3Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка
АвтомобилизамНовиот БМВ iX3 е хит- производството не може да го следи огромниот интерес на купувачите (ВИДЕО)BMW официјално влезе во новата ера на Neue Klasse откако го претстави iX3 2026 на Саемот за автомобили во Минхен минатиот месец, модел кој ги има сите предиспозиции за успех на пазарот.Судејќи според првите реакции, се чини дека клиентите се повеќе од возбудени за новата генерација, бидејќи побарувачката веќе ги надминува производствените капацитети. Неочекуван интерес на клиентите Помалку од два месеци по премиерата, извршниот директор на BMW Group, Кристијан Ах, потврди дека интересот за iX3 ги надминал дури и најоптимистичките прогнози. „Добивме над 3.000 нарачки за iX3 во првите шест недели по неговото лансирање на IAA во Минхен“, изјави тој за Automobilwoche, веројатно мислејќи само на побарувачката во Германија. Иако 3.000 нарачки може да изгледаат скромни во споредба со бројките од Кина, контекстот ја отсликува сликата. Минатата година, во Германија беа продадени 2,8 милиони нови патнички автомобили, додека во Кина тој број надмина 31 милион. Интересот е уште поимпресивен со оглед на тоа што БМВ сè уште не започнал да нуди тест возења. Цена и перформанси Во Германија, почетната цена за моделот iX3 од 2026 година ќе биде 68.900 евра, а се очекува следната година да пристигне попристапна варијанта со цена поблиску до 60.000 евра. При лансирањето ќе биде достапна само една верзија, iX3 50 xDrive, која користи два електрични мотори со вкупна моќност од 463 КС и 645 Nm вртежен момент, што му овозможува да забрза до 96 км/ч за 4,7 секунди. Подеднакво важен е и опсегот од 644 км според циклусот EPA, благодарение на батеријата со капацитет од 108 kWh. Батеријата може да се полни од 10 до 80 проценти за само 21 минута. Производството не може да го задоволи барањето Во разговор за Automobilwoche, Ах додаде дека планираната стапка на производство на iX3 во текот на 2026 година „нема да може да го задоволи големото побарување на купувачите“. Следниот модел во Neue Klasse линијата на BMW ќе биде i3. И покрај познатото име, тоа ќе биде целосно електрична верзија на Серијата 3, а не компактниот хечбек што некогаш го носеше тоа име. Се очекува да ја дели поголемиот дел од технологијата на погонскиот склоп со iX3.Тагови: бмв купувачите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
МакедонијаАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена водаВодата од градскиот водовод во Гостивар не смее да се користи за пиење, подготовка на храна, ниту за лична хигиена.Водата од градскиот водовод во Гостивар не смее да се користи за пиење, подготовка на храна, ниту за лична хигиена, откако Агенцијата за храна и ветеринарство изрече забрана како превентивна мерка до добивање на резултатите од лабораториските анализи. Одлуката следува откако со надзорот утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Од гостиварската болница „Д-р Ферид Мурад'' потврдуваат дека помош со симптоми како повраќање, диареја, болки во желудникот, температура и омалаксаност, побарале околу 1000 пациенти. -Досега хоспитализирани пациенти нема, има само амбулантски пациенти кои примат терапија и се пуштат дома. Меѓу пациентите има од сите возрасти меѓу кои и деца и тоа околу 320 деца за 3 дена. Се чека резултат од Институтот за Јавно здравје за дополителни информации,- -ЈЗУ Општа Болница „Д-р Ферид Мурад'' Гостивар. Од полицијата велат дека презеле итни мерки и активности на терен во село Вруток, се сомневаат дека пумпите биле поставени за да се зголеми притисокот на мрежата. -Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар,- -СВР Тетово. Републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески рече дека е рано во моментов да се дава правна квалификација на настанот додека се преземаат истражни дејствија за да се утврди за што точно станува збор. -На подрачјето на Основното јавно обвинителство Гостивар се преземаат конкретни истражни дејствија во кои се вклучени сите потребни институции за да се утврди таа состојба. Треба да се види дали станува збор за евентуално кривично-правен настан или се работи за состојба од друг аспект. Така што, во моментов се преземаат истражни дејствија од страна на надлежниот јавен обвинител од ОЈО Гостивар,- изјави – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ. Од Институтот за јавно здравје потврдија дека се земени примероци, и во текот на викендот ќе ги имаат резултатите, а во меѓувреме се спроведуваат и епидемиолошки анкети. -Веднаш по добивањето на налогот од ЈО, ИЈЗ испрати своја екипа, земени се мостри истите се дадени на обработка на анализа, во очекување сме на резултатите согласно протоколите, потребно е да бидат поминати 48 часа во однос на микробиолошките анализи. Штом ги имаме резултатите ќе бидат доставени до Обвинителството,- изјави – Марија Андоновска – Директор на ИЈЗ. Забраната за употреба на водата ќе остане во сила сè до добивањето на резултатите со кои ќе се потврди дали таа е безбедна за пиење. Тагови: АХВ Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Огромно свлечиште затрупа домови во Кина, луѓе останаа заробени под кал и урнатиниСтотици спасувачи во југозападна Кина се во трка со времето откако свлечиште утрово го погоди градот Чонгкинг, при што беа уништени згради, а жители останаа заробени под кал и урнатини. Siete de las personas atrapadas tras un deslizamiento de tierra registrado en la municipalidad de Chongqing, en el suroeste de #China, han sido rescatadas, confirmaron las autoridades locales. El deslizamiento sepultó un número indeterminado de viviendas a lo largo de un… pic.twitter.com/w3vUAGyIYP — David de la Paz 戴维 (@daviddelapaz) July 17, 2026 Катастрофата е една од неколкуте предизвикани од обилните врнежи и од екстремните временски услови кои погодија делови од кина во последните недели. Поради ситуацијата, на местото беа испратени високи претставници за спасување од Пекинг. Локалните претставници во Чонгкинг забележале повремени одрони на карпи и издале итно предупредување околу 8 часот утринава, а според извештајот, околу еден час подоцна се случило големо свлечиште кое поминало низ неколку станбени објекти и ги заробило жителите кои биле во процес на евакуација. 🚨 This morning, local time, a landslide struck near the Wujiang Third Bridge in Pengshui, Chongqing, China. Multiple residential buildings were damaged or buried, and some people are reportedly trapped under the debris. Heavy rain has made rescue operations extremely difficult,… pic.twitter.com/WLFgbBpgQC — Aric Chen (@aricchen) July 17, 2026 Властите соопштија дека спасувачката операција продолжува и дека сите информации за евентуални жртви ќе бидат објавени подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
МакедонијаДесетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка Некои подароци не се мерат по нивната вредност, туку по приказната што ја носат, напиша на својот Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Десетгодишно момче од Украина, кое од синоќа престојува во Кавадарци, денес му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка – подарок со огромна симболика и значење. Неговата мајка веќе четири години е на фронтот, бранејќи ја својата татковина. Четири години во кои ова дете расте со надеж дека повторно ќе ја прегрне. Со овој скромен, но исклучително значаен гест, момчето ја изрази својата благодарност за можноста да престојува во Кавадарци, каде заедно со другите деца од најпогодените воени подрачја ќе помине десет дена исполнети со мир, дружење, спортски и културни активности и нови пријателства. Постојат подароци што немаат материјална вредност, но носат приказни кои засекогаш остануваат во сеќавање. Денешниот е токму таков, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook