Новата Фабија му конкурира на Голф 4 (ФОТО)

Skoda Fabia наскоро ќе ја добие четвртата генерација, а сега се појавија неколку нови детали.

По најавата за тикер од Škoda, тие одлучиле да споделат фотографии од маскираниот автомобил. Сепак, она што е тешко да се види е очекуваното зголемување на димензиите. Така е, Fabia ја премина границата од четири метри и достигна 4107 mm во должина. Со овие нови десет сантиметри во должина, новиот модел ќе се прошири за пет сантиметри во споредба со неговиот претходник, додека единствениот пад ќе биде во висина,за околу 7 мм.

Конечно, важен плус е растојанието помеѓу оските, а со 2564 mm нуди дури 10 см повеќе од претходната генерација, но и повеќе од Golf од четвртата генерација. А, кога станува збор за моделот што до неодамна беше автомобил од соништата на овие простори, да речеме дека новата Fabia нема да биде подолга, туку ќе биде поширока и повисока.

Ваквото зголемување на димензиите го става популарниот модел на Ѕkoda на чело на целиот концерн, барем кога станува збор за димензиите. Повеќе простор во кабината е најмалку што може да се очекува, а доволен сигнал дава и фактот дека багажникот пораснал за 50 литри и сега мери 380 литри. Без сомнение, Фабија влегува на територијата на класата компакти.

Добрата вест е дека и покрај растечките димензии, тежината на автомобилот не пораснала. Во Ѕkoda велат дека ја задржале тежината на своите претходници, а истовремено ја подобриле и аеродинамиката. Коефициентот на отпорност на воздухот опаднал од 0,32 на 0,28.

Најдобрата вест е сепак враќањето на моторот со четири цилиндри. Сè уште нема дизел, но затоа највисоката верзија сега се состои од 1,5 TSI со 150 КС и 250 Nm, а достапна е само со менувач DSG. За сите други, во понудата остануваат 1.0 трицилиндрични мотори, атмосферски мотор со 65 и 80 КС и турбини со 95 и 110 КС.

Дигитален кокпит, девет воздушни перничиња и LED светла стануваат дел од понудата, како и додатоци како поголем резервоар за гориво (50 l). И на списокот се наоѓаат едноставни паметни решенија како складирање на багажникот што може да се преклопи, подвижен држач за чаши и мултифункционална панорамска сенка на покривот. Вкупно има 43 корисни додатоци, вклучително и USB-C конектор во внатрешниот ретровизор за напојување на фотоапаратот.

И, конечно, да речеме дека премиерата на Фабија е закажана за оваа година, додека ќе чекаме уште една година за настапот на Комби верзијата.

Олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз

Од Акропол, преку Атина кон централна Грција – олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз.

Од Санторини на Акропол, од Акропол низ атинските улици, преку Министерството за одбрана, Грчкиот олимписки комитет и Олимпискиот стадион - олимпискиот оган откако во вторникот беше запален во античка Олимпија го продолжува штафетното патување низ Грција, за во петок и официјално да им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа, огнот од островот Санторини со траект пристигна на атинското пристаниште, а оттаму беше пренесен на Акропол, каде што остана во текот на ноќта.

Утрово, кусо по 7.30 часот на петтиот ден од штафетното пренесување, олимпискиот оган од Акропол, со повеќе попатни станици низ Атина се упати кон античкиот град Делфи, а оттаму и кон Волос и Ламиа.

Лошите временски услови и дождот што речиси континуирано врнеше на целата рута низ Атина, не претставуваше проблем за учесниците во штафетното предавање, а на Акропол беа поздравени и од туристите кои случајно се најдоа таму.

- Каква коинциденција! Ние дојдовме за да го видиме Акропол и воопшто не знаевме дека има вакво нешто. Убаво искуство во секој случај да се види и Олимпискиот пламен, рекоа во разговор со дописничката на МИА од Атина три девојки од САД кои чекаа да дојде осум часот за да се отвори Акропол, но имаа можност одблиску да го видат и огнот за ЛОИ.

Со сличен став беа и други туристи од различни земји од светот, кои не го криеја нивното позитивно изненадување и задоволство.

Олимпискиот оган, продолжи до Музејот на Акропол, оттаму низ атинските улици, помина пред античкиот олимписки стадион Панатенаик и со повеќе попатни станици стигна до Министерството за одбрана на Грција каде што се одржа и мала манифестација.

Денешното патување низ Атина, огнот го продолжи до Грчкиот олимписки комитет, Олимпискиот музеј, Олимпискиот стадион и се упати кон античкиот град Делфи, Ламиа и Волос каде што ќе ја помине ноќта.

Во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Солун за да ја помине цела северна Грција и западна Грција, за во петок повторно да се врати во Атина.

Олимпискиот оган за 11 дена, ќе помине 5.202 километри и 563 наутички милји, а во петок, на 26 април во Атина на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик ќе биде предаден на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.

Манифестациите во Грција, како палењето, така и штафетното пренесување низ земјата и предавањето на организаторите во Атина, по пауза од четири години ќе се одржат регуларно, со оглед на тоа дека во октомври 2021 година и март 2020 година поради пандемијата сите свечености беа без публика, а олимпискиот оган за Зимските олимписки игри „Пекинг 2022“ и Летните Олимписки игри „Токио 2020“ од Атина замина без штафетното да патува низ Грција, туку директно им беше пренесен на домаќините.

Летните Олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август. /МИА

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

притисни ентер