Новинар стана хит по реакцијата кога виде како му се приближува крдо бизони (ВИДЕО)

Новинар на телевизија од американската држава Монтана стана хит на Твитер поради неговата реакција кога забележал дека стадо бизони оди кон него.

НовинаротДејон Бруктон, вчера известуваше од Националниот парк Јелоустон, кога забележа дека стадото бизони доаѓа кон него. Паркот бил затворен до понатамошно известување поради пандемијата на коронавирус.

Бруктон се снимал и го објави видео од оваа несакана средба на Твитер. Бизоните воопшто не се гледаат, но реакцијата на новинарот кажува многу. "О, боже мој. О, боже мој", вели Бркстон пред паузата. „О, не, не се шегувам со вас“, рече тој пред брзо да започне да се повлекува.

Тој го снимил бизонот откако дошол на безбедно ,а многумина веднаш почнаа да се шегуваат.

Националниот парк на Твитер ја пофали реакцијата на новинарот и ја наведе како пример за однесување при средба со дивиот свет.

Бизонот е најголемото копнено животно во Северна Америка и возрасните мажјаци можат да тежат повеќе од еден тон, пренесува Си-Ен-Ен.

Американската агенција за национални паркови соопшти дека може да трчаат со брзина од 40 километри.

Британците планираат трајно да забранат купување цигари

Членовите на британскиот парламент денеска ќе гласаат за предлогот на премиерот Риши Сунак за трајна забрана за купување цигари на сегашните 15-годишници и помлади.

Иако се очекува мерката да помине, планот на Сунак да наметне едно од најстрогите правила против пушењето налути некои членови на неговата владејачка Конзервативна партија, вклучително и поранешните премиери Борис Џонсон и Лиз Трус, кои тврдат дека државата не треба да диктира како луѓето треба да го водат својот живот.

Пратениците ќе гласаат за предлог-законот како што сакаат, што значи дека не треба да гласаат по партиска линија. Сличен закон во Нов Зеланд беше отфрлен од новата коалициска влада пред да стапи на сила оваа година.

Силното противење на најавената мерка во рамките на конзервативците ќе му нанесе уште еден удар на Сунак, кој веќе е на удар на критиките од сопствената партија за прашања кои се движат од климатските промени до одбранбената политика.

Според предлог-законот, на децата родени во 2009 година и подоцна ќе им биде забрането легално да купуваат тутунски производи бидејќи, како што тврди Сунак, „може да се спречи единствената најголема причина за лошо здравје, инвалидитет и смрт“.

Планот на Сунак има поддршка од медицински експерти и добротворни организации кои велат дека 80.000 луѓе годишно умираат од пушење и многу повеќе од болести поврзани со пушењето.

Конзервативниот пратеник Сајмон Кларк верува дека забраната може да се покаже како контрапродуктивна.

„Се плашам дека забраната ќе го направи пушењето уште попривлечно и секако постои ризик од создавање црн пазар и незамислив предизвик за властите“, рече Кларк.

И покрај критиките, се очекува предлог-законот да помине. Лабуристите најавија дека ќе го поддржат.

Извор: Индекс.хр

Писонеро: Еврокомисијата го одобри Планот за реформи и инвестиции во Украина

Планот се базира на Украинскиот механизам и гарантира дека на Украина ќе и се овозможи финансирање за одржување на нејзината администрација во функција, за исплата на плати и пензии.

Европската комисија донесе Одлука со која даде позитивна оценка за спроведување на Планот за Украина, кој претставува сеопфатната стратегија за реформи и инвестиции во земјата за следните четири години, информира денеска портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

- Планот се базира на Украинскиот механизам и гарантира дека на Украина ќе и се овозможи финансирање за одржување на нејзината администрација во функција, за исплата на плати и пензии, за обезбедување на основни јавни услуги и за да ги поддржи обновата и реконструкцијата додека продолжува да се брани од руската агресија, изјави Писонеро.

Таа потенцира дека исплатата на 50-те милијарди евра предвидени со Механизмот во следните четири години, ќе зависи од имплементацијата на договорените реформи и инвестиции наведени во Одлуката, како и под услов Украина да продолжи да ги поддржува и почитува демократските механизми.

- Планот, исто така, обезбедува рамка за управување со обновата, реконструкцијата и модернизацијата на Украина и содржи соодветни механизми и аранжмани за заштита на финансиските интереси на ЕУ, преку обезбедување на ефективна имплементација, следење и известување, додаде Писонеро.

Комисијата проценува дека Планот за Украина е усогласен и избалансиран со целите на Украинскиот механизам за справување со предизвиците на Киев на патот кон членство во ЕУ и како одговор на потребите за обнова, реконструкција и модернизација на земјата, со што ќе се поттикне одржливи економски раст и ќе се привлекуваат инвестиции за засилување на потенцијалот за раст на државата на среден и подолг рок.

Планот идентификува 69 реформи и 10 инвестиции, поделени на 146 квалитативни и квантитативни показатели.

Реформите предложени во Планот за Украина опфаќаат 15 области, вклучувајќи ги енергијата, земјоделството, транспортот, зелената и дигиталната транзиција, човечкиот капитал, како и државните претпријатија, деловното опкружување, јавните финансии и децентрализацијата.

Целта на реформите е да ги подобрат макроекономската и финансиската отпорност и управувањето на Украина, да ги зголемат капацитетите и ефикасноста на администрацијата, одговорноста и интегритетот на судството, да го поддржат развојот на приватниот сектор и да создадат амбиент погоден за одржлив економски раст.

Инвестициите, пак, се наменети за областите на човечкиот капитал, енергијата, транспортот, земјоделско-прехранбениот сектор, деловното опкружување и регионалните политики.

Земјите членки на ЕУ сега имаат рок од еден месец за усвојување на оваа Одлука на Европската комисија. Усвојувањето на Одлука за спроведување на Планот ќе и овозможи на Комисијата да и исплати на Украина 1,89 милијарди евра во форма на предфинансирање, додека не започнат редовните исплати поврзани со спроведувањето на реформските и инвестициските индикатори утврдени со документот.

Маск најави: Ќе мора да плаќаат

Илон Маск планира да наплати мала надокнада на новите корисници на платформата „X“ кои сакаат да објавуваат содржина.

Маск ја посочи и причината поради која платформата се одлучила на овој чекор, а тоа е борбата против ботови. Тој вели дека тоа бил единствениот начин да се спречи наездата на ботови.

„Тековните ВИ (и тролови) лесно можат да го заобиколат тестот „дали си бот““, истакна Маск, посочувајќи на алатки како „CAPTCHA“.

Сопственикот на платформата „X“ подоцна додаде дека новите сметки ќе можат да објавуваат содржина на „X“ по три месеци од создавањето, доколку не сакаат да платат.

Засега нема информации кога ќе почне да се применува оваа наплата, и колку ќе треба да платат новите корисници.

Минатиот октомври, „X“ почна да наплаќа по еден долар годишно на непроверени корисници во Нов Зеланд и Филипини. Новите корисници од овие региони, откако креираа сметка, можеа да читаат објави, но не да одговараат на нив или да вршат други интеракции. За објавување содржина, лајкување, повторно објавување, одговарање на содржина и друго, морале да платат такса.

На почетокот на оваа година, „X“ почна да се бори со спам сметките, предупредувајќи ги корисниците дека бројот на нивните следбеници може да се намали.

притисни ентер