Новиот Juke на Нисан е во фаза на тестирање, најверојатно ќе биде само електричен - Канал 5

Новиот Juke на Нисан е во фаза на тестирање, најверојатно ќе биде само електричен

Nissan подготвува целосно електрична верзија на својот популарен кросовер Juke, а првите тест прототипови веќе се забележани на европските патишта.

Новиот Juke на Нисан е во фаза на тестирање, најверојатно ќе биде само електричен

Иако лансирањето се очекува во текот на 2027 година, шпионските фотографии откриваат возило чиј дизајн е силно инспириран од атрактивниот концепт Hyper Punk, и се очекува да ја сподели техничката основа со моделот Leaf од најновата генерација.

Дизајн инспириран од концептот Hyper Punk

Прототипот, покриен со црно-бела камуфлажна фолија, не може да ги скрие своите футуристички линии. Дизајнот е јасно инспириран од концептот Hyper Punk, кој е највидлив напред каде што големите фарови се вешто скриени зад решетката. Исто така, има широк централен влез за воздух, кој се чини дека има интегрирано голем сензор за системи за помош на возачот.

Страничната силуета открива закосен шофершајбна што се спојува со остро исечениот покрив, додека растечката линија на прозорецот и компактната стаклена површина му даваат на возилото динамичен изглед. Интересен детаљ се рачките на предните врати, кои се во иста линија со каросеријата, додека задните, како и на сегашниот модел, се скриени во рамката на вратата. Аеродинамичните бандажи и масивните странични прагови се дизајнирани визуелно да го сокријат пакетот батерии што се наоѓа во подот.

Задниот дел, исто така, носи смел дизајн со аголно стакло на задната врата и прилично голем спојлер на покривот. Светлосните групи се поделени - горниот дел ги содржи индикаторите за насока, додека подолу има големи, квадратни задни светла со интригантна графика.

Технологија преземена од новиот Leaf

Се очекува новиот електричен Juke да преземе многу од редизајнираниот Leaf, вклучувајќи ја и модерната CMF-EV платформа, позната и како AmpR Medium. Ова би значело дека веројатно ќе користи пакет батерии со капацитет од 52 kWh, што според WLTP циклусот треба да му обезбеди опсег од повеќе од 436 километри со едно полнење.

Не би било изненадувачки ако Juke го позајми и основниот електричен мотор на Leaf, кој развива 174 КС (130 kW) и 345 Nm вртежен момент. Со таков погонски склоп, Leaf забрзува од 0 до 100 км/ч за 8,3 секунди и достигнува максимална брзина од 161 км/ч, па затоа може да се очекуваат слични перформанси и за Juke.

Производство и лансирање

Нисан сè уште не откри многу детали, но претходно потврди дека компактниот електричен кросовер ќе биде лансиран во фискалната 2026 година. Ќе се произведува во фабриката во Сандерленд во Велика Британија, заедно со следната генерација на Leaf.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер