АвтомобилизамМерцедес заостанува, додека БМВ бележи значаен раст на продажбатаВечните ривали BMW и Mercedes ги објавија резултатите од продажбата за третиот квартал, при што податоците покажуваат растечки јаз помеѓу двата германски премиум бренда.Додека Mерцедес се соочува со пад на испораките, БМВ бележи значителен раст, особено на клучните глобални пазари. Во периодот од јули до септември, Mercedes продаде 441.500 автомобили, што претставува намалување од 12 проценти во споредба со истиот период во 2024 година. Вклучувајќи ги и комбињата, Mercedes Group испорачал вкупно 525.300 возила. Од друга страна, BMW испорачал 514.620 возила од сопствената марка, постигнувајќи раст од 5,7 проценти. Кога ќе се вклучат и другите брендови во рамките на BMW Group - Mini, Rolls Royce и BMW M, вкупната продажба достигна 588.300 единици, што е зголемување од 8,8 проценти. Разлики на клучните пазари Она што е особено впечатливо се драстично различните резултати на поединечните пазари. Во Соединетите Американски Држави, продажбата на Mercedes падна за 17 проценти на 70.800 единици. Спротивно на тоа, BMW забележа неверојатен раст од 24,9 проценти на истиот пазар, продавајќи 297.247 возила. Сличен тренд е видлив во Кина, каде што двата производители се соочуваат со предизвици. Сепак, Mercedes се покажа значително полошо, со пад на продажбата за дури 27 проценти. BMW исто така забележа пад, но значително помал, од 11 проценти. Ситуацијата со електричните возила Податоците за продажбата на електрични и електрифицирани возила дополнително ја продлабочуваат разликата. Испораките на целосно електрични возила (BEV) од Mercedes стагнираа - компанијата испорача 42.600 вакви возила во третиот квартал, што е речиси идентично со резултатот од минатата година. Притисоци врз трошоците, царински бариери и силна конкуренција во Кина се наведуваат како причини. Со BMW, приказната е покомплицирана. Вкупната продажба на електрифицирани возила (целосно електрични и plug-in хибриди) се зголеми за 8 проценти, на 151.282 единици. Сепак, продажбата на целосно електрични возила на глобално ниво забележа мал пад од 0,6 проценти, иако од почетокот на годината бележи зголемување од 10 проценти. Двајцата производители наскоро лансираат важни нови модели, вклучувајќи го Mercedes GLC со EQ технологија и BMW iX3, па затоа ќе биде интересно да се види како тие ќе влијаат врз бројките на продажба во наредниот период.Тагови: бмв мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛШ: Историска победа на Кома - 9:1; Арсенал се коцкаше во Прага Фудбалерите на Кома ја одбележаа вечерта во Лигата на шампионите со една од најубедливите победи во историјата на најсилното натпреварување на Стариот Континент.Откако тимот на Сеск Фабрегас минатото коло му „испорача“ четири гола на Манчестер Јунајтед, синоќа во Ланс – спротивно на сите очекувања – легијата странци од крај популарното езеро одржа фудбалска лекција на стадионот „Болар“. Ланс – Комо 1:9! Ова беше шеста последователна победа на „казнената експедиција“ на Сеск во сите натпреварувања, а трета во четири кола од елитното првенство. Но, оваа ќе се памети и прераскажува. Оваа победа влегува во клупските алманаси и во аналите на елитата (како втора најубедлива во историјата). Сите останати натпревари останаа во сенка на неверојатниот триумф на клубот, кој до пред само неколку години настапуваше во втората италијанска лига. Гркот Дувикас, кој се запиша во листата на стрелците три пати, а моментално е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со шест гола, исто така блесна оваа вечер. Во исто време, во Прага, фаворитот Арсенал мораше да вложи многу напор за да го сочува водството против Славија. На крајот „Топџиите“ славеа со 2:1, но Микел Артета ќе има што да им каже на своите играчи, особено за прикажаното во второто полувреме. 4-коло Среда АЕК - Реал Мадрид 2:3 (1:1) Коита 12, Пило 75 - Белингем 32, Мбапе 78, Валверде 90+2 Фенербахче - Ливерпул 3:2 (1:1) Жаке 29 (а.г.), Браун 73, Муричи 79 - Њони 25, Исак 69 Борусија Дортмунд - Бетис 2:1 (0:0) Силва 49, Карекас 72 - Руибал 67 Порто - Наполи 4:1 (1:1) Беднарек 11, Веига 71, Кивиор 80, Саму 89 - Мектомини 43 Ланс - Комо 1:9 (0:3) Агилар 65 - Дувикас 7, 32, 56, Паз 40, Да Куња 47, Кемпф 53, Либерали 62, Батурина 69, Папацоло 90+2 ПСВ - Клуб Бриж 1:2 (0:1) Сано 54 - Тресолди 25, Форбс 65 Лајпциг - Манчестер Сити 2:3 (0:1) Баку 49, Нуса 61 - Лукеба 37 (а.г.), Фернандез 58, Халанд 78 Викинг - Сабах 4:1 (1:1) Ботхајм 27, 90+4, Трипиќ 69, Фалшенер 81 - Ембина 11 Славија Прага - Арсенал 1:2 (0:2) Новак 90 - Мадуеке 9, Ѓекереш 38Тагови: Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот МицкоскиИзвештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени. Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезонатаГрад Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници.- Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела и дека посветено работи на зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook