Новак Ѓоковиќ одигра партија тенис со Шарлиз Терон: Ме натера да се напрегнам (ВИДЕО) - Канал 5

Новак Ѓоковиќ одигра партија тенис со Шарлиз Терон: Ме натера да се напрегнам (ВИДЕО)

Додека го чекаше првиот меч на Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ се посвети на тренинзите и слободните активности во САД.

Новак Ѓоковиќ одигра партија тенис со Шарлиз Терон: Ме натера да се напрегнам (ВИДЕО)

Тој исто така играше на хуманитарниот тениски турнир Desert Smash каде ѝ се придружи на актерката Шарлиз Терон. Тенисерот во еден момент ја прегрна познатата актерка.

„Шарлиз ме натера да се напрегнам, но претпоставувам дека тоа беше дел од тактиката. Беше чест да се биде дел од овој настан“, рекол Ѓоковиќ, пренесува магазинот Hola.

YouTube video

Имено, сите пари собрани од хуманитарниот турнир одат за здружението на Charlize Africa Outreach Project, кое им помага на младите во Јужна Африка.

„Јас сум од Јужна Африка и многу сум горда на тоа. Сакав да одржам врска со мојата земја, така што започнувањето на овој проект беше начин да им оддадам почит на сите организации кои прават неверојатна работа во Јужна Африка. Ние веруваме дека младите треба да бидат здрави и да се образуваат“, вели 48-годишната актерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик

Во тричленото претседателство на Босна и Херцеговина ќе има две познати лица, но и еден значаен нов член, а во ентитетите остануваат на власт досегашните партии.

Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик

Ова го покажуваат последните информации за резултатите од општите избори во земјата, на кои се бираше власта на државно, ентитетско и на кантонално ниво, пишуваат босанските медиуми..За изборите беа регистрирани повеќе од 3,4 милиони гласачи, кои избираа членови на државното претседателство, државниот парламент, претседател и парламент на Република Српска, парламентот на федерацијата и собранијата на десетте кантони во федерацијата.

Најследената трка беше онаа за тричленото претседателство на Босна и Херцеговина.Претседателството ги претставува трите конститутивни народи – Бошњаците, Србите и Хрватите – со по еден член избран од секоја од трите изборни единици.

Според изборните резултати, Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратеникот Талевски на Меѓународна конференција во Грузија за јакнење на меѓурелигискиот дијалог

Настанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици,.

Пратеникот Талевски на Меѓународна конференција во Грузија за јакнење на меѓурелигискиот дијалог

Пратеникот и шеф на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарното Собрание на православието, Миле Талевски, кој воедно е и член на Меѓународниот секретаријат на оваа организација, учествуваше на Меѓународната конференција на тема „Цивилизациските основи на Европа - 1700 години од христијанството во Грузија“, што по повод 1700-годишнината од прифаќањето на христијанството во Грузија, се одржа од 2 до 4 октомври 2026 година во Тбилиси.

Настанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици, како и за придонесот на православието во зачувувањето на заедничкото духовно и културно наследство во Европа.

На Конференцијата присуствуваа парламентарци од повеќе парламенти од Европа, од Европскиот парламент, претставници на европски и меѓународни институции, верски заедници како и академската заедница, со цел размена на мислења за европското културно и духовно наследство, христијанските вредности и нивното место во современите демократски општества.

Поздравно обраќање на Конференцијата имаше претседателот на Грузија, Михаил Кавелашвили, кој истакна дека Грузија низ вековите била физички мост меѓу Истокот и Западот, но и жив пример на културна разновидност и хармонично единство на различни народи и традиции.

Пред присутните се обрати и грузискиот премиер, Иракли Кобахидзе, кој оцени дека Грузија преку своето христијанско наследство е историски и цивилизациски дел од Европа, а нејзиниот европски пат го поврза со зачувувањето на традицијата, духовниот идентитет и христијанските вредности.

Воведно обраќање имаше и претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, кој нагласи дека само преку дијалог и соработка, како и преку размена на искуства и ставови за значењето на културното и духовното наследство на Европа, може да се зајакне меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог, како и улогата на парламентите во унапредувањето на демократските и инклузивни општества, особено во контекст на член 17 од Договорот за функционирање на ЕУ и дијалогот меѓу ЕУ и верските заедници.

На Меѓународната конференција се обрати и патријархот на Грузиската патријаршија, Шио Муџири.

Во рамки на Конференцијата се одржаа две тематски сесии. Првата беше посветена на христијанските вредности во Европа во време на кризи, со посебен осврт на член 17 од Договорот за функционирање на Европската Унија и дијалогот меѓу европските институции и религиозните заедници. Фокусот на втората сесија, пак, беше посветен на семејството и традиционалните вредности во креирањето на јавните политики, како и на современите демографски, економски и општествени предизвици.

Единствен беше ставот на учесниците на Конференцијата дека иднината на Европа не треба да се гради само врз политички и економски основи, туку и врз заеднички вредности. Христијанското наследство претставува значаен историски извор на европските идеи за достоинство, правда, љубов, солидарност и одговорност. Посебно беше нагласено дека културната, верската и националната различност може да биде основа за дијалог и меѓусебно разбирање, а не за поделби.

На крајот на Конференцијата беше усвоена и Декларација за цивилизациските темели на Европа и 1700 години христијанство во Грузија, која ги содржи главните пораки и заклучоци од дискусиите.

Во рамките на активностите на пролетниот состанок на ИПС на православието се одржа и презентација на Томот за „Аја Софија - црквите на мудроста Господова низ светот” на грузијски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пензискиот систем е неодржлив поради намалување на придонесите,зголемување на пензиите и демографијата

Фискалниот совет ја презентираше одржливоста на пензискиот систем, со особен осврт на вториот столб. 

Пензискиот систем  е неодржлив поради намалување на придонесите,зголемување на пензиите и  демографијата

Според Благица Петрески од Фајнаенс Тинк, перманетното намалување на придонесите во фондот,зголемување на пензиите и демографијата која го опфаќа засиленото иселување на работоспособното население придонесуваат за неодржливост на пензискиот фонд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер