СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026
1СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
2Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026
ТенисНовак се опоравува од Вимблдон на плажа во Црна Гора (ФОТО)Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна на црногорското приморје.Ѓоковиќ веднаш по финалето на Вимблдон од Лондон замина во Црна Гора каде очигледно ќе ги наполни батериите за продолжението на сезоната и почетокот на американската турнеја. View this post on Instagram A post shared by M.Swarv (@mannyswarv) Новак беше опкружен со многу обожаватели, а тој среќно им позираше на сите и даваше автограми. Novak in Montenegro 🇲🇪@DjokerNole #novakdjokovic #goat pic.twitter.com/GTAo99qCj4 — najla (@NajlaAbuHaider) June 23, 2023 Ѓоковиќ ќе има десет дена одмор, пред да ги започне подготовките за турнејата низ Америка, каде го очекува првиот турнир во Синсинати, кој започнува на 13 август. Секако, врв на турнејата ќе биде УС Опен, кој започнува на 28 август, каде Ѓоковиќ повторно има можност да ја освои својата 24. Грен слем титула.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Меси се врати на фудбалот по смртта на татко му, дочекан со овации Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност и само 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами. Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност исамо 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами на синоќешниот дуел од Лига-купот против Леон, меч што неговиот тим сепак го загуби од мексиканскиот претставник на домашен терен со 2-3. Lionel Messi returned to the pitch this night in Inter Miami’s match against León. 👏🏻 Despite Messi’s return, Inter Miami suffered a 2-3 defeat. ❌ pic.twitter.com/bNP2Q24pmn — Pro_Foot HQ (@ProFoot_HQ) August 13, 2026 Меси се уште тагува по смртта на неговиот татко, а вчера објави писмо во кое најави дека сериозно размислува набрзо да ја заврши кариерата. Тој доби слободни денови од управата да остане со семејството се додека не се почувствува подготвен за камбек на терените, но никој не очекуваше тоа да се случи така брзо. Неговото излегување на теренот беше проследено со аплауз и воодушевување од публиката. Само неколку часа претходно, Меси објави емотивна порака посветена на својот татко на Инстаграм. Во неа, тој ја опиша длабоката болка од загубата и изрази сомнеж дали ќе може уште долго да игра фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПрстен вреден милион евра: Возач на Формула 1 филмски ја запроси девојката Возачот на Формула 1, Џорџ Расел се сврши со убавата Кармен Монтеро Мундт по шестгодишна врска, а вниманието го привлече раскошниот накит со огромна вредност.Летната пауза во Формула 1 донесе големи вести од приватниот живот на Џорџ Расел. Ѕвездата на „Мерцедес“ ја запроси својата долгогодишна девојка Кармен Монтеро Мундт, а посебно внимание привлече луксузниот веренички прстен, чија вредност се проценува на близу еден милион евра. Британскиот возач во Формула 1 за чинот на запросување избра романтичен амбиент покрај морето. Бели рози, свеќи и зајдисонце беа позадината на моментот кога Кармен се согласи да стане негова сопруга. Двојката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на Инстаграм, користејќи едноставни симболи – прстен и бело срце. Сепак, набрзо потоа, прстенот стана една од главните теми на социјалните мрежи. Кармен покажа голем жолт дијамант со овален рез на својата рака, кој според проценките тежи меѓу осум и десет карати. Централниот камен е опкружен со помали бели дијаманти од двете страни. Повикувајќи се на стручни проценки објавени во германскиот весник „Билд“, порталот „Спортал“ наведува дека овој накит би можел да вреди околу 900.000 евра. Љубовната приказна меѓу Џорџ и Кармен трае веќе шест години. Тие се запознале во Лондон во 2020 година преку заеднички пријатели; интересно е што Кармен, наводно, во тоа време дури и не знаела со што се занимава Расел. Тој побарал нејзин телефонски број, ја поканил на вечера и сам го подготвил оброкот. На 18-годишна возраст, Кармен се преселила од Шпанија во Обединетото Кралство, каде што студирала бизнис-менаџмент и финансии на Универзитетот во Вестминстер, а своето образование го продолжила и во Женева.Тагови: Формула 1 Џорџ Расел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизОткриени деталите за свадбата на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, церемонија со само 5 гостиОткриени деталите за свадбата на векот меѓу најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и атрактивната екс хостеса Георгина Родригез. Само овие 5 гости присуствуваа на церемонијатаЕден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, и инфлуенсерката Георгина Родригез стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија. Двојката го кажа судбоносното „да“ во вторникот, на интимна и приватна церемонија на која присуствуваа нивните пет деца, една година откако се свршија. Роналдо ја сподели веста дека тој и Георгина стапиле во брак по десетгодишна врска, објавувајќи фотографија од нивните венчални прстени на Инстаграм. Оваа вест ја потврди и претставникот за односи со јавноста на славниот фудбалер преку соопштение: „Кристијано Роналдо и Георгина Родригез денес стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија, и сега официјално се сопружници. Церемонијата била приватен и интимен чин на кој присуствуваа нивните пет деца“, пишува „Дејли мејл“. Веста за венчавката пристигна само неколку дена откако се веруваше дека парот ќе стапи во брак во катедралата во Фуншал, што поттикна илјадници фанови да се соберат пред црквата. Сепак, набрзо се испостави дека парот воопшто нема да се венча таму, а церемонијата всушност била наменета за еден сосема непознат португалски пар од Мадеира – Фабио Рамос и Фатима Никол Куња Теишеира.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00