Нисан е во големи загуби- најавија затворање на седум фабрики - Канал 5

Нисан е во големи загуби- најавија затворање на седум фабрики

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан Мотор Ко.“ денеска соопшти дека остварил нето загуба од 221,92 милијарди јени (околу 1,25 милијарди евра) во првите шест месеци од фискалната година, од април до септември..

Нисан е во големи загуби- најавија затворање на седум фабрики

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан Мотор Ко.“ денеска соопшти дека остварил нето загуба од 221,92 милијарди јени (околу 1,25 милијарди евра) во првите шест месеци од фискалната година, од април до септември, по падот на глобалната продажба на возила и воведувањето високи американски царини.

Ова е остар пад во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата оствари профит од 19,22 милијарди јени, објави новинската агенција „Кјодо“.

Приходите за шесте месеци изнесуваа 5,58 трилиони јени, што е пад од 6,8 проценти на годишно ниво, додека оперативната добивка се намали од профит од 32,91 милијарди јени на загуба од 27,65 милијарди јени.

Глобалната продажба на автомобили на „Нисан Мотор Ко.“ се намали за 7,3 проценти на 1,48 милиони возила, а падот е особено изразен на кинескиот и јапонскиот пазар.

Јапонската компанија соопшти дека продолжува со големо реструктуирање, кое вклучува намалување на бројот на фабрики од 17 на 10 и планира намалување на околу 20.000 работни места до фискалната 2027 година.

Процесот на консолидација веќе вклучува фабрики во Аргентина, Јапонија, Индија и Мексико, како и заедничка фабрика со Мерцедес-Бенц во Мексико, каде што производството е суспендирано на крајот на ноември.

Нисан, исто така, ќе го продаде своето седиште во Јокохама како дел од мерките за намалување на трошоците, а потоа ќе го издаде под наем, со што ќе оствари еднократна добивка од 73,9 милијарди јени.

Претседателот и извршен директор на Нисан Мотор, Иван Еспиноза, изјави дека процесот на намалување на работната сила се одвива „според планот“ и изрази увереност дека новите мерки ќе помогнат продажбата да се опорави во втората половина од фискалната година.

Нисан Мотор ја задржа својата годишна проценка на приходите од 11,7 трилиони јени, но во исто време очекува оперативна загуба од 275 милијарди јени до крајот на март 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер