3Делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на 12-те ваташки младинци
ТенисНовак Ѓоковиќ, наместо на терените, ужива на плажа во Мајами (ФОТО)Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да го зголемува рекордот на АТП листата по бројот на недели на првото место, иако не постигна добар резултат во Индијан Велс и беше елиминиран во третото коло од Лука Нарди.После тоа, Новак реши да не игра во Мајами на Мастерсот во овој град, наведувајќи дека морал да балансира помеѓу професионалните и приватните обврски, објави Телеграф. И покрај тоа, Ѓоковиќ секако отпатува за Мајами, каде што ужива на плажа со својот менаџер Карлос Херера Гомез и пријателот Марко Стилитан. Сите заедно се испливале во океанот, а Новак е снимен и како трча по плажата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО.Карпош: Започна меѓународната екскурзија за талентираните ученици и спортисти од КарпошЗапочна седумдневниот заслужен летен одмор за првенците на генерација и најдобрите спортисти од Општина Карпош. Интернационалниот детски летен камп ,,Каливас” во Грција, кој се наоѓа на крајбрежјето во Метаморфози, Халкидики, од денеска ќе биде побогат за уште неколку талентирани ученици и спортисти од Карпош, кои ќе имаат можност да се дружат и да поминат заедно дел од летниот распуст. Локалната самоуправа финансиски го обезбеди престојот на првенците на генерација, основците од најуспешните спортски екипи во фудбал, кошарка и одбојка за девојчиња, како и индивидуално прогласени ученици-спортисти, за постигнатиот успех во рамки на училишните спортски игри Карпош 2026. Во истоимениот детски камп, Општина Карпош обезбеди неколкудневен престој и за осумте ученички – одбојкарки од Карпош кои го освоија првото место на турнирот кој го организираше Општина Кисела Вода, по повод одбележување на нивниот патронен празник, Св. Ѓоргија. Општина Карпош ќе продолжи да ги поддржува младите умови и да ги наградува, како поттик да продолжат напред со нивното образование и наука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поениНародната банка ја затегнува монетарната политика со зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на 4,25 насто. Одлуката на Извршниот одбор како што истакна од таму, доаѓа во услови на сè уште присутни инфлациски притисоци, геополитичка неизвесност и засилена кредитна активност во домашната економија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на 12-те ваташки младинциДелегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна честПо повод 83 години од стрелaњето на 12-те ваташки младинци, делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна чест. Овој трагичен настан од 1943 година останува еден од најболните симболи на страдањето на македонската младина во Втората светска војна, кога под окупацијата на бугарските фашистички сили, младите животи беа згаснати затоа што во себе носеа идеја за слобода и припадност кон сопствениот народ. Ваташките младинци не се само дел од историјата, туку живо сведоштво за цената што ја плаќале генерации Македонци во борбата за слобода, правда и сопствено национално достоинство. Нивната жртва останува над секоја дневна политика и претставува трајно потсетување дека слободата не се добива лесно, туку се извојува со големи жртви, болка и човечки животи. Во време на нови политички притисоци и обиди за поинакво толкување или разводнување на историските факти, Македонија има обврска да остане доследна и обединета во одбраната на својот идентитет, својата историја и достоинството на својот народ. Движењето ЗНАМ останува цврсто посветено на негувањето на историската вистина и на почитта кон жртвата на македонскиот народ, со јасна порака дека ваквите трагедии никогаш не смеат да бидат заборавени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter