ладењето и обезбедување оптимална и константна моќ на сопирање во сите околности. Дизајнот на овие високоефикасни сопирачки беше надгледуван од инженерите на PEUGEOT Sport. Нивните црвено обоени шепи ја носат оваа етикета на извонредност. Ова не е случај со задните шепи, кои се оние од оригиналниот E-208: одлуката е донесена бидејќи најбитен момент за E-208 GTi е неговата ефикасност и безбедност. PEUGEOT i-Cockpit® за подобрени сензации при возење • Специфични, спортски и удобни седишта E-208 GTi има предни седишта дизајнирани да им овозможат на нивните корисници да „станат едно“ со автомобилот. Тие се внимателно обложени, и седиштето и од страните, а интегрирани се и потпирачи за глава. За да се овозможи ефикасна поддршка при спортско возење, тие се исто така удобни и практични при користење во секојдневниот живот, обезбедувајќи разновидност што е дел од DNA на PEUGEOT GTi. • Специфично управување Чувствителноста на управувањето на E-208 GTi е специјално калибрирана за да понуди директен одговор погоден за динамично возење. А со специфичниот компактен управувач (видете погоре), тоа помага да се обезбедат уникатни сензации при возење. • Импресивен интерфејс Кога корисникот сака да почувствува вистинска спортска атмосфера, E-208 GTi е подготвен за игра! Графиката на дигиталната инструмент табла и централниот екран се црвени во стандардна конфигурација, а достапни се и специфични страници за индикација на перформансите. Амбиенталното осветлување е исто така црвено (достапни се уште седум бои). Ова спортско црвено осветлување е придружено со уникатно импресивно звучно искуство во возилото, кое ги буди сите сетила. Изведено од перформансите на моторот, тоа обезбедува дополнителни сензации при возење и лесно може да се активира или деактивира, според желбите на возачот. КВАЛИТЕТ, УСЛУГА, ЛОЈАЛНОСТ: E-208 GTi ДИЗАЈНИРАН ДА ТРАЕ Ознаката GTi отсекогаш била етикета за извонредност во сите области, од перформанси до ниво на опрема, до завршна обработка и квалитет на производство. Многуте PEUGEOT GTi што сè уште се во опција денес се доказ за ова. GTi од 2025 е потрајен од кога било, вистински пример за задоволство при возење со електрична енергија. Најдобра опрема и материјали! • Внимателно избрана комплетна опрема E-208 GTi го нуди најдоброто од E-208 во однос на опремата, како во однос на удобноста, така и во однос на системите за помош на возачот. Има информациски систем PEUGEOT i-Connect Advanced со високоефикасна навигација TomTom, препознавање на глас „OK PEUGEOT“ и функција за безжично пресликување (Apple CarPlay/Android Auto). • Висококвалитетно материјали Alcantara® на управувачот и страните на централната конзола, нови висококвалитетни ткаенини на седиштата, дебели специфични подни патосници... E-208 GTi има придибивки од најдобрите материјали, прилагодени на интензивната употреба со текот на времето. Комплетен електричен екосистем • Батерија со висок капацитет за соодветна автономија Благодарение на батеријата со капацитет од 54 kWh со оптимизирано управување и природните квалитети на ефикасност на E-208*, верзијата GTi овозможува опсег до 350 km комбинирано според WLTP, совршено погоден за секојдневна употреба. • Брзо и лесно полнење прилагодено за сите намени E-208 GTi може да се полни за 4 часа и 40 минути на ѕиден полнач (7,4 kW). Функцијата „ограничување на полнењето од 80%“, достапна во наизменична струја (AC), исто така овозможува нивото на полнење да се прилагоди на секојдневната употреба. За поинтензивна употреба, како на пример на патека, E-208 GTi може да се полни од 20% до 80% за помалку од 30 минути на станица за полнење од 100 kW. • Услуги што го поедноставуваат секојдневниот живот Како и сите модели на PEUGEOT E-208, GTi е опремен со Trip Planner (планер за патување) поврзан со поврзаниот систем за навигација кој ги оптимизира патувањата за да го максимизира опсегот на автомобилот и да го олесни полнењето. Кај Е-208 GTi има функција V2L која овозможува електричниот уред да се напојува преку високонапонската батерија на автомобилот. На пример, за полнење електричен велосипед или за управување со мобилното осветлување. Апликацијата за паметни телефони MyPEUGEOT® овозможува пристап од далечина до неколку функции: претходно поставување на температурата во кабината, програмирање на полнењето на батеријата, вградено програмирање за навигација пред тргнување на патот итн. Alain Favey, Извршен директор на PEUGEOT, изјави: „Воодушевени сме што го претставуваме новиот PEUGEOT E-208 GTi, револуционерно следно поглавје во култната приказна за GTi. Овој модел претставува спој на нашето богато наследство со најсовремена технологија, нудејќи неспоредливи перформанси и сензации при возењето, бидејќи во PEUGEOT сериозно се занимаваме со задоволството при возењето. Со овој нов GTi, поставуваме нови стандарди на пазарот кај hot hatch возилата.“ Jean Marc Finot, потпретседател на Stellantis Motorsport, изјави: „Новиот PEUGEOT E-208 GTi ја отелотворува нашата посветеност кон перформансите и иновациите, црпејќи од нашето богато тркачко педигре, вклучувајќи го наследството од достигнувањата на рели трките, а сега се натпреваруваме и на светското првенство на трките на долги патеки. Откако бев вклучен во создавањето на оригиналниот 205 GTi пред 40 години, оваа нова ера на иновации со E-208 GTi е особено значајна за мене и среќен сум што повторно ја пронаоѓам типичната агилност и чувството за управување на PEUGEOT GTi. Горд сум што претставувам автомобил што комбинира тркачка извонредност со модерно задоволство при возењето.“ *PEUGEOT E-208 беше рангиран како најефикасен автомобил на ADAC Ecotest 2024. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХаос во центарот на Киев: Руски дрон го погоди седиштетона украинската разузнувачка служба (ВИДЕО)Руски дрон го погоди седиштето на безбедносната служба на Украина (SBU) во центарот на Киев, а официјални лица изјавија дека нападот бил директно насочен кон канцеларијата на нејзиниот шеф.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дронот ја погодил централната зграда на SBU на улицата Володимирска, спроти историската катедрала „Света Софија“ во градот, објави „Дејли меил“. „Дронот бил насочен директно кон канцеларијата на шефот на безбедносната служба во таа зграда“, рече Зеленски по разговорите со вршителот на должноста шеф на SBU, Олександр Поклад. A Russian drone hit Ukraine's SBU headquarters in Kyiv, Zelensky says. pic.twitter.com/ZevaXpLbEV — Open Source Intel (@Osint613) September 4, 2026 Во нападот се повредени пет лица, според градоначалникот на Киев, додека густ црн чад се издигаше од местото на настанот. Зеленски рече дека службите за итни случаи се на местото на настанот. WATCH: The moment a Russian drone struck the central SBU building in the heart of Kyiv. pic.twitter.com/jtdSBRXiog — Clash Report (@clashreport) September 4, 2026 Директниот удар се случил по неколкудневни речиси постојани руски воздушни напади врз украинскиот главен град. Снимки од последиците од нападот беа објавени и на социјалните медиуми.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј СибихаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во официјална посета на Украина, во чии рамки оствари средба со својот украински колега, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.Во фокусот на разговорите беа можностите за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и соработката меѓу двете земји, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка, европската перспектива на двете земји, актуелните безбедносни предизвици, како и на можностите за учество на нашата држава во процесот на закрепнување и реконструкција на Украина. Министерот Муцунски ја потврди цврстата и континуирана поддршка за Украина, нагласувајќи ја принципиелната позиција во однос на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и меѓународното право. „Стоиме со Украина. Украина е суверена држава. Нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила. А меѓународното право не може да биде прашање на избор кога неговото почитување не ни одговара“, истакна Муцунски. Во разговорите беше нагласено и поширокото значење на безбедноста на Украина за европската и трансатлантската безбедност, како и потребата од заеднички и координиран ангажман на сојузниците и партнерите во создавањето услови за праведен и траен мир. „Американското лидерство и европската одговорност мора да дејствуваат заедно. Така го зајакнуваме одвраќањето денес. Така ги создаваме условите за мир утре. И така обезбедуваме тој мир да биде траен“, порача министерот. Муцунски ја потврди и подготвеноста на Македонија да продолжи да придонесува кон меѓународните напори за поддршка на Украина, како и активно да се вклучи во процесот на нејзино закрепнување и реконструкција. „Кога разговорот повеќе нема да биде за одбрана и преживување, туку за обнова и просперитет. Сакаме тој ден да дојде што е можно поскоро. И кога ќе дојде, мојата држава има намера да биде тука – не само како пријател кој стоел со Украина во тешките времиња, туку и како партнер во нејзиното закрепнување и реконструкција“, нагласи Муцунски. Двајцата министри ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка, како и за унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји. Во рамките на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со Олександр Корниенко, прв заменик-претседател на Врховната рада на Украина, а заедно со министерот Сибиха положија цвеќе пред Ѕидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
БалканПогребот на Младиќ во понеделник во Белград, Вучиќ нема да присуствува поради службени обврскиПоранешниот командант на босанските Срби и осуденик за воени злостроства, Ратко Младиќ, чие тело синоќа беше донесено во Србија, ќе биде погребан во понеделник на гробиштата Топчидер во Белград.Како што објавија српските медиуми, комеморацијата на Младиќ кој минатата недела почина во притворското одделение во Хаг, ќе се одржи утре во Домот на армијата. Вчера ковчегот обвиткан со српско знаме беше пренесен од Холандија со авион на српската влада, по што беше пречекан со воени почести. Ковчегот од авионот го изнесоа шестмина војници, во придружба на синот на Младиќ и српскиот министер за правда Ненад Вујиќ, кој рече дека семејството на Младиќ ќе ги објави плановите за погребот во наредните денови. Српскиот претседател Вучиќ денеска изјави дека поради службени обврски нема да присуствува на погребот на Младиќ, на кој се очекуваат голем број луѓе. Тој појасни дека во понеделник и во вторник треба да биде домаќин на претседателот на Узбекистан во Белград, посета која била закажана пред четири месеци. Комесарот за човекови права на советот на Европа, Мајкл О’флаерти, денеска порача дека јавното величење на починатиот воен злосторник претставуваат кршење на законите и директна навреда за жртвите на геноцидот во Сребреница и воените злосторства.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07