Фото: Овој електричен автомобил чини само 16.000 евра, но батеријата е со претплата - Канал 5

Фото: Овој електричен автомобил чини само 16.000 евра, но батеријата е со претплата

„Perodua QV-E“ е првиот електричен автомобил во Малезија – со батерија со претплата.

Фото: Овој електричен автомобил чини само 16.000 евра, но батеријата е со претплата

Малезискиот производител „Perodua“ го претстави својот прв целосно домашен електричен автомобил – „QV-E“, мал кросовер кој доаѓа со необична понуда: батеријата не се купува, туку се изнајмува.

Цената на возилото е околу 19.000 долари (околу 16.200 евра), но, се разбира, не може да се вози без батерија, па сопствениците мора да плаќаат месечна претплата.

„Perodua“ инвестираше околу 194 милиони долари во својот развој, а „QV-E“ е првиот модел кој не е базиран на технологија од други производители.

Автомобилот е компактен, со спортски изглед и „LED“ светла, а се нуди во две бои – „Ice Blue“ и „Caviar Gray“.

Внатрешноста е едноставна, со два дисплеи од 10,25 инчи и основни безбедносни системи.

Автомобилот користи електричен мотор од 204 КС (150 kW), со батерија од 52,5 kWh што обезбедува опсег до 445 километри според „NEDC“ циклусот.

Меѓутоа, како што веќе споменавме, батеријата не е купена - сопствениците ја изнајмуваат за околу 67 долари месечно со деветгодишен договор.

Силата се пренесува на предните тркала, а автомобилот забрзува од 0–100 км/ч за одлични 7,5 секунди.

Производството започнува со 500 автомобили месечно, а целта е да се зголеми капацитетот на 3.000 месечно до крајот на 2026 година.

Земјата сака електричните автомобили да сочинуваат 15 проценти од вкупната продажба на нови возила до 2030 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер